Anger Management

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување
Ги излгедав двете епизоди, ама рано ми е да донесам заклучок, иритира смеењето во позадина многу вештачки делува у пм.
 
Критичарите ја растурија серијава. Нема страна на која наидов на рецензија, а да не ја прогласија серијава за фејл.
Јас уште немам гледано ниедна од епизодиве, па ќе си поќутам.
 
Како фан на Чарли Шин серијава ми се допаѓа, посебно глумата, Чарли нема промашај во глумење. За смеењето на публиката да, понекогаш делува како непотребно, ама се надевам дека ќе го средат.

Критичарите ја растурија серијава. Нема страна на која наидов на рецензија, а да не ја прогласија серијава за фејл.
Јас уште немам гледано ниедна од епизодиве, па ќе си поќутам.

Критичарите многу серии ги прогласиле за фајл а после сепак некои успевале и добивале огромен успех додека пак некои благодарение на тие критичари беа откажани иако имаа огромен број на публика и луѓето сакаа да продолжат со емитување. Никогаш не почитувам мислење на критичар се додека самиот не ја изгледам серијата/филмот и со свои очи и уши не видам дали вреди или не за понатамошно гледање. Секој има различен вкус, за некои критичари можеби нешто е фејл, за некои не е.... Тоа е тоа.
 
a6475258446d323f8ab2ad65d48763682b946335.jpg


Излегоа 2 епизоди. Типичен ситком.
Јас никаде не најдов линкови да спуштам :(
 
8b8556babc378e25.jpg


Најдов време и конечно ги изгледав двете епизоди. Сега за сега не можам да формирам некое дефинитивно мислење за серијата, епизодите ми беа онака просечно смешни, Чарли си е пак оној Чарли кој сите ние го сакаме, интересен е и мислам дека може уште посмешен само да биде. Но за да успее серијата треба и споредните ликови малку да ги разработат (мислам дека можеле да смислат малку поуникатни карактери), сега за сега од споредните ликови најкатастрофална ми е бившата жена на Чарл (дали е до мене или таа поима нема од глумење).

п.с. Незнам како е со рејтинзите серијава, пошто прочитав погоре критиката била многу лоша за серијава, но сепак најважно за една серија е рејтингот.

п.п.с Мислам дека вреди да и се даде шанса и дека ќе има успех серијава (може не како претходните серии на Чарли , ама тое е што е , самиот си ги постави стандардите за него да бидат високи, така да очекувам и тука да се докаже повторно)
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 21:06 ---
Значи кој ги еб* критичарите публиката се слуша, а таа си го кажала своето мислење (барем сега за сега)

Чарли Шин се врати на телевизија со нова серија – И заврши триумфално со рејтинзите. Новата серија Anger Management стартуваше на кабелската телевизија FX и доби рекордна гледаност за премиера на било која кабелска телевизија во САД.
Над 5 милиони гледачи беа со првите две епизоди, од која премиерата доби 2.1 рејтинг во 18-49, а втората епизода се зголеми на 2.3 во 18-49. Добивме нов хит со Чарли Шин? Останува да видиме како Anger Management ќе се развива понатаму.
Во секој случај, Чарли Шин се „врати од мртвите“, барем според бизарните најавни тизери на FX за серијата.
Код:
http://www.primetime.mk/charlie-sheen-sepak-ne-e-mrtov-se-vrati-triumfalno-na-televizija/
 
Првите две епизоди беа добри....втората подобра од првата и искрено засега ми се свиѓа, Голем удел во тоа можеби има и бидејќи ми фалеше хуморот на Чарли Шин, така да заеби критичари и триста глупости......има надеж во серијава, барем според мене.
 
Ми се свиѓа серијава.
(y) за Картер од Спин Сити. Мада појак ќе беше и овде да беше геј. Со тој старецот можеа да се 'рчкаат. :D
 
Ич не ми беше смешна првата епизода, тапа ептен. Далеку од two and a half men...
 
Гадно гадно, го мразам Чарли Шин и одвратна ми е серијата! Исто и „Два ипол мажи“ ми беше иритантна!
 
Јас ако мразам некој глумец, воопшто не гледам филм/серија, кај што глуми истиот.
Иако не верувам дека ја имаш гледано серијава.
 
искрено не ми се бендисува серијава.. Заеби смеење во позадина ситком е,треба да се навикнеш.. Некако имам чувство како да е ифросирана серијава за Чарли да стави уште некој динар во џеб
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom