Последниот производ на американски Apple, популарниот IPhone 5, кој компанијата го претстави вчера, е за 20 проценти полесен од неговиот претходник, со поголем екран и е широк само 7.6 милиметри. Долгоочекуваниот смартфон за првпат ќе користи 4Г технологија, а во него е вграден и нов А6 процесор, кој според престтaвниците на Apple ќе ги подобри перформансите на телефонот.
Сите досегашни корисници на iPhone ќе мораат да набават нова СИМ – картичка, затоа што „петката“ ќе користи нова, нано-СИМ технологија. Најновиот производ на Apple ќе се најде во продавниците во Европа на 21 септември, а најевтината варијанта од 16 гигабајти ќе чини околу 670 евра. За најскапиот iPhone 5, со меморија од 64 гигабајти, фановите на Apple ќе треба да издвојат 830 евра.
Претставувањето на новиот телефон не помина без критики од „тврдокорните“ Apple корисници, кои коментираат дека во него нема ништо суштински ново и дека компанијата не успеала да го одржи ветувањето дека ова ќе биде најдобриот iPhone досега.
http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2012/09/apple2.jpg
Apple,
кој пред неполн месец извојува голема судска победа против најголемиот конкурент Samsung и доби отштета од една милијарда долари, се соочува со нови судски предизвици. Samsung и HTC тврдат дека ги поседуваат патентите за поврзливост на 4G LTE стандардите се подготвуваат да го тужат Apple, а кинеската компанија GooPhone, која го копираше дизајнот на iPhone 5 пред тој да се појави на пазарот, планира на суд да докаже дека американскиот производител им го украл дизајнот.
Ај сеа да видиме кој краде!