Антиперспирант или хирург?

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
F

filmadzijka

Гостин
Вистина ли е дека антипреспирантите можат да ти ги деформираат потните жлезди под мишки (особено кај жените) и подоцна тоа да доведе до тумори и други заебанции? :uvo:
 
Зависи од состојките. И не е преспирант туку транспирант. :wink: Ама пуста неписмена маса (па дури и во фабриките) не знае како да го преведе...

P.S. А што мајка бара хирургот во насловот? :raz:
 
Ох мори мајко. Транспирација ми се напраи - мислев дека згрешив нешто :tapp: :pos2:
 
Можеби требаше директно да го употребам точниот збор антиперспирант наместо „народскиот” антипреспирант.

Добро, ќе објаснам малку повеќе оти гледам дека наместо да го сработите домашното (да побарате информации на соодветните места) вие дечки повеќе љубите да ги исмевате луѓето.

Средствата кои го спречуваат потењето, особено оние кои содржат алуминиумови соединенија, можат да ги затнат порите и со тоа некако да ја блокираат работат на лимфните јазли па и да предизвикаат промени што го зголемуваат ризикот од канцер. Темава се дебатира веќе подолго време како дел од кампањата за превенција на рак на дојка.

Признавам дека не ми е сосема јасно како целиот фатален систем функционира и затоа ја отворам темата. Нема потреба да се правите важни.
 
Ние не љубиме ништо друго освен вистината. А она вели вака :

syNeo5_cla_big.jpg
 
Мацедалиен, не се дискутира за името (перспирант или транспирант).
Дискутираме за тоа што го постави филмаџика како прашање. Дали навистина користењето на овие препарати може да предизвика рак? Доколку располагате со некои интересни информации, слободно објавете ги на темава. Доколку ви се дискутира за преводи, бујрум - отвори нова тема за зборчево во форумот наменет за тоа.

Продолжете со дискусијата.

Инаку, не користам дезодоранси со антиперспирант... Ниту стикчиња.
Сапунче, вода, обичен дезодоранс. Толку.
 
Антитранспирант : не. Нема потреба : потењето т.е. транспирацијата е нормален природен процес којшто не треба да се спречува туку да се контролира на други начини. Нејсе, елиминација на отровна вода е нешто најнормално и не користам :wink:
 
Ne treba da se koristat voopsto nikakvi mirisi koi sodrzat aluminium hidrohlorat ili bilo koi aluminiumovi soed.Za toa odamna se zboruva ,ama nie izgleda seuste nemame navika da pogledneme sostav, ednostavno, najvazno ni e dali ni se dopaga mirisot:icon_roll
 
На моја другака пред извесно време и отекоа лимфните жлезди под пазувите, и кога отиде на доктор и рекоа дека веројатно главната причина за тоа се дезодорансите и стиковите со антиперспирант, и нормално и забранија да ги користи. А богами и јас од кога дознав за тоа, заборавив на рекламите за Rexona, Lady Speed Stick и нивните "магични" дејства, и почнав да си барам алтрнатива.
Инаку алуминиумовите соединенија кои се состојка во секој антиперспирант се неуротоксини и влијаат штетно на целиот организам. А што се однесува до поврзаноста помеѓу ракот на дојката и користењето на антиперспиранти, причината е во тоа што ваквите дезодоранси го спречуваат природното лачење на лимфните жлезди во пазувите, а тоа предизвикува таложење на токсини, кои пак предизвикуваат отекување на жлездите, или во најлош случај, создавање на малигни клетки и појава на рак на дојки.
 
Маце, потење кај луѓето најчесто се вика перспирација иако и транспирација е прифатлив поим. Потењето на листовите на растенијата начесто е дефинирано како транспирација.


Во врска со топикот морам да признаам дека нејќам антиперспиранти, ги одбегнувам колку што можам, не дека сум толку опседнат со здравјето али ми е одвратно неприродно кога не се потам. Потење е здравје бе. :P
 
ne koristam takvi stvari,ednostavno nemam navika a i prirodno bolje e
 
Користам редовно бидејки под пазуви многу се потам..и со тоа само одбегнувам миризба..едно време ми се појавуваше црвенило кога користев едно мислам дека беше МЕН СПИД СТИК..
а сега користам рексона и добро е..не сум имал проблеми досега..
 
Затоа ке си купите квалитетен препарат без алуминиум хлорид. Јас имам еден во план и по тоа што го читам за препаратов треба да е топ. На база на алое вера,без вода ,без алуминиум хлорид,не остава траги на облека.Па ке видиме.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom