Од сите коментари на темава мислам дека овој најблиску ја опишува серијата. Забавна е, ама мора да и прогледуваш и тоа многу. Мене не ми смета толку тоа избегавањето куршуми и пиење рицино. Проблемот е нивото на серијата. Она кога Оливер ни објаснува: дојдов да направам тоа и тоа, моите не знаат и никогаш не смеат да знаат.... уште да земе молив и хартија и да ни нацрта.
Последна серија со која имав ваков проблем беше "V". Ја гледав од почеток до крај, ама кога ќе застанеше Ана со тој заменикот и ќе почнеше: ќе изјавам вака, глупиот народ ќе помисли ова и ова и тогаш ќе ја оствариме нашата цел... Проследено со злобна фаца

. После секоја одлука обавезно ни се објаснуваше нејзината намера иако беше болно очигледна.
Па добро бе мајкуму, може ли нешто да сконтаме сами, па макар и згрешиле? Мора ли се да ни се црта? Ова како ми иде, оди епизодата до некаде и одеднаш: пауза за објаснување. Уште фали Оливер да почне да не прашува што сме сконтале до сега и да ни даде прашања од типот „заокружи го одговорот“.
Не сум дојден да ја хејтам серијава, само ми е мака кога ќе видам убава идеја упропастена. Ми се допаѓа камерата од сцените на островот најмногу, другото е така-така, многу бетменовски.