Апсурдите на атеизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
1. Тоа ти не го кажуваш али тоа го кажува библијата. + нели тие што не се имаат покајано и не го прифаќаат Господ за свој бог немаат место во кралството господово? Што бара тогаш да им суди на незнабошците и на паганите и на останатите што ги наброја под 2?

2. Види види имало цела хиеарархија на судство пред рајот. Значи ако си паган одиш во Осовен суд Горно Скопје, ако си верник али си правел злодела но си се покајал ќе одиш во Суд за прекршоци и ова се ти го има кажано некој што го пуштиле на условно на земјата? :pos2:

3. Исус „не“ ги делел туку им рекол „Ако не си со мене против мене си“? Тоа не е делење? Згора на тоа самиот ги терал своите следбеници против останатите не ни оставил простор за неутралност со тоа што останатите луѓе ги сметале за свои противници.

Ова ти ги интерпретирам твоите зборови само и зборувам САМО според твоите зборови во претходниот пост со мала доза на сарказам во втората точка. :)
А да и исто ме интересираше на кој суд одат новороденчињата кои починуваат кратко после породувањето што не разбираат никаков јазик ни имаат развиено самосвест?
Исто така како успева да се снајде Исус со толку мртви во ист ден или и таму е бирократија па си земаат сите бројче и си чекаат пред нивниот шалтер :)
Ќе ти оставам ако ти требаат ден-два да исконтактираш со твоите врски на небото за да можеш да ми дадеш конкретен одговор не се секирај :wink:

Кон болтуваното, по редослед:

- Христос ќе дојде да ни суди на сите, оти Он го созаде човекот (човечкиот род) и Он првиот пат дојде за да не повика сите на покајание а не само овој или оној народ.
-не, тоа не е делење, туку можност за избор. А изборот е секогаш личен и слободен.
- православието не познава неутралност, туку состојба „или-или„.
- никаде не е запишано дека Исус ги сметал другите луѓе за свои протвници, оти Он дојде да ги повика грешниците на покајание а не праведниците. А најголеми Христови непријатели се токму грешниците.
- новороденчињата, ако се крстени, одат дирекнто во Рајот, оти крштевањето го мие нивниот вроден грев па нема причина да бидат судени по ниеден основ. А за оние новорденчиња кои не се крстени, Бог и неговата милост нека им се на помош.
-„...за Бога,се е можно...„ вели Христос, За Него, не е проблем да се „снајде„ со толку покојници во ист ден.
-Ете, искоментирав и без „врски„.

А она кое не е болтувано, нормално дека не е ни вредно за коментар.
 
Да, атеизмот нема апсурди-атеизмот сам по себе, целиот е апсурд, кој сите прашања ги разрешува на начин кој е сведен на самозалажување.
1. Незнабожци се колективи/народи и поединци кои сеуште не го сретнале вистинскиот Бог, односно луѓе и поединци кои самите го кројат нивниот бог, онака како нив им одговара и со тоа, запаѓаат во идолопоклонство.

2.Џорадно и сличните, биле запалени на клада не затоа што погрешно учеле, туку поради лошо протолкуваните стихови во Писмото. Во Писмото, никаде не пишува дека Земјата е рамна или дека ја носат некакви животни. А Џордано доаѓа од Црква која не се нарекува поравославна, туку римокатоличка и која е позната по своите произволности и арбитрарности, кои немаат блага врска ни со Писмото ни со реалноста.
На првото се одговара со твој речник...апсурд е што сеуште и опстојува религијата...сите прашања ги решава со раскажување една те иста бајка.
1. Само тебе те чекаат да им го покажеш патот!
2.Ако и православието нема призволности незнам кој има....па 1001 православна црква има..по неколку календари работат...мегусебе не се признаваат и очи си вадат....ептен голема слога?!????
 
Постов ќе го сметам само како азбучно непознавање на христијанската вера...
 
Да, атеизмот нема апсурди-атеизмот сам по себе, целиот е апсурд, кој сите прашања ги разрешува на начин кој е сведен на самозалажување.

Whatever makes you sleep at night...

Подобро да ги разрешам отколку да чекам некој да дојде да ми ги реши, како што предлагаш ти.
 
Атеизамот е крив за војните во светот , за гладта во Азија и Кина , за големата невработеност , за многуте пропаднати , а надежни млади луѓе , за сите природни непогоди , за скокањето на нафтата , за сета мизерија на овој свет .. за се е крив атеизамот и неверувањето во ВИСТИНАТА !!!

Знаете , да бевме сите христијани , колку розов ќе беше овој свет ?? не сте свесни , Бог ќе беше со нас овде , сите ќе играме во круг околу него и ќе пееме песни .. заради атеистите , неверниците и глупите додатоци во форма на жена ( мораше Ева , мораше ) сега го кркаме .. а Господ си вика , за овие им нема спас ... јгб , дајте нов Сончев систем ...
 
Претпоставувам дека постов си го напишал на мајтап, но сигурен сум нека немаш поим колку вистини има во него. Ај, за секој случај, прочитај се самиот себеси уште еднаш и спореди со она кое е очигледна вистина во светот, а која самиот ја имаш споменато во постот.
 
Во Писмото, никаде не пишува дека Земјата е рамна...

"Ја постави Земјата на нејзините темели, никогаш не може да се помести."

"Каде беше кога ги поставив темелите на земјата."

"Ја тресе земјата од местото и ги поместува нејзините столбови."

"...ќе ја фати Земјата за границите и ќе ги протресе неверниците."

"И после овие нешта видов четири ангели како стојат на четирите „кошиња“ на Земјата."
 
... и така, почитувани форумџии, дојдовме до заклучокот дека Земјата, у ствари, бира рамна...
 
... и така, почитувани форумџии, дојдовме до заклучокот дека Земјата, у ствари, бира рамна...
Грешка.......не дојдовме до заклучок..
Изгледа тој што ја пишувал библијата тој ден не си ги измил ушите па погрешно слушал што му диктираат....:vozbud:
 
... и така, почитувани форумџии, дојдовме до заклучокот дека Земјата, у ствари, бира рамна...

Кога читам за темели, столбови, граници и ќошиња прв облик на кој што помислувам е СФЕРА.
 
Кога читам за темели, столбови, граници и ќошиња прв облик на кој што помислувам е СФЕРА.
Јас веќе ги постирав овие цитати ама изгледа ќе морам повторно..
Те потсеќа ова на сфера...?

Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.

Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него.
 
Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него.

Кругот е 2Д фигура. Значи во цитатот се предложува кружна плоча, наместо претходно наведената аглеста плоча.

За релевантноста на Северот и празнината со СФЕРА (која во моментов не ја гледам) треба да ми го посочиш бројот на цитатот за да го прочитам целиот контекст пред да коментирам.
 
Атеизамот е крив за војните во светот , за гладта во Азија и Кина , за големата невработеност , за многуте пропаднати , а надежни млади луѓе , за сите природни непогоди , за скокањето на нафтата , за сета мизерија на овој свет .. за се е крив атеизамот и неверувањето во ВИСТИНАТА !!!

Знаете , да бевме сите христијани , колку розов ќе беше овој свет ?? не сте свесни , Бог ќе беше со нас овде , сите ќе играме во круг околу него и ќе пееме песни .. заради атеистите , неверниците и глупите додатоци во форма на жена ( мораше Ева , мораше ) сега го кркаме .. а Господ си вика , за овие им нема спас ... јгб , дајте нов Сончев систем ...
ОК, не знам дали постов ти е сериозен или не, ама преиспитај се малце...Дали атеизмот е причина за војните во светот или обратно?? Дали (еве и конкретно) Арапите ја бомбардираат Америка бидеки Американците НЕ веруваат во Господ? Која е предноста воопшто да си христијанин? Припаѓаш негде? Не работиш за Велигден? Е за мене уопште религија е уште еден начин да не поделат нас луѓето и да не насочат еден против друг...ете затоа сум бил и че бидам атеист. позз:smir:
 
Кругот е 2Д фигура. Значи во цитатот се предложува кружна плоча, наместо претходно наведената аглеста плоча.

Ме зафркаваш нели..?! Кружна плоча...?! Да не била во форма на ЦД..
Нема врска најоргиналниот збор во македонскиот јазик би бил преведен какао свод..
Се работи за кружна форма на земјата..
За релевантноста на Северот и празнината со СФЕРА (која во моментов не ја гледам) треба да ми го посочиш бројот на цитатот за да го прочитам целиот контекст пред да коментирам.
За второто објаснувањето би било..гравитација
 
Ајде малку геометерија.
Ако едно топчесто тело го гледаш од било која страна, како ќе ја видиш неговата тродимензионалност? Никако-тоа од сите страни изгледа КРУЖНО, има кружен облик, чија трета димензија не е забележлива. Во дводимензионалната геометрија од Евклид, но и било кој античкогрчи математичар, кругот е совршена фигура, каде сите точки од нејзината кружница се подеданкво одалечени од центарот на кружницата. Истото важи и за топката; и кај неа, сите точки од сверната површина се подеданкво оддалечени од нејзиниот центар.
Со коцката на пример, е друга ситуација, Кај неа, перспсективниот поглед лесно ни ја укажува нјезината тродимензионалност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom