Антиперспирант или хирург?

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Рексона е закон.
Не сакам да ги рекламирам ама нема друг производ кој е приближно како неа.
А, за темата, немам проблем со Рексона и лично не верувам во негативни дејства на антиперспи или антитранспи или антиподпазувнопотечки средства.
 
se pravat problemi od tie preparati sto gi koristime pod pazuvi,kaj kogo kako no vistina e se iritiraat zlezdite i mozat da predizvikaat golemi komplikacii,a moze i do rak da dojde,na ova se osetlivi samo zenite :pipi:
 
Реална опасност по здравјето или безбедни?

Антиперспиранти – да или не?


Д-р. сци Нико Беќаровски
Специјалист по Интерна медицина – клинички токсиколог
Клиника за токсикологија

Современата наука не утврди цврсти докази за поврзаноста помеѓу користењето на антиперспирантите (АП) и зголемената појава на рак на дојката, но сепак голем број на жени ги избегнуваат АП и се повеќе користат дезодоранси.



Стравот потекнува пред се, од близината на пазувите (место каде што се аплицира АП) и дојката. Друга причина за страв е тоа што АП го блокира потењето, а со тоа и ослободувањето на токсичните материи кои остануваат во таа регија. Трета причина за вознемиреност се хемикалиите во составот на АП.

Како делуваат антиперспирантите, а како дезодорансите?
Секој АП во својот состав содржи соединенија на алуминиум, кои при влезот во организмот се трансформираат во слободен радикал (А1+++). Овој радикал ја поминува клеточната мембрана и се таложи во црниот дроб, мозокот, бубрезите, дојките и коскената срж. Токму оваа концентрација на алуминиум ја загрижува медицинската јавност и поттикнува многубројни испитувања за поврзаноста со Ацхајмеровата болест (сенилност) и ракот на дојката.

АП и дезодорансите се користат за контрола на потењето и непријатните мириси. АП го намалуваат нивото на секреција на потните жлезди преку супстанции кои содржат алуминиум и цинк и се наоѓаат во концентрации од 12-20%.

Дезодорансите содржат мирисни супстанции кои ги маскираат непријатните мириси и антибиотик кој ги елиминира бактериите. Дезодорансот содржи соли на цинк и антибиотик од широк спектар, најчесто неомицин.

Што кажува современата наука?
Една голема студија спроведена во 2002-рата година не докажа зголемен ризик од апликацијата на АП и дезодоранси. Студијата откри дека сите жени во одреден период од животот користат АП или дезодоранси, а преку 90% од нив ги отстрануваат влакната во пазувата најчесто со бричење, додека една третина непосредно по бричењето користи АП или дезодоранс.
Друга студија која што се изведе во 2003-та година откри зголемен индекс на ракот на дојката кај жените кои почнале да користат АП и да се бричат под пазувите пред да наполнат 16 години, во однос на оние жени кои тоа почнале подоцна да го прават. Во последниве години, сите истражувања се фокусирани на одредени заштитни средства (Парабени) кои се користат во АП и дезодорансите, но и во многу други козметички и фармацевтски производи.

Парабенот го потенцира дејството на естрогенот, а естрогенот влијае врз растот на клетките на ракот на дојката. Во прилог на оваа хипотеза оди и податокот дека кај 18 од 20 примероци на ткиво со тумор, откриено е присутство на парабен.

Заклучок
Сето ова кое што е горенаведено, претставува едно ново, недоволно истражено, но сосема можно објаснување за еден од причинителите на ракот на дојката.

Извор: За Здравје
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom