Arsenal vs Manchester United | 12.02.2014; 20:45 | Emirates Stadium

Исход од дербито:


  • Вкупно гласачи
    141
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.949
Поени од реакции
44.624
Возраст
31
Arsenal-vs-Manchester-United.gif


Добродојдовте на темата за денешното дерби, помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Од старт да ви кажам оти темата ја отварам од 2 причини:

1. На никој од домаќините не му текнало да отвори.
2. Моите од фан клуб ми кажаа да седам мирен, па јас еве намерно отварам, во случај да изгубиме да одвлечам малце вниманието и место по Мојс да пцујат по мене. :icon_lol:


Нормално како и за секоја тема, малце да ве упатам во мечот. Меч, кој го носи епитот дерби, едно време додуша беше една од највозбудливите дерби утакмици во Европа, моментално малце е спласнат ривалитетот, но да не должам. Арсенал во мечот влегува како второпласиран со шанса да се врати на врвот после кикот на Челзи вечерва. Јунајтед, појма неам кои се моментално...табелата ми ја дава само до 5то место. Се борат најверојатно за Лига на Шампиони, сигурно ќе им е од големо значење да победат на Емирати и сигурно ќе им даде голема самодоверба за понатаму. Двата тима претходното коло доживејаа дебакли. Арсенал прими петарда од Ливерпул, од друга страна Јунајтед прими гол во Ферги Тајм и изгуби 2 поени дома од Фулам, на чело со Рене.

Искрено, темата повеќе ја отварам ради реда и ради традиција, па моментално не би сакал да погодувам почетни состави, а не знам ни каква е состојбата во Арсенал и кои се надвор од комбинација поради повреда или суспензија. Се надевам само дека Венгер е добро и оти не скршил некое ребро, после помалата од двете незгоди кои му се случија во саботата. За Јунајтед можеби и не е тешко да се погоди првиот тим, бидејќи Мојсо е многу предвидлив од прилика, ама нема да е фер само за нив да пишам. :)


Би напоменал само уште дека во последно време Арсенал игра многу слабо против Јунајтед. Мислам дека имаат само 1 победа на последните 10тина дуели, мечот кога Ремзи го уби Бин Ладен. Друг интересен факт е дека Перси има постигнато голови на последните 5 меча помеѓу овие 2 тима. На 3 од нив во дресот на Јунајтед, а на 2 во дресот на Арсенал. Тоа е тоа во главно, со среќа утре, да гледаме јака утакмица и да победи подобриот.
 
Очекувам лесна победа на манчестер јунајтед, 3-0 отприлика. Иначе анкета си заборавил:icon_lol:

Не знам ни како се прави, ама ќе не гласаат сите што навиваат за Челзи, Сити, Челзи и Сити, Сити и Челзи, некој и од Ливерпул... па нема потреба, ќе ги тепаме таму сигурно. :D
 
Де бе дај потруди се малку, немаш ни состави ни табела ни ништо.
 
Де бе дај потруди се малку, немаш ни состави ни табела ни ништо.

Темата ја отворив чисто колку да има тема за дербито. Да му се отвараше на некој, со состави и табели и се живо и диво ќе имаше веќе 3 дена тема за утакмицава. :)
 
Иксче најубаво за сите. За оние неутралните. Ама повеќе ми оди кон 1.
 
Дај боже Арсенал да добие, еден чекор поблуску до крајот на патетичните Јунајтед, поточно патетичниот Мојс. Срамота е со овој играчки кадар да не можеш да врзаж 2 победи.
 
Де бе дај потруди се малку, немаш ни состави ни табела ни ништо.

Што не отвори ти чим се праиш паметен?Туку сите чекате на готово.
Иначе браво со отвори момак изгледа само тебе ти текнало..
Околу утакмицата според мене нерешено Арсенал е добар оваа година,али ништо чудно и Манчестер да тепа никогаш не можеш да знаеш што може на терен да се деси.
 
Дај боже Арсенал да добие, еден чекор поблуску до крајот на патетичните Јунајтед, поточно патетичниот Мојс. Срамота е со овој играчки кадар да не можеш да врзаж 2 победи.
Едни играчи па шо имаат. Преценетите британски таленти Смолинг, Велбек, Еванс, Клеверли, Јанг па ако ги додадеме Рафаел, Валенсија и Чичарито :rolleyes:
 
Поише ми фуфка од ваков мизерен Јунајтед, него од Баерн.. јебига, паѓаме на психа секогаш со Јунајтед. Се надевам дојдено е времето нештата конечно да се сменат.

Очекувам каква-таква победа. :)


.. и сакам да му го искршат носот на Перси во 90та минута и кога ќе го носат на носилки да погледне како тимот му губи со 3 - 0, 5 - 0.. ете така. No offense. Inner. :X3:
 
Ако Јунајтед не извадат барем икс, тогаш навистина се патетични.
Еве добра можност Мојс малце да си го зголеми тоа малку што му остана од интегритетот.
 
0:0 по тешка и мачна битка, 20 минути продолжение, три црвени за Арсенал - Озил, Мертесакер и Кошчелни; три црвени за Мојсчестер - Руни, Мата и Јанужај. Не барам повеќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom