Anger Management

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
За сите љубители на ликот и делото на Чарли Шин , ви ја претставувам новата негова и долго најавувана серија
MV5BMTQzOTUzNjIwMV5BMl5BanBnXkFtZTcwNjkxNTQ4Nw@@._V1._SY317_CR12,0,214,317_.jpg

Anger Management

Знам уште не е почната, ама едвај чекам да почнам да ја гледам зошто очекувам дека ќе растура.
Еве еден мал извадок од кој го најдов на кајгана http://kajgana.com/novata-serija-na-charli-shin-rastura


После „Two And A Half Men“, многумина мислеа дека кариерата на Чарли Шин комплетно се уништи, но актерот комплетно ги демантираше сите зли јазици со последните податоци од својата нова серија.

„Anger Management“ излезе како одличен производ кој заработува уште пред да биде прикажан. Студиото уште сега трие раце од продажбата на рекламниот простор при емитување на епизодите. Засега е продаден рекламен простор за првите четири епизоди, а интересот е огромен и за останатите. Освен тоа, постојат шпекулации дека студиото веќе им дало зелено светло на сценаристите да почнат да работат на втората сезона.

„Anger Management“ се базира на истоимениот филм од 2003 година во која главните улоги ги толкуваат Адам Сендлер и Џек Николсон.

Првата епизода од серијата ќе се прикаже на 28 јуни.


Што мислите ќе успее ли Чарли да го достигне успехот што го имаше со неговите претходни серии (Два и пол мажи и Спин сити ) ????
 
Можеби нема да го достигне истиот успех, ама очекувам смешна да биде серијава
 
^значи, уште не е почната... тек допрва ќе се апдејтуваат информациите на имдб, не ги зимај за веродостојни сега.
 
Чарли Шин е бренд, еден вид институција. Дури и ваков подостарен, успева да се продаде себеси и секоја му чест за тоа. Два и пол мажи можеа да му дадат пауза да се среди и серијата ќе си останеше на ниво, вака без него има црна дупка. А новава серија ќе биде хит, до моментот додека Шин е при здрав памет. Ако подзабега пак може да уништи уште еден проект, ама затоа секогаш може да почне нов.

Кој друг може да се пофали дека шитка реклами на невидено? Легенда.
 
Абе не само поради Чарли Шин, и филмот на кој се базира серијава е феноменален... Веќе ја поставив серијата за пратење на http://www.episodecalendar.com/calendar, па... се ближи 29. Се надевам нема да ја заебе работата.
 
Баш ме интересира каква ќе биде серијава :D
 
Актерот Чарли Шин пријатно се изненадил кога дознал дека еден вид на марихуана е наречена по неговото име и веднаш одлучил да ја проба.
"Има добар квалитет, можеби и предобар. После некое време не ги чувствував рацете"

"Ја пушев со една пријателка која ми рече дека е навистина лудо што го пуши Чарли Шин, а јас на тоа ѝ одговорив:

Што мислиш, како се чувствувам јас? Си се пушам самиот себе", вели глумецот и додал дека не е љубител на трева, но оваа марихуана му се допадна и се чувствува почестен.

На прашањето како би реагирал ако кај неговите деца пронајде марихуана, на шега одговорил: "Би ме интересирал квалитетот и цената бидејќи не би сакал некој да ги измами."
carli-sin-se-pusam-samiot-sebesi-thumb.jpg

http://themen.mk/index.php/soubiz/selebriti/2079-carli-sin-si-se-pusam-samiot-sebe.html
 
a6475258446d323f8ab2ad65d48763682b946335.jpg


Излегоа 2 епизоди. Типичен ситком.
 
Се издвојува овој ситком од денешното срање што им е подарено во тацна на глупите Американци. Одлична глума како и секогаш на Чарли Шин кој има некоја посебна хемија со другите глумци. Серијава обработува не многу типични теми како развод, нервоза, хомосексуалност, хомофобичност, односот меѓу членовите на семејството после разводот, невработеност, ефектот од школувањето. Дефинитивно вреди да се види, премногу потценета серија.
...не.
Серијава е исто толку интелигентна колку и Монти Пајтон и Фрејзер поради темите што ги обработуваат.

Иначе, типичен ситком, имаше некои смешни сцени убацени во сценарио без посебна причина, смеењето од публиката ме нервира as usual. Cтариот ми беше смешен
 
Ја изгледав првата, а втората ја избришав. Не само што не ми беше смешна, туку и претерано ме нервираше смеењето во позадина. Онака, во мозок ми бркаше. Осет да се немало.
 
Ја изгледав првата, а втората ја избришав. Не само што не ми беше смешна, туку и претерано ме нервираше смеењето во позадина. Онака, во мозок ми бркаше. Осет да се немало.
Не дека беше нешто совршена, ама втората епизода беше подобра.
 
Не дека беше нешто совршена, ама втората епизода беше подобра.
Ќе видам, ако не нека се насоберат повеќе епизоди. Оваа првата ми беше премногу претпазлива. Очекував друг вид на хумор, по-edgy, најмногу поради тоа што серијата се прикажува на истата кабелска телевизија каде се прикажуваат Louie и Archer.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom