McLovin
Politically Incorrect
- Член од
- 11 август 2016
- Мислења
- 4.265
- Поени од реакции
- 16.666
Види, не си во право. На секое интервју по изгледот се дочекува, по разговорот се испраќа. Ако неговата цела фирма има неофицијален договор дека ќе се облекуваат колку толку кежуал и во нормални граници, не може 20 годишен тинејџер во тренерки да дојде и да е нормално. Влегување со телефон плус водење разговор на истиот, без да поздрави, или најмалку да кимне со глава, не покажува дека детето е без анксиозност и дека има самодоверба - токму обратното. Ако имаш достигнато некоја зрелост, ќе влезеш, ќе поздравиш добар ден добар ден, за интервју сум од толку и толку и тоа е.Ти си бил наивно дете ако мислиш дека си вработен поради твоите зара панталонки. Дечкото шо дошол на интервју ве има сфатено како сериозна фирма по грешка бидејќи во сериозни фирми се игра пинг понг и не знам како мислиш во блејзер да се натега некој шо дошол да покуца код на пауза. Ноншалантно на телефон пред да влезе на интервју без анксиозности и да се препотува, у џорданка, укажува на slav chad. Не знам за кај аплицирал ама да сум на твое место би се подновил со марко поло кошувчиња за да си ја повторно докажеш вредноста оти ликот може да ти ја зема работата само оти може. Ако твојата фирма не потпишува вакви рокстарс на лице место треба да се грижиш за твојата иднина.
Мене ми изгледа дека денешните white collar робови што кранчаат бројки позади бироа не можат да ги преболат оделата односно баш “белите јаки” на хилфигер и ги обвинуваат младите нови робови дека биле незаинтересирани, некултурни и апатични оти дошле на дукс и самба или не дај нели боже широки панталони. Ама “новиве” не “ваљаат”, кажано како секоја претходна генерација до сега без исклучок. Строг дрес код за позиција позади биро без контакт со клиенти а не е нешто сејлс/маркетинг или ако си несреќник банка или некоја биг 4 КПМГ тип компанија што тоа го налагаат за повеќе да им веруваме е смешно и не постои причина зошто да го има тој строг дрес код во рандом аутсорс компанја кога не е ниту нивна култура да почнеме со. Кај нас на кампус сите, се до си-и-о идат на маици, дукс, папучи. Не сте во Mad Men, океј е.
Знам дека си во ајти сферите, во предходната фирма кај мене пола беа такви и те сфаќам што сакаш да кажеш. Сите си беа по дукс, релакс алишта. Нема проблем. И ја сум одел некогаш така. Ама како што кажав, на прво појавување можеш да си по-официјален и по-учтив со твоите “идни” колеги.
Едит: еве сеа се вратив назад да прочитам за каква фирма станува збор. Не е само ајти. Не се само твоите луѓе таму, има сметководство, финансии - луѓе што од факултет си се научени да се носат официјално, нормално дека ке им направи впечаток кога некое детиште ке упадне у тренерки.