Априли-ли-ли! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата pirlo21
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра првоаприлска шега?


  • Вкупно гласачи
    165
не е точно ова у барса иде хахаха aprililileleieleielleieielelele :d
 
Програмерска грешка во системот на Фејсбук - Кој е кој?

Програмерска грешка во системот на Фејсбук синоќа доведе до мешање на фотографиите помеѓу профилите на 190 милиони корисници. Добра вест: можете да ги избришете оние кои не се ваши.

Во последно време работите за популарната друштвена мрежа не се одвиваат во посакуваната насока. Најпрво, по редизајнот на почетната страница на сервисот, милиони корисници го искажаа своето незадоволство, барајќи го назад стариот Фејсбук. Но, ова не е ништо во споредба со синоќешната незгода кога поради грешка во системот дојде до мешање на сите фотографии во базата на Фејсбук, па 190 милиони корисници утрово останаа зачудени кога во своите профили ги дочекаа фотографии од сосема непознати луѓе.

Од Фејсбук ги тешат корисниците дека постои можност проблемот да биде решен во наредните неколку дена.

http://kajgana.com/statija_6632.html
 
NpiX - мобилен со 20 мегапиксели

npix-sodrz.jpg

Војната на пикселите продолжува. Камера со 20 мегапиксели и Carl Zeiss оптика која поддржува снимање во комплетен HD формат. Ова се главните атрибути, кои го красат новиот NpiX мобилен телефон од SmartCell.

Иако новиот SmartCell NpiX го има позајмено истиот конзервативен изглед од неговите претходници од N серијата (SmartCell N6600 и SmartCell N3250), тоа што навистина ќе ги привлече купувачите не е дизајнот, туку револуционерната камера.


Иако точните спецификации сеуште остануваат непознати, од блогот на Херман Лиме, главниот инженер кој работи на развој и приспособување на оптиката на овој мобилен телефон - дознаваме дека телефонот има димензии од 110 х 49 х 11.7 милиметри, тежи 99.8 грама, поддржува 3G, HSDPA и има FM радио со RDS. NpiX нуди и ауто ротација на дисплејот благодарение на вградениот акцелерометар, како и геотагирање, со помош на базните станици кои ја одредуваат приближната локација.


Според Херман Лиме, телефонот располага и со гласовно фотографирање, функција која се покажа како вистинска потреба после растечкиот тренд на фотографирање во тоалети за потребите на социјалните мрежи од типот на Hi5 и Facebook. Според Лиме, новиот NpiX ќе може да се закачи околу врат И да се фотографира со гласовна коменди (како zoom, shoot, delete и тн.) без тој да оствари никаков контакт со вашите дланки.


Цената сеуште не е позната, но за телефон кој со своите оптички перформанси би можел да му парира и не реномираниот Hasselblad фото-апарат, не очекувајте дека ќе може да си го дозволите без соодветна финансиска поддршка.


SmartCell NpiX се очекува да се појави на пазарот до крајот на летово. Своето официјално деби најверојатно ќе го има на саемот за фотографика, кој ќе се одржи од 11 до 17 јули во Берн.


http://kajgana.com/statija_6634.html
 
Чуда на еволуцијата: Пингвини кои летаат

Тери Џонс, човекот кој посвети добар дел од својот живот на Антартикот, конечно го најде тоа што го бараше цели 12 години. Колонија на пингвини кои летаат. Погледнете го видеото.
 
BMW Z0 за 2.990 евра

BMW го најави моделот Z0, кој како што велат од компанијата, е создаден за сите вљубеници во овој автомобилски бренд, кои досега не можеле да си го дозволат (со други зборови - возеле Југо).
bmw-z13-455.jpg

И покрај зачудувачки ниската цена. Моторизацијата на Z0 нема да биде многу богата, но моторот со зафатнина од 1.000 ccm, покрај високите перформанси ќе овозможи и одлична економичност и ниска емисија на издувни гасови.
Според германскиот авто-магазин „Гефрод Ауто“, потрошувачката на автомобилот ќе биде од само 2.8 литри на 100 километри. Сосема доволно, зарем не?
bmw-z13-4551.jpg

Ова се првите рендер-фотографии на конечниот изглед и верзијата која на пазарот би требала да се појави на пазарот најдоцна до први април наредната година. Сосема логичен потег на компанијата, која ги будно ги следи економските текови на пазарот низ светот (читај - кризата) и се адаптира во согласност со побарувачката.
Предвидената цена од 2.990 евра се однесува на азискиот пазар, а истата може да варира од 3.850 до 4.900 евра за европскиот пазар, поради безбедносните норми кои налагаат воздушни перничиња за возачот и совозачот, ABS, како и контрола на стабилност.


http://kajgana.com/statija_6635.html
 
Убаво звучи ова, дека ќе биде ефтин достапен за сите, али да бидам искрен многу и е лоша каросеријата.
 
Фантом каде си бате!?!


Ај едно клуче за темава!!!
 
Од тата нано е дефинитивно подобар... Исто така и од Југо, Даихатсу и сите кинески срања. А и цената е доста прифатлива, ако го оствари ова БМВ со сигурност ке го гледаме по нашите улици :vozbud:
 
Kамера со вграден телефон :)
 
Да веќе јас имам купено вакво количе, минатиот 1ви април :pos2:
 
Pendulum во Струга!

По минатогодишниот одличен концерт на Лени Кравиц во Охрид, промотерската куќа Авалон за ова лето најавува уште едно сензационално име. Овој пат станува збор за Драм ’н’ Бејз составот Pendulum кое би требало да настапи некаде кон средината на Август на плажата Изгрев во Струга.

pendulum.jpg


“Пресреќни сме што конечно успеавме да ги донесеме Pendulum во Македонија. Ова ќе биде нивен прв настап овде, а се надеваме не и последен.“ - изјавија од Авалон.

Инаку Pendulum е Драм ’н’ Бејз бенд основан во 2002 година во Австралија (сега живеат и работат во Велика Британија) и се до денес нивната музика е во се поголем подем. Инаку бендот го сочинуваат 6 члена и тоа: Rob Swire, Gareth McGrillen, Perry ap Gwynedd, Paul Harding, Paul Kodish и Ben Mount.
До сега имаат издадено 3 албуми: Hold Your Colour (2005), In Silico (2008) и Jungle Sound Gold (2006).

pendulum-hold-your-colour.jpg


Повеќе информации околу времето на настанот и цената на влезниците ќе добиете наскоро.


- Епа ајде луѓе, ни се спрема одлично лето. Да се подготвиме за лудување. :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Ооооооо топоини бе, ми се допаѓа шо у последно време доста звучни имиња се прошетаа у МК па и ќе се шетаат...Али, да не е ова првоаприлска шега? :pos2:
 
ова сериозно или за априлилили е :) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom