Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Имам Samsung S20fe, прееска во тек на играње CODM само замрзна и не знам дали се исклучи сам или јас што држев копче. Сега телефонот само го пали почетниот екран Samsung S20fe и се рестартира. Најверојатно матичната бидејќи и загреваше меѓутоа го земав на кратко користење и не успеав со SmartShare да ги префрлам податоците на друг уред и не очекував дека вака одеднаш ќе откаже. Дали има друга опција да се превземат барем податоците бидејќи ако се мења матична знам дека сите податоци идат во неповрат.
 
Која апликација беше за средување картички во Google wallet. Да им менувам боја, лого..?

Знам еднаш овде некој ми пиша, ја имав инсталирано но сум ја избришал.
 
Ако овој месец сте земале во А1, Телеком, Мтел, Нептун, Сетек, Техномаркет, Анхоч еден од моделите Galaxy Z Fold7, Z Flip7, Z Flip7 FE, S25 Ultra, S25/S25+ или S25 Edge од 2.10. до 31.10.2025 г. има можност да добиеш подарок Galaxy S25 FE. Треба на самсунг сајтот да се регистрираш за подарокот.

1759431442505.png
По купување на уредите за кои важи акцијата, неопходно е да се регистрирате на официјалната веб-страница на Samsung најдоцна до 17.11.2025, на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/make-them-smile-with-galaxy/

Податоците кои ќе ги внесете при регистрацијата на линкот наведен погоре се потребни за испорака на подарокот на Вашата домашна адреса. Испораката на подароците ќе биде реализирана од страна на Samsung. Подароците ќе бидат испорачани најдоцна до 31.01.2026..

Купил месецов некој од овие телефони и да се регистрирал за подарокот?
 
Ова е Марче стандардна промоција која ја има со години, секоја година, по 2 пати годишно - еднаш во април, втор пат во октомври. Подароците се различни: ете сега даваат телефон. Во април имаше Buds и таблет... Претходно даваа и smartwatch. Ништо ново.
 
Ова е Марче стандардна промоција која ја има со години, секоја година, по 2 пати годишно - еднаш во април, втор пат во октомври. Подароците се различни: ете сега даваат телефон. Во април имаше Buds и таблет... Претходно даваа и smartwatch. Ништо ново.
Знам ама ме интересираше дали некој сега ја искоистил оваа понуда?
 
Па вчера почна понудата, кога да ја искористи?
Па да. За подарокот телефон ми рекоа дека се чека од како ќе се регистрираш за да ти го дадат. Може да потрае подолго месеци бидејќи како подарок треба од Самсунг Македонија да ти го подарат а они не го даваат одма веројатно да не им се потроши брзо залихата која ја имаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom