Релативно добро избалансирани телефони, ќе пренеснам искуство и мислење за 6s.
На старт со 10.2 верзијатa на софтвер, телефонот иако брз при подигање на апликации, имаше ужасни микро-статер моменти при скролање од десно на лево, и при минимизирање на апликации, и нивно враќање во фул скрин мод.
После последните апдејти 10.3 - перформансите се супер, истите микро статери веќе ги нема скоро ич, а in out/fade out анимациите лагираат само при отклучување на уредот, или откако ќе бидат исфрлени и вратени во меморија - (iOS прави трик кој те лаже дека апликацијата е активна е не е) рилоад на апликации има без малце исто како кај андроид, секојдневно ги гледам.
Дизјанот им касни едно 2 години + и рамките се огромни, па така оние кои го купуваат iPhone пошто е по компактен, всушност не користеле вистински компактен телефон. Димензиите на 6s се споредливи со 5.0'' телефон. Израбоката е исто така одлична, со една замерка на тоа што ако почнеш да го виткаш уредот држејќи го доле десно, и горе лево крцка - како да ќе се одвои дисплејот од рамката - не го очекував тоа.
Скенерот е одличен, брз и прецизен - и има одличен фидбек при притисок, многу стабилно копче и квалитетно изработено, за ова помага и поголемата зафатнина која ја има, и со тоа овозможува поголема стабилност при притискање за разлика од право-аголнестите скенери кај андроид телефони. Прецизен и многу ретко промашува.
Камерата снима звук во моно 96 kbps, (за луѓе со едно уво LOL) пригушен звук како да снимаш од под кебе - катастрофа. Сликите се одлични преку ден, навечер послабо. Видео камерата од друга страна е одлична, повторно преку ден, навечер слабо (нема OIS)
Wi-Fi сигналот е одличен, победен само од Samsung уреди Note4/S7 Edge, разговорите се чисти и јасни - со една мана што на 4G брзини, не е ни приближно брз како S7 edge, со кој вадев едно 90 MBps во урбани средни, со 6s вадам некои 40.
Дисплејот е одлично калибриран - целосна покриеност на sRGB, со тоа што коатинг. т.е. фолијата брзо се лиже, и сега истиот е магнет за отисоци од прсти со ништо живо не се брише. Резолуцијата е генерално ок, но касни доста позади андроид уредите кои одамна веќе имаат и 1440p, резолуција која рака на срце ако уредот нема амолед дисплеј не е обавезна. Сепак со оглед на перформансите на чипсетот, срамота е сеуште овој дисплеј да е 750p.....
Батеријата е одлична ако не е ладно, мене ми се погоди уред со фалична батерија, и кога времето е ладно или уредот ќе се олади истата се празни екстремно брзо, без разлика на овој факт на Wi-Fi и при ниска осветленост на дисплејот, одлично се држи, споредливо со андроид уреди со 3000 mAh батерија, (се додека не гледаш видеа) сепак резолуцијата, големината на екранот - како и ефикасноста на чипсетот имаат удел.
Софтверот е доста испеглан, и константен но има премногу лимитации за да се ужива целосно во него, за скоро се мора да се користи проклетиот iTunes, кој воопшто не го сакам, пиратерија слабо, а и самиот иницијален сетап е далеку по комплициран од оној на андроид уредите, друга голема мана е тоа што нема опција да се покажуваат пасвордите па така ако си напиен, или пример си надвор и рацете ти се заледени и не можеш да куцаш ке се утепаш од промашување и фрустрираш, Има и еден баг заради кој немам опција да спуштам при повици само одговор на повик или да пратам порака, oва ужасно ме фрустира.
Се на се ако го споредам со други хај енд уреди од андроид сферата, подобар (на исто ниво) со нив е само во апдејти, константност, и брзина. На пример S7/Edge, или Oneplus3T, се подобри уреди, иако лично од OP3T не бев задоволен заради големиот број на багови - 5.5'' амолед екран, и споредлива камера/брзина, како и одличен андроид софтвер со милион опции си го прават своетот. За S7 Edge, не ми се ни збори - на друго ниво е.
Не сум пробал ip7, но генерално моето мислење е дека iPhone-те се одлични, но преценети уреди (не зборам за цена) него за тоа што нудат кон еден искусен андроид корисник, за другите корисници ваљда си нудат предности.