Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Пробај со factory reset, но прво направи бекап на контакти, слики и други ствари што ти требаат. Ќе си остане телефонот на актуелната верзија на софтвер, без разлика што ќе му направиш FR. Види дали така ќе се реши проблемот.
Чисто да ми дадеш мал совет околу back up-от, која апликација да ја користам или слични совети. Треба да имам мемориска за да правам резервна копија?
 
Чисто да ми дадеш мал совет околу back up-от, која апликација да ја користам или слични совети. Треба да имам мемориска за да правам резервна копија?
Јас контактите ги синкувам со Google акаунтот, сликите, музика и други ствари ми се на мемориска.
 
Постои ли програма да се дознаат сите пасворди , пример скајп фб итн?
 
Дечки пред 2 дена земав alcatel one touch idol 2s од вип и го имам следниот проблем http://imgur.com/0hfAFzH Значи сношти го извадив од полнач 100 % полн околу 1 часот,малку поиграв и го оставив со 89 % батерија,денес околу 8 часот кога станав батеријата беше 49 % ,од претходни искуства со андроид телефони и таблети знам дека не е нормално толку андроид систем да ја цица батеријата.Решение??
 
На Real Racing играта порано си работеше без проблем сеа откако направи апдејт на Андроидо 4.4 е сеа ко ја ограм нејќе да врте ко навалам лево или десно?
 
Дечки пред 2 дена земав alcatel one touch idol 2s од вип и го имам следниот проблем http://imgur.com/0hfAFzH Значи сношти го извадив од полнач 100 % полн околу 1 часот,малку поиграв и го оставив со 89 % батерија,денес околу 8 часот кога станав батеријата беше 49 % ,од претходни искуства со андроид телефони и таблети знам дека не е нормално толку андроид систем да ја цица батеријата.Решение??
Сигурно нешто работи во позадина. Провери во battery што трошело највеќе батерија.
Дај му еден софт ресет или оди во апликации и исклучи (force stop) се што не ти треба. Гледај само да не изгасиш некоја системска. Ако пак зеза пробај со фектори ресет, но пред тоа направи бекап на сите битни ствари од телефонот.
 
Ајде едно прашање од мене кој се разбира повеќе во андроид.... симнав виртуелна машина и инсталирав андроид кит кет 4.4 на неа... пробувам да инсталирам dream sat tv live се инсталира се комплетно се до моментот додека не пуштам телевизијата да почне со стримингот... во моментот кога ке стиснам плеј добивам порака:

unfortunately dream sat tv has stopped

како да го решам проблемов? има ли некој искуство со вакво нешто?
 
Имам noname некој конторлер за пц, ако го поврзам со мини усб на андроид телефон ќе го препознае? Или мора да биде пс3 или хбох контролер.
 
Видов од аллександар, па и јас преку Virtual box инсталирав и подесив Android 4.3
Јас инсталирав Apotide market i Free Tux Tv, ама не сака да се вклучи ни програмот, вели no internet connection, а има интернет преку кабел во куќиште и се друго отвара и browser, gmail, playstore.
 
ПОМАГАЈТЕ!!!
Имам телефон Алкател Андроид, кој одлично работи. Пред малку разгледував преку телефонот на интернет на странски страници дрвени врати и прозори. Отворив многу страници, поточно од една се префрлав во друга и одеднаш самиот телефон ме префрли на друга страна warning..(незнам што поточно).mk

ATENCION!
, а на страната пишуваше ,, вашиот уред (Alcatel One Touch...) има фатено вирус (4). Притиснете на опцијата подолу и напишете го вашиот телефонски број, со што ќе ви пратиме апликација за отстранување на вирусот. Во спротивно батеријата на вашиот телефон побрзо ќе се троши и ќе биде успорен уредот.

Не кликнав, зошто и тоа можеше да биде некој вирус. Веднаш од Play Store симнав Avast Mobile (Security & Antivirus). Прв пат го уклучив скенот, покажа дека се е во ред, а потоа повторно го уклучив и пишуваше дека има пронајдено 2 вируса, меѓу што ми ги имаше напишано и нивните страни. Ги избришав вирусите. Потоа повторно го уклучив и немаше ништо.

Но телефонот сега некако поспор е. Дали е тоа поради големата меморија која ја заваќа антивирусот или стварно телефонот има фатено вирус?

Дали вирусите се имаат избришано?
Дали е вистина дека можат да му наштетат на телефонот (да ја уништат батеријата и успорат телефонот)?
Какви други проблеми можат да направат? Може ли да направат проблем со интернет конекцијата?
 
Тоа што то покажало дека твојот телефон има вирус е една од многуте глупави реклами, ништо повеќе. Бриши антивирусот, рестарт телефонот(обичен, не фактори ресет) и терај си.

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Но работата е што не беше реклама од страна на страницата на која седев, туку самиот телефон ме префрли. Дури го пишуваше и мојот телефон што марка е. На таа страна ми пишуваше дека има 4 вируси. Антивирусот ми покажа дека има 2 и ги избришав. Го ресетирав, но некако спор е. Дали навистина има фатено вирус или тоа е од меморијата на антивирусот?
И каков е тој factory reset?
:)
 
Не се замарај со вируси и антивируси, немаш ниту ќе имаш нити пак ти треба антивирус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom