АРЕА unpluged во Универзална сала - 16.04.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Друже тоа не е вадење. Тоа е евергрин. Тие песни биле, се и ќе бидат хитови. Тоа е нешто што има вредност и што трае.
 
Ејјјјјј ова со братучетка ми у прв ред, ќе скокамееее:vozbud:
Нема проблем, не ме рачунај мене.Па и на Моника кога ке и кажам дека не ја рачунаш...
Иначе бешов пред нова година кога свиреа на плоштад и уште тогаш го најавија па јас уште од тогаш го чекам и го чекам и го чекам....кај да е ке го дочекам :smir:
 
.
На видеото погоре можете да видите што отприлика би се свирело и како би звучело во универзална тоа.
 
Ја имав честа вчера да пијам кафе со Ружица, службено :pipi: Прекрасна личност, исто како што е прекрасен вокал. Едвај чекам да дојди 16ти април :wink:
 
Ја имав честа вчера да пијам кафе со Ружица, службено :pipi: Прекрасна личност, исто како што е прекрасен вокал. Едвај чекам да дојди 16ти април :wink:

Следниот пат кажи и да направат прав рок концерт на саем, кај шо ќе може сите да рокаме:smir:
 
Карти каде ќе има? и колку?
 
Во продажба билетите за концертот на "Ареа"

Од денеска, март во продажба ќе бидат пуштени влезниците за концертот на "Ареа". Култните рокери од Гостивар ќе одржат анплагд концерт во Универзалната сала на 16-ти април.
По седумгодишна концертна пауза, "Ареа" на овој концерт ќе се претстават во "анплагд" варијанта, придружувани од гудачки квартет и со многу гости. Покрај песните од актуелниот албум "Се што сакам си ти", ќе ги слушнеме и старите хитови "Сите мои слики", "Нешто недостасува", "Ти си ми пријател", "Врати на имагинација"...
Влезниците се продаваат на билетарата на Универзална сала, "Југотон", цвеќара "Розе" во "Веро 2" и "Камарад" во "Рамстор", по цена од 300 денари. (М.Џ.)

Извор: ВЕСТ
 
:vozbud: Зашто не сум во Скопје да потрчам по карта.
 
Штета што нема да можам да одам!:uvo::uvo:
Имаат мои другарки претстава во Салон 19 19 и некако тоа ми е поважно!:smir:
 
300че?! Топои!!! Ја мислев дека над 500 ќе биде. Идемо! :)
 
Одлична цена.
А,денеска баш бев во Југотон ми рекоа дека уште нема карти..
 
Хаха, кога се видело во Југотон да има карти веднаш откако соопштат во весниците дека картите се пуштени во продажба. Трепение, спасение. Се во свое време и слични мантри :)
 
Чуствувам ќе биде волшебно! Викендов идеме по картииии !!!
Од кога веќе го чекам овој настан! :cuc:
 
Нешто што не се пропушта! Освен тоа, картите се премногу евтини за ваква институција како АРЕА. Конечно по долго време да ги видиме назад. :)

Unpluged. :vozbud:
 
Да најдам друштво (друштво од една личност е сосем доволно) и идам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom