Апсурдите на атеизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Најголем апсурд би бил кога некој се врзува за некое убедување и став без да се преиспитува нималку затоа што работите му изгледаат така очигледни. Во ред, не треба да се верува по секоја цена, но може да се има доза здрав сомнеж. Здрав сомнеж, не сомнеж што ќе направи несигурна личност од некого. :smir:
 
Ме зафркаваш нели..?! Кружна плоча...?! Да не била во форма на ЦД..
Нема врска најоргиналниот збор во македонскиот јазик би бил преведен какао свод..
Се работи за кружна форма на земјата..

За второто објаснувањето би било..гравитација

Гледаш како лесно се менуваат зборови и се поврзуваат со концепти кои во суштина немаат никаква врска. Не ти одговара круг, па стана свод. Мики додава ортогонално толкување на цитатот и кругот станува сфера.

Остана уште кошињата, границите, темелите и столбовите да ги поврзете со сфера и гравитација и таму сте.
 
Се е во преводот..Isaiah 40:22 "He sits enthroned above the circle of the earth." The original Hebrew for circle is "sphercity or roundness."
 
Се е во преводот..Isaiah 40:22 "He sits enthroned above the circle of the earth." The original Hebrew for circle is "sphercity or roundness."

A што стана со безгрешноста на преведувачите и препишувачите (стара дискусија). Според аргументот на почетокот била сфера, па на некој не му одговарало и напишал круг.
А бидејќи друг го препишувал / преведувал останатиот дел од Библијата, ги оставил кошињата и ивиците.
Кога ќе се спојат сите цитати заедно испаѓа дека: Земјата е кружно аглеста сфера со ивици поставена на темели и столбови што не виси на ништо.
 
Нормално е да има варирања на преводот од јазик до јазик..преведи го ти ова на ескимиси(пример)..најважно е да не се губи значењето на пораката во преводот..Единствено ако некој не сака да го признае она што е запишано и бара недостаоци...пробај да го прифатиш библискиот стил на изразување на писателите, кои не биле научници.
 
Нормално е да има варирања на преводот од јазик до јазик..преведи го ти ова на ескимиси(пример)..најважно е да не се губи значењето на пораката во преводот..

Тука баш се губи значењето. Имаш убав збор (сфера, сферичност) и го заменуваш со круг. И одеднаш земјата не е слична на Топка туку на Фризби.

Инаку семантички roundness важи за 2 димензии, а sphericity за 3. Така да ако еврејскиот збор во превод е roundness, пак имаме проблем :)
 
Abe vaka Gospod go sozdal covekot spored negoviot obraz. Za toa se soglasuvam deka e taka. Biblijata kazuva deka se sto postoi na zemjata e sozdadeno pred 6000 godini. Epa ako e taka togas od kade se site tie koski pronajdeni od dinosaurusi koi se stari i po 60 milioni godini? Pozdrav.
 
Проценката, заснована на Писмото, следејќи го родословот Христов до Адам, плус овие 2 000 г по Христа, вели дека Вселената е стара цца 8 000 г. Во родословот не влегуваат имиња од генерации, кои со совеото недолично однесување не заслужиле да се дел од Писмото, т.е. родословот па таа цифра од 8 000 е проценка но не и догма.
А тоа дека саурусите изумреле пред 60 милиони години, тоа е апсурд на здравиот разум. Поддржувачите на еволуцијата „маваат„ толкави јаки цифри, се со цел да покажат дека, наводно, во толку голем временски распон, и би можело да се случи некој јако бавен еволутивен процес, кој е тешко забележлив кај генерациите кои се временски блиски, но би можел (???) да се појави ако меѓу генерациите постои голем временски јаз.
Така, тие две цифри меѓусебно се исклучуваат. На форумов, подоста е дискуирано за тоа прашање, особено на темата „зошто религијата се меша во науката„ па прочепкај малку по тој дел од форумов.
 
Тука баш се губи значењето. Имаш убав збор (сфера, сферичност) и го заменуваш со круг. И одеднаш земјата не е слична на Топка туку на Фризби.

Инаку семантички roundness важи за 2 димензии, а sphericity за 3. Така да ако еврејскиот збор во превод е roundness, пак имаме проблем :)

Немаме проблем освен ако сакаме да го измислиме. Писмото не е егзактна наука. Можеш и сам да видиш дека во Писмото не е спомената ниедна формула, ниедна година, онака како ние денес се ориентираме низ времето. Писмото е пишувано со едноставен речник, кој со својата едноставност објаснува сложени категории. Неслучајно Христос често користи параболи/приказани, за да биде рзбран од неговите слушатели.
Сосема поинаква ти е состојбата со философиите: филососфите (посебно Кант, Лајбниц, Хегел енд компани) користат страотно сложен израз, сметајќи дека на тој начин ќе ги објаснат едноставните работи. А всушност го постигнуваат спротивниот ефект: нивната философија е неразбирлива дури и за јако интелектуалните филосоофски кругови.
 
Атеизамот е крив за војните во светот , за гладта во Азија и Кина , за големата невработеност , за многуте пропаднати , а надежни млади луѓе , за сите природни непогоди , за скокањето на нафтата , за сета мизерија на овој свет .. за се е крив атеизамот и неверувањето во ВИСТИНАТА !!!

Знаете , да бевме сите христијани , колку розов ќе беше овој свет ?? не сте свесни , Бог ќе беше со нас овде , сите ќе играме во круг околу него и ќе пееме песни .. заради атеистите , неверниците и глупите додатоци во форма на жена ( мораше Ева , мораше ) сега го кркаме .. а Господ си вика , за овие им нема спас ... јгб , дајте нов Сончев систем ...

Молам ??? Џихадот ( религијата ) е своевиден атеизам за тебе ? Или некои ја злоупотребуваат истата и рушат згради во Америка , обезглавуваат луѓе пред камери , се самоубиваат со 1000 тона диманмит на нив помеѓу невини луѓе и тн и тн , тоа е атеизам , или злоупотреба и користење на поимот религија , за да еден ден истите одат во Рајот .
Америка е атеистичка земја ? Хмм не би рекол , Буш атеист е ? Не би рекол .
Ај потсети се на крстоносните војни . . . човече
Ај малце размисли па кажи ми , како тоа атеизмот е крив за гладот во Африка , за болестите во таа земја и тн и тн .

Дај бе не пишувај вакви непромислени постови кои на 100 начина можат да бидат демантирани .
 
Немаме проблем освен ако сакаме да го измислиме. Писмото не е егзактна наука. Можеш и сам да видиш дека во Писмото не е спомената ниедна формула, ниедна година, онака како ние денес се ориентираме низ времето.

Во случајов Господ бил во право. Рекол сфера, нели?
И потоа некој го сменил Зборот на Господ и рекол круг. Тој што го сменил бил обичен смртник, преведувач.

Писмото не е ниту егзактно ниту наука, но нели беше грев да се менува Зборот на Господ.

Писмото (за некои) е духовна вистина и како такво нема потреба да се спојува со науката. Не се спомнува ниедна година, а ја датираш земјата според писмото како стара 8000 години (обид за егзактност???). Ако Господ е безвременски тогаш Првиот Ден можеби и не траел 24 часа.
 
1. Незнабожци се колективи/народи и поединци кои сеуште не го сретнале вистинскиот Бог, односно луѓе и поединци кои самите го кројат нивниот бог, онака како нив им одговара и со тоа, запаѓаат во идолопоклонство.

2.Џорадно и сличните, биле запалени на клада не затоа што погрешно учеле, туку поради лошо протолкуваните стихови во Писмото. Во Писмото, никаде не пишува дека Земјата е рамна или дека ја носат некакви животни. .

1 . Значи аналогно со Библијата и нејзиното учење , членовите на некое индијанско племе покрај Амазон би гореле во Пеколот само поради тоа што не налетале на некоја Книжара во која го има делото наречено '' Библија " , фер е истово ?

2 . Точно ,али никаде не пишува и дека е округла , а Џ.Б. го тврдел истото , за што и бил запален од Црквата . Дали Библијата истото го дозволува , како оној кој ја проповеда Библијата би можел да направи вакво дело , која била целта на Црквата со истото , да сее страв помеѓу обичната раја , и да стави на дознаење дека никој не смее да се дрзне против нејзините догматски учења .

Да се надоврзам на мојот пост претходно , Црквата е таа која е причината за појавата на Атеизмот .
 
Луѓе мои, религијата е убава работа, но мора да сфатите дека едно да веруваш во нешто, а друго е слепо да го браниш христијанството. Има добри принципи и некои работи, ама верувајте ми, боље е да верувам во виша сила отколку во Адам и Ева, воскреснувања и такви работи.

Башка на ViaSat EXPLORER даваат некои добри емисии со еден теолог, и тој истражува некои апсурди на христијанството. На пример, дека апостол Павле и Лука го избришале Исусовото семејство од историјата. И дека Јаков, првиот папа, најстариот брат на Исус не е спомнат никаде. А потомците на Јаков напишале книга, која во оригинал стои во Ерусалим кај ортодоксни свештеници, и таму не фигурира Исус како бог, божествено суштество, туку како пророк. Опасни работи, но прикриени вешто од страна на апостолите и папите во иднина. Темелот на целата религија паѓа во вода, уште во старт.

Се е ветер и магла луѓе мои. За секој апсурд на атеизмот има 10 на христијанството, и на сите други религии.
 
Немаме проблем освен ако сакаме да го измислиме. Писмото не е егзактна наука. Можеш и сам да видиш дека во Писмото не е спомената ниедна формула, ниедна година, онака како ние денес се ориентираме низ времето. Писмото е пишувано со едноставен речник, кој со својата едноставност објаснува сложени категории. Неслучајно Христос често користи параболи/приказани, за да биде рзбран од неговите слушатели.
Сосема поинаква ти е состојбата со философиите: филососфите (посебно Кант, Лајбниц, Хегел енд компани) користат страотно сложен израз, сметајќи дека на тој начин ќе ги објаснат едноставните работи. А всушност го постигнуваат спротивниот ефект: нивната философија е неразбирлива дури и за јако интелектуалните филосоофски кругови.
Едноставниот, простиот и воопштениот јазик има само една цел..да толкувањето може да се прилагоди према случајот и потребата како одговор на незгодните прашања.
Ако е доволно прецизирано тогаш можностите за манипулација се сведуваат на минимум.
 
Ето, некој пак ме цитирал...ц,ц,ц,....

Не е така, Vone. Кога Писмото би било егзактно, тогаш, колкумина од родот човечки би ги исполниле неговите прецизни квантитативни одбедби? Ајде размисли и спореди со, на пример, нормите во фабриките, кои се поставени не според најслабиот туку според најбрзиот, физички најспособниот работник па сите други, кои неможат да ја исполнат нормата, излегуваат по работа папсани. Со Писмото е поинаку, затоа Христос и вели дека „..некои ќе придонесат 30, некои 60 а некои 100...„. Во превод, тоа значи дека на сите ни е дадена способност да се спасиме, но на сите не ни е дадена таа способност подеднакво, иако веќе дадената на секој поединец му е доволна самиот да си ја спаси душата.
Добар пример за тоа се Светителите, кои се малку на број во однос на огромното мнозинство верници, кои најверојатно е дека нема да ја стекнат светоста од било кој светија, но и тоа за нив ќе биде доволно. Светите велат дека и во Рајот, нема сите да бидат со иста светост, но и најмалиот во Рајот ќе биде задоволен со својата состојба и нема да бара ништо повеќе оти нема ни да му биде потребно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom