- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.547
Не е моја статистиката, информацијава ја добив уште во средно од професорката по македонски јазик и литература. Инаку не дека не читам, туку за болдираното јас и многу други знаеме дека ги има, но не се регистрирани како дел од македонскиот литературен јазик туку се сметаат просто за дијалектче од местото на писателот. Поентата ми е дека оние, јавните лица, кои треба да имаат БОГАТ МАКЕДОНСКИ речник, во обид да се прикажат многу елоквентни и бомбастични често употребуваат НЕмакедонски зборови, а притоа само го омаловажуваат сопствениот јазик и се смешни. Еве прв пример е првиот наш човек Хорхе Иванов, ако го занемариме фактот што кога зборува всушност ништо суштинско не кажува, повеќе од половина од зборовите му се српски или со српски корен, потоа по официјални интернет страници на институции, пример пред некој ден на една медицинска страница, демек македонска, читам бокови, јетра, мокраќа, дифолт, маус... на што личи тоа???
Ако е навистина така, „професорката“ тресела ноторни глупости -- дури ни во 1945 кога бил стандардизиран македонскиот јазик, бројот на лексемите не бил толку мал. Останатиот дел од мојот претходен пост стои и не е насочен лично кон тебе. Поздрав,
), со некои исклучоци, е комплетно неписмена.Доволно е само да се отвори фејсбук за да се дојде до тој заклучок.Мислам дека и Блаже Конески и Круме Кепески се превртуваат во гробот. А и на форумов не е ништо подобра ситуацијата.Постојат многу теми со правописни грешки во насловот и никому ништо. Јасно е дека не може секој да биде Достоевски, ама мислам дека секој може да ги научи и почитува барем основните правописни правила.

Ок, сосема е разбирливо дека е по малку модерно да се изразуваме така, но не тоа да биде секојдневно, нели? Барем јас така мислам...