Антинаучна литеарура

  • Креатор на темата Креатор на темата J. T.
  • Време на започнување Време на започнување
http://en.wikipedia.org/wiki/String_theory еве да не се мачите да барате.

Свесен си дека неможеш да го измериш сзмериш стрингот? Знаеш дека нема начин да докажеш дека постои? Ова е само идеја, едно размислување и ништо повеќе.
Убава ти е темава, ама внимавај да не се заплеткаш самиот со објавување на вакви информации.
 
Не дека не е моќна и сега... ама не е во интерес нејзин ниту пак во интерес на статус кво-то на општеството у глобала...
И то си е ок, како што не е во интерес да го практикуваат изумот на Тесла за бесплатна енергија, но од друга страна со самото нечинење не ни даваат некој цврст доказ да мислиме спротивно или поточно да бидиме СИГУРНИ во спротивното :)
 
грешна ти е торијата...прашај уметник и ќе ти каже што има користено мпц
Дознав дека ми е грешна после создавањето , ама како и да е не е далеку од вистината. :P
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:11 ---
Свесен си дека неможеш да го измериш сзмериш стрингот? Знаеш дека нема начин да докажеш дека постои? Ова е само идеја, едно размислување и ништо повеќе.
Убава ти е темава, ама внимавај да не се заплеткаш самиот со објавување на вакви информации.
Е тоа да, ама незнам како може некој да верува повеќе во Бог , отколку во стринг?
 
.... се формирани теории кои секојдневно се менуваат по потребите врз основа на новите докази итн итн итн .....

има време и тоа многу време ќе помине додека науката дојде до степен да рече Бог не постои или Бог постои !
затоа муабетов е излишен ... односно погрешно поставена дебата ... со однапред поставен тврд став дека „Бог“ (што и да е тоа) не постои.
Човекот сака да каже дека неговиот став е цврсто негирање кон теоријата за бог од библијата објаснет како персона(старец со бела брада лебди на облаци... и тепа се што е против него) Ако сум го разбрал добро дечкото...:)
 
Јас не тврдам дека знам де. Само тврдам дека верниците своето не знаење го прикриваат со суеверие. Јас немам проблем да си признаам дека не знам нешто.

Се согласувам со болдот

Дете што се нарекува само себе експерт не значи дека е експерт. Не користи тривијални аргументи.

„детево“ го земав само како пример на многуте „деца експерти“ кои не занимаваат со тривијални аргументи.

Ако господ е голема енергија - тогаш, да можеме да го регистрираме или ако не можеме да го регистрираме ќе можеме да го приметиме неговото влијание на некое микросопско ниво.

можеби ...

Ако господ бил тука значи некој го видел? Или некој им кажал дека го видел? Зошто некој кој пред 2000 години тврди дека е божји син има поголем кредибилитет од некој што го тврди тоа денес?

ирелевантно

Грешка. Темата не е за нашите достигнување туку за антинаучна литература која толку многу луѓе се спремни да ја прифатат како точна без разлика што нема никаков доказ за тоа.

А и не е важно колку знаат научниците . Пак е многу повеќе од било кој друг.

Не тврдам дека научните достигнувања се крајни. Само дека се подобри и поточни од било кои други.

се согласувам донекаде ...
посебно за литературата која многу луѓе не ја прифаќаат само како точна ... туку како буквално точна ... но и не значи дека нема делумна вистина меѓу редови која едноставно е неразбирлива за нас ...
 
Е тоа да, ама незнам како може некој да верува повеќе во Бог , отколку во стринг?

И мене не ми е јасно како може слепо да веруваат во некој си Бог ама ете, тие продолжуваат да го прават тоа.
Само да знаеш дека има верници кои се запознаени со научните достигнувања, ако објавуваш информации кои сеуште не се потврдени може лесно да најдат против аргументи. ;)
 
Мое мислење не е битно кој ке даде подобар аргумент... нели вистината е битна, а кој ќе ја открие не е битно... така да тоа со давање на против аргумент колку да се докажува кој има поголем за мене е многу детинесто...
 
две неспоиви работи се вера и наука, верата се базира на нешто што не може да се докаже, и најчесто науката може а и ги оспорува фактите кои ги наведува религијата. Барем во новиот завет никако не можат да се усогласат историја, археологија и религија.
 
Баш ќе прочитам која е поврзаноста со Стринг теоријава и Махапхарата... да видам и тоа чудо...:D
 
Чисто да се знае дека и "научната" литература не е баш научна.
За догматизирањето, интересите што владеат, криењето докази, заканите и сл. работи што им се случуваат на оние кои истражуваат без предрасуди.
 
две неспоиви работи се вера и наука, верата се базира на нешто што не може да се докаже, и најчесто науката може а и ги оспорува фактите кои ги наведува религијата. Барем во новиот завет никако не можат да се усогласат историја, археологија и религија.
Бата ли ја библијата не е тоа религија... има многу постари (ќе ги наречам мистични религии) религии кои имаат доста добри практични техники и плус теории кои ако се земат и се споредат со денешниве откритија со науката има и те како поврзани точки и сличности(само проблемот е во тоа што во тие мистични религии искуството е индивидуално и интровертно, па затоа и се искажувале најчесто тие мистици на поетичен начин кој ако се гледа без да се разбере симболиката ќе се смета за примитивна глупост, а не е...)
 
Ќе читам после и утре ќе видам што се случува со темава, сега идам , ограничен сум со време.
 
Еве по нешто негативно и од религијава и од наукава...
3839_461449587209019_2141687768_n.jpg
539060_353079531443516_1957136955_n.jpg

Затоа и викам дека кон се треба да се има интелигентен апроуч... не ко некоја овце да се верува на се што ќе се види и прочита...
Мисли со своја глава еднаш ко за промена...П.С. малце е офтопик али пак е одоколу тука некаде
 
се согласувам донекаде ...
посебно за литературата која многу луѓе не ја прифаќаат само како точна ... туку како буквално точна ... но и не значи дека нема делумна вистина меѓу редови која едноставно е неразбирлива за нас ...

Со оглед на тоа дека освен „зборот божји“ не е наведен ниту еден доказ, а книгите се напишани целосно во метафори целосно отворени на различни интерпретации не е ни чудо што може да се пронајде нешто што звучи како прецизен опис на некои појави.

Ако бараш нешто во свето писмо ќе го најдеш. Што и да е. Не за џабе се користени како оправдување за палење и масакрирање на луѓе.

Во прилог на тоа дека е случајно тоа што се поклопува со науката одат и тешките глупости и контрадикторности што ги содржат сите верски книги кои се во многу поголем обем од „вистините“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom