ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.949
- Поени од реакции
- 44.624
- Возраст
- 31

Добродојдовте на темата за денешното дерби, помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Од старт да ви кажам оти темата ја отварам од 2 причини:
1. На никој од домаќините не му текнало да отвори.
2. Моите од фан клуб ми кажаа да седам мирен, па јас еве намерно отварам, во случај да изгубиме да одвлечам малце вниманието и место по Мојс да пцујат по мене.

Нормално како и за секоја тема, малце да ве упатам во мечот. Меч, кој го носи епитот дерби, едно време додуша беше една од највозбудливите дерби утакмици во Европа, моментално малце е спласнат ривалитетот, но да не должам. Арсенал во мечот влегува како второпласиран со шанса да се врати на врвот после кикот на Челзи вечерва. Јунајтед, појма неам кои се моментално...табелата ми ја дава само до 5то место. Се борат најверојатно за Лига на Шампиони, сигурно ќе им е од големо значење да победат на Емирати и сигурно ќе им даде голема самодоверба за понатаму. Двата тима претходното коло доживејаа дебакли. Арсенал прими петарда од Ливерпул, од друга страна Јунајтед прими гол во Ферги Тајм и изгуби 2 поени дома од Фулам, на чело со Рене.
Искрено, темата повеќе ја отварам ради реда и ради традиција, па моментално не би сакал да погодувам почетни состави, а не знам ни каква е состојбата во Арсенал и кои се надвор од комбинација поради повреда или суспензија. Се надевам само дека Венгер е добро и оти не скршил некое ребро, после помалата од двете незгоди кои му се случија во саботата. За Јунајтед можеби и не е тешко да се погоди првиот тим, бидејќи Мојсо е многу предвидлив од прилика, ама нема да е фер само за нив да пишам.

Би напоменал само уште дека во последно време Арсенал игра многу слабо против Јунајтед. Мислам дека имаат само 1 победа на последните 10тина дуели, мечот кога Ремзи го уби Бин Ладен. Друг интересен факт е дека Перси има постигнато голови на последните 5 меча помеѓу овие 2 тима. На 3 од нив во дресот на Јунајтед, а на 2 во дресот на Арсенал. Тоа е тоа во главно, со среќа утре, да гледаме јака утакмица и да победи подобриот.