- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.546
Еве ви термин ајвар, кога промајата ви е дискутабилна.![]()
Си ја сакам културата и кулинарската ни традиција, ама ајвар пак не е исклучиво македонски бренд. Го делиме (во многу подваријанти) со неколку култури и јазици на Балканов. Во стари култури како нашата, многу ретко постојат културни концепти и лексеми кои се уникатни. Тоа е поради јазичните и цивилизациските контакти. А ќе ти дадам пример за еден доста заебан концепт -- гувеење. како на пример, „Ај не ми гувеј како млада невеста.“ Таков културолошки концепт не постоел во (според мои информации) во ниедна од денешните западноевропски култури, а е присутен во исламот и многу други неевропски цивилизации. Кога на моите англосаксонски пријатели се обидував да им го доловам концептот на „гувеење“ (кој е архаичен и во македонскиот јазик) ми требаа едно петнаесетина минути.