Apple iPhone 5

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе направите промена со појавувањето на новиот Iphone 5 ?


  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
коа више почна да се фалиш на мојот најдобро намерен пост ќе ти објаснам некој работи.. тргнав од себеси затоа што иам 32GB, пун 21.5GB, сакав да објаснам само на луѓето и има многу фактори што влијаат на тоа.. можеш да имаш и милион апликации и лоши мп3ки па да имаш 2GB зафатено а можеш и со неколку квалитетни песни у wav формат па макар биле и 320ka mp3 електронска музика и неколку посериозни апликации да наполниш 7GB.. размисли пред да пишеш :)
добро немам намера да се натегам не зборувај глупости, кога се спомнува цена референта е најмалата кога идеш во салон да купиш кола и прашуваш колку пари е БМВ 5 продавачот нема да ти каже цена на БМВ М5 со фул опрема..
 
па некаде би требало да биде од 600- 650 евра . па ќе видиме што ќе испадне вреди нели ? а дали имате информации дека ќе се појави нов ipod nano ?
 
Kинези го копираа iPhone 5, го претставија, па сега ќе го тужат Apple

Apple во последните неколку години тужи голем број компании поради "кршење" на нивниот патент, а наскоро и тие самите може да се најдат на обвинителната клупа и тоа поради копирање на уред кој сами го патентирале.

Иако оваа компанија сеуште не го има претставено iPhone 5, на интернет се појавија голем број фотографии и видео записи од овој уред со кој добивме претстава како ќе изгледа новиот iPhone на Apple.

Тие информации најдобро ги искористиле во Кина. Компанијата GooPhone го претстави својот нов мобилен телефон GooPhone i5, чиј дизајн е целосно копиран од новиот (неофицијално претставен) iPhone 5, а тој дизајн исто така е и патентиран (но само на кинескиот пазар).

kineski-iphone-statija.jpg

GooPhone најавиле дека агресивно ќе го бранат своето "интелектуално" сопствеништво и дека кога ќе започне продажбата на iPhone 5 во Кина, може да го тужат Apple бидејќи сметаат дека тие први го претставиле овој дизајн и дека ги имаат сите права над него.

Но, голем број експерти велат дека нивното тврдење нема да помине на американските и европските судови, но тешко е да се каже како на целата ситуација ќе гледаат кинеските судови.

GooPhone i5 има четири инчен екран, под екранот има главно копче, од долната страна се наоѓа конекторот, два поголеми звучници и 3.5 mm излез за слушалки. Тоа го прави во потполност идентичен долго очекуваниот iPhone 5, а освен во оперативниот систем (работи на Android), овие телефони се разликуваат i во компонентите (процесор, меморија, камера).

Ако оваа компанија навистина се одлучи на тужба против Apple на кинескиот пазар, и доколку таа тужба ја добие, Apple ќе треба да им плати отштета и дел од продажбата на секој телефон во Кина - и тоа за користење на нивниот дизајн и нивниот патент!

Извор: Themen.mk​
Ѕверови! :D
 
Од колку саат ќе биде презентацијата?
 
Eдвај чекам 5-та да ја видам.:). 4s е спремен за продавање, во одлична состојба ( да не речам како нов клише е веќе) ако има некој заинтересиран нека пише.
 
Колку што знам не објавија дека 5-ката ке илага денес, тоа се само шпекулации на медиумиве поради тоа што на сликата што беше објавена од страна на ејпл пишува 12 Септември а сенката е во форма на 5.. исто така од ејпл најавија и iPad мини.. па преостанува да видиме што ке биде, а може и двете:vozbud:
iphone_5_header-shorter_original.jpg

@Stef_12 Цена? црн/бел?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom