Априли-ли-ли! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата pirlo21
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра првоаприлска шега?


  • Вкупно гласачи
    165
Болт истрча 6.91 на митингот во Женева

Ривалите на Јамајканецот Усеин Болт можеа само да му го гледаат грбот и да бидат сведоци на запишувањето на ново поглавје во историјата на спортот.

Болт направи огромна разлика пред конкурентите, но наместо да заврши со лесно трчање за уште една победа, како кога го постави рекордот на Олимпијадата во Пекинг, екстра брзиот Усеин со уште поексплозивен спринт ја заврши трката поставувајќи нов рекорд од 6.91 секунди, кој е за цели 2.78 секунди подобар од претходниот рекорд кој изнесуваше 9.69 секунди, и беше токму во негова сопственост.

Американецот Валтер Дикс беше втор, додека трет на целта заврши Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго.
„Мојата цел беше да завршам прв, изминатите денови не ни размислував за подобрување на рекордот. Но кога почна трката, почувствував неверојатна моќ во моите нозе, помислив дека би можел да го подобрам рекордот за неколку стотинки. Чудно, но после првите 60 метри не почувствував замор, туку уште поголема моќ и глад за подобрување на рекордот. На крајот завршив со време 6.91, што и мене ме изненади, и по ваквиот голем успех мислам дека не би зажалил и да се откажам од трчањето“ - изјави веднаш по трката најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт.

„Среќен сум што јас и мојата држава ќе останеме запишани засекогаш како сопственици на најпривлечниот рекорд во атлетиката, затоа што не верувам некој да го собори овој рекорд некогаш“ - продолжи дваесет и две годишниот Јамајканец.

Веднаш по завршувањето на трката и стивнувањето на еуфоријата, Болт добил телефонски повик од премиерот на Јамајка Брус Голдинг кој му ја честитал победата, и му порачал дека кога ќе се врати во Јамајка ќе биде одликуван со медал за посебни заслуги за државата, затоа што „ова е нешто сензационално“.

Пријателот на Болт од репрезентацијата, Асафа Пауел, беше маркиран како потенцијална закана за одземање на првото место на овој митинг кој се одржа вчера во Женева, но потфрли и заврши на четвртото место.
Еве ја табелата на рекордите на 100 метри во историјата.

6.91 У. Болт, Женева 2009
9.69 У. Болт, Пекинг 2008
9.72 У. Болт, Њу Јорк 2008
9.74 А. Пауел, Риети 2007
9.77 А. Пауел, Атина 2005
9.79 М. Грин, Атина 1999
9.84 Д. Бејли, Атланта 1996
9.85 Л. Бјурел, Лозана 1994
9.86 K. Luis, Токио 1991
9.90 Л. Бјурел, Њу Јорк 1991
9.92 К. Луис, Сеул 1988
9.93 К. Смит, Колорадо 1983
9.95 Џ. Хајнс, Мексико 1968

Болт ја заврши изјавата за медиумите со зборовите дека се откажува од понатамошно подобрување на рекордот, барем во наредните две години.

http://kajgana.com/statija_6638.html
 
ајде сега сите брзо да провериме дали има туѓи слики во нашите профили:pos2:
 
заебават овие :), прво ги лажат луѓето дека Усеин Болт истрчал за помалце од 7 секунди, сега и ова :) .... појќето верват ви оди :)
 
Манчестер Сити пред банкрот

manchestercity-sodrz.jpg

Најголемата финансиска сила во фудбалот Манчестер Сити утринава објави дека групацијата Абу-Даби која е сопственик на клубот, се наоѓа пред банкрот.


Тројцата шеици кои го поседуваат Манчестер Сити пред само половина година имаа вкупно богатство од 120 милијарди долари, но оттогаш работите тргнаа наопаку за тајкуните.

Шеикот Абдул Абдул III се разведува од деветте жени кои ќе добијат вкупно 62 милијарди долари, а шеикот најверојатно ќе се повлече да живее сам во изолација, со цел, како што самиот вели „да се исчисти духовно и телесно, без расипаноста на парите и распуштеноста“.
Неговиот партнер во групацијата Абу-Даби, Мехмет Ерџан западна во финансиски проблеми поради големиот број на инвестиции во разни фирми низ светот, кои заради светската економска криза пропаѓаат со вртоглава брзина.

Манчестер Сити уште од утре ќе почне да ги крати трошоците со цел да опстане што подолго до амортизирањето на целата ситуација, со тоа што ќе ги намали платите на играчите за половина, а за време на натпреварите нема да им биде дозволено да ги менуваат дресовите со играчи од противничкиот тим, заради недостиг на резервни дресови.


http://kajgana.com/statija_6637.html
 
Незнам за вас, ама кај мене уште стојат измешани фотографиите... Кај вас е сигурно океј? Читам по блогови дека кај одреден број на корисници полека почнаа да се средуваат работите, но сеуште има околу 69 милиони корисници кои пријавуваат туѓи фотографии на својот профил.
 
Хах, пред да ја отворам темата, се зачудив.
 
Хахаха, кај мене сеуште се на место фотките... :)
 
А кај мене е први април. Или програмерите и датумот ми го изместиле?
 
Е фала богу редно време беше.
 
Кај мене се` е испомешано:nesvest:... :uvo: И имам нови фотографии од некои си цури!
 
Ооооооо топоини бе, ми се допаѓа шо у последно време доста звучни имиња се прошетаа у МК па и ќе се шетаат...Али, да не е ова првоаприлска шега? :pos2:

Де бе секоја вест објавена на денешен ден и секој кажан збор мора да се лага?! :)
 
АПРИЛИЛИЛИИИ!!!! дај не зезај Ацид, пошо 6.91 не е можно!!!!:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom