ПОМАГАЈТЕ!!!
Имам телефон Алкател Андроид, кој одлично работи. Пред малку разгледував преку телефонот на интернет на странски страници дрвени врати и прозори. Отворив многу страници, поточно од една се префрлав во друга и одеднаш самиот телефон ме префрли на друга страна warning..(незнам што поточно).mk
ATENCION!
, а на страната пишуваше ,, вашиот уред (Alcatel One Touch...) има фатено вирус (4). Притиснете на опцијата подолу и напишете го вашиот телефонски број, со што ќе ви пратиме апликација за отстранување на вирусот. Во спротивно батеријата на вашиот телефон побрзо ќе се троши и ќе биде успорен уредот.
Не кликнав, зошто и тоа можеше да биде некој вирус. Веднаш од Play Store симнав Avast Mobile (Security & Antivirus). Прв пат го уклучив скенот, покажа дека се е во ред, а потоа повторно го уклучив и пишуваше дека има пронајдено 2 вируса, меѓу што ми ги имаше напишано и нивните страни. Ги избришав вирусите. Потоа повторно го уклучив и немаше ништо.
Но телефонот сега некако поспор е. Дали е тоа поради големата меморија која ја заваќа антивирусот или стварно телефонот има фатено вирус?
Дали вирусите се имаат избришано?
Дали е вистина дека можат да му наштетат на телефонот (да ја уништат батеријата и успорат телефонот)?
Какви други проблеми можат да направат? Може ли да направат проблем со интернет конекцијата?