Поголем дел тврдат дека новиве литиум-јонски немаат мемори ефект т.е. може да ги полниш, дополнуваш кога сакаш, едино да не чекаш до крај да дојде (околу 5%). Исто повеќе пати вакви циклуси на полнење од скроз празна па до крај, дури и да стои плус време на полнач од што е потребно, не се пожелни. Јас 10 дена како имам нов телефон и го полнам штом дојде до 20%, и после внимателно пазам (so battery doctor app) колку време ќе му треба да се наполни до 100 и тогаш да го исклучам, евентуално 10-15 мин макс. после тоа, ама никако оставање со саати да стои повеќе од потребното. Пошто во апликацијата има календар на циклуси на полнење и за еден ден имам со црвено обележано дека сум направил overcharging (го оставив преку ноќ да се полни)...штом воопшто го има како статистика, претпоставувам дека е непожелна состојба и треба да се избегне. Изминативе 2 дена ми траеше точно по еден ден ама со максимално користење: нон-стоп ви-фи на домашна мрежа, фб, хром, месинџер, сестра ми играше игри и така....Кога не го малтретирам до толку, значи нормално користење, оди до 2 дена. а ако сведиш на минимум, екран на 30-40% и со периоди кога скроз го исклучував, по 2-3 саати на пример кога спијам или едноставно сакам да бидам недостапен или немам потреба и сл..извадив и 3 дена макс. Мислам тоа е капацитетот на денешниве телефони, ден и пол би бил просек, помалце од ден е премалце, а некои вадат и по 2-3 дена. Или се неспособни да измислат батерии со нови технологии кои во исто пакување би имале да речеме барем дупло капацитет него сега или па намерно ја кочат работата, за да купуваме нови батерии или да ги менуваме телефоните само затоа што “не ми држи стариов, ќе земам нов

“
btw...да ми каже некој дали чудото fb messenger има sign out опција и исто сакам да ми препорачате некоја добра апликација за e-books.