Антипушачка полиција!

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба антипушачка полиција во Македонија?

  • Да

    Гласови: 38 45,2%
  • Не

    Гласови: 23 27,4%
  • Исто ни е, имало-немало пак ке се пуши

    Гласови: 23 27,4%

  • Вкупно гласачи
    84
Британската Влада формира тајна „антипушачка полиција“ која од 1 јули годинава ќе го контролира спроведувањето на забраната за пушење во сите јавни затворени простории. Новата тајна полиција ќе биде составена од службеници во локалните општини, а ќе се вработуваат и други луѓе. Нивната задача ќе биде да посетуваат кафеаните и рестораните, како и канцелариите на компаниите за да утврдат дали се прекршува забраната за пушење на јавни места. Тие ќе бидат опремени со камери со цел да обезбедат доказ, а ќе имаат и право на лице место да казнуваат во висина од 50 фунти (75 евра) и да покренат судска постапка против сопствениците на рестораните или компаниите.

За обуката на припадниците на тајната „антипушачка полиција“ веќе се потрошени 30 милиони фунти (45 милиони евра).
Превземено од: МИА


Законот за пушење (цигари) на јавни места и кај нас се усвои..... колку тој се спорведува сите ние знаеме.

Што мислите според вас една ваква полиција би имала ефект тука кај нас или сеуште не сме доволно "зрели" за вакво нешто?
Дефинитивно не сме доволно "зрели" за вакво нешто..Додека тоа да се воведе кај нас треба да помине многу време... Оваа идеја е многу добра и не гледам зошто не би функционирала кај нас,,само доколку воопшто се воведе...Така конечно ќе завладее некој ред во таа смисла...Секако мене многу би ми одговарало како и на сите кои не пушат:pipi:
 
Колку што се намали пиењето со законот за прохибиција во Америка!

Еее чоек и ти па. Ај спореди цигара запалена со алкохол. Како прво цигарата ќе ја намирисаш уште од 50 метри што се вели, а со алкохолот е друга приказна.
 
Еее чоек и ти па. Ај спореди цигара запалена со алкохол. Како прво цигарата ќе ја намирисаш уште од 50 метри што се вели, а со алкохолот е друга приказна.
Нека смрди и на 100 метри, кој ќе ми забрани да пушам колку сакам дома и таму каде што е дозволено..а местата со забрана елегантно ќе ги заобиколувам. Значи ништо од намалувањето.
Стварно е смешна оваа работа со антипушачката полиција...си има и други начини за спроведување на законот...
:pos2:А ќе има ли надлежност оваа полиција да загледува позади прозорите на автомобилите...да не некоја случајно пуши!:vozbud:
 
хехехехех да беее во нашата државичка се е средено па само уште тоа ни останува ц ц ц ц ц ц:uvo: нема шанса а и нема ни да има шанса да се формира некоја антипушачка полиција :helou:
 
не пушам во кафич, особено не во гужва, во кафич пушам само кога одам на кафе, тогај ми прае ќеф цигаре, иначе на журка у гиужва, баш не, најубаво ми е кога си седнам во парк... и ..то

едит: а дали треба да има таква инскепскија? па ваљда треба, ама кој кај нас ќе ти работе тоа бе, и да има па ќе си се пуше кој како си сака јбг....
 
искрено како и да е пак ќе се пуши.Јас гласав за последната опција...некако кај нас ич не ми е веродостојно дека ќе се слушаат антипушачките полицајци :toe:
 
Да има можеби помалку ке се пуши доколку пушачите имаат свест дека не треба да се пуши на јавни места и дека не е убаво да се пуши во затворена просторија.Така на пример во Австралија никој не пуши во затворен простор туку кога ќе сакаат да испушат цигара излегуваат надвор и тоа го применуваат и кога ќе се надвор од својата земја,имам јас роднини кои што се дојдени на одмор кај нас и кога ќе сакаат да испушат цигара излегуваат надвор а ние (македонска работа)„не оди надвор тука запали цигара„еххххх тоа е :toe:
 
Да има можеби помалку ке се пуши доколку пушачите имаат свест дека не треба да се пуши на јавни места и дека не е убаво да се пуши во затворена просторија.Така на пример во Австралија никој не пуши во затворен простор туку кога ќе сакаат да испушат цигара излегуваат надвор и тоа го применуваат и кога ќе се надвор од својата земја,имам јас роднини кои што се дојдени на одмор кај нас и кога ќе сакаат да испушат цигара излегуваат надвор а ние (македонска работа)„не оди надвор тука запали цигара„еххххх тоа е :toe:

Абе не знам дали им е тоа намерно ама стварно ги глеам сега што прават кај нас. Има 50 знаци не пуши прави ова она излези ваму таму тоа е зона за пушење. И овој упорно иде и пуши во канцеларија во која што нема клима уред полна е со луѓе, а прозорот е расипан и не се отвара. Примеров е од една фирма од скопје нема да ја поименувам ама целта ми е дали тој сака освен себе и другите да ги труе или? Затоа таа полиција убаво ќе дојде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom