Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
првично направи му update на 4.2.2 !!!!
htc one x форум, имаш се за htc one x сите можни проблеми и решенија:
http://forum.xda-developers.com/forumdisplay.php?f=1533
Settings->Wi-Fi->Menu>Advanced->Best Wi-Fi ... ако ова не помага тогаш најверојатно имаш од серијата со фаличен wifi уред кој како проблем се средува но треба да го носиш на сервис за да го оправат.
 
Последниве неколку дена на Galaxy S4 ми се појави следниов проблем: 2-3 пати батеријата кога ми беше стигната до 10-15% телефонот ми се угаси како да нема воопшто батерија (покажуваше 0%!), ама сабајлево ми беше околу 80% и сред работа ми го направи истото. Одеднаш се угаси, ми го покажа она екранчето „Your battery is critically low, please plug in your charger“ (или како и да пишува точно), а кога го ставив на полнач си покажа дека батеријата е полна до 77%. Дали е проблемот до батеријата или до софтверот нешто? На Андроид 4.2.2 ми е телефонот, ако има тоа некаква врска. Може ли да имало влијание што неколку пати го исклучив телефонот од полнач, а батеријата не беше сосема наполнета, па го ставав да се дополни после?
 
еј и сестра ми се зезаше со ваков проблем до пред некој ден, испадна полначот е ама не знам дали и тука е така, споделувам искуство :D
 
Ќе пробам да го пунам на усб само, па ако не бива ќе го носам во сервис.
 
Последниве неколку дена на Galaxy S4 ми се појави следниов проблем: 2-3 пати батеријата кога ми беше стигната до 10-15% телефонот ми се угаси како да нема воопшто батерија (покажуваше 0%!), ама сабајлево ми беше околу 80% и сред работа ми го направи истото. Одеднаш се угаси, ми го покажа она екранчето „Your battery is critically low, please plug in your charger“ (или како и да пишува точно), а кога го ставив на полнач си покажа дека батеријата е полна до 77%. Дали е проблемот до батеријата или до софтверот нешто? На Андроид 4.2.2 ми е телефонот, ако има тоа некаква врска. Може ли да имало влијание што неколку пати го исклучив телефонот од полнач, а батеријата не беше сосема наполнета, па го ставав да се дополни после?

Според мене до андроид 4.2.2 е тие имаат проблем со батериите. Мене дупло ми ја трошеше батеријата и се вратив на 4.1 додека да направам апдејт на 4.3
Ако можеш врати се на 4.1 и види дали ќе го има овој проблем.
 
Како да го вратам на 4.1? :oops:
 
Како да го вратам на 4.1? :oops:

Зошто да го враќаш на 4.1 кога со рутирање и CustomROM можеш да ставиш 4.3 кој е најдобра верзија на Андроид. Јас имам 4.3 и батеријата се троши доста поспоро од 4.2.2.
Провери дали имаш Sync уклучено дека тоа знае да ја троши батеријата доста брзо.
 
Заш да го враќаш на 4.1 кога со рутирање и CustomROM можеш да ставиш 4.3 кој е најдобра верзија на Андроид. Јас имам 4.3 и батеријата се троши доста поспоро од 4.2.2.
Провери дали имаш Sync уклучено дека тоа знае да ја троши батеријата доста брзо.

Ама не е проблемот во трошење на батеријата, пишав, ми беше на 77% и одеднаш ми се исклучи покажувајќи дека нема батерија, а кога го уклучив на полнач беше на 77%.
Torte Mobile што би можело да е и треба ли да го носам на сервис?
 
Зошто да го враќаш на 4.1 кога со рутирање и CustomROM можеш да ставиш 4.3 кој е најдобра верзија на Андроид. Јас имам 4.3 и батеријата се троши доста поспоро од 4.2.2.
Провери дали имаш Sync уклучено дека тоа знае да ја троши батеријата доста брзо.

Може и 4.3 но како што читам некои Нексус корисници плачат дека имале проблем со wifi и мемориската картичка. Кај тебе се ли е како што треба со оваа верзија?
 
Супер е 4.3 јас ставив плус CyanogenMode и телефонот е гром. На GalaxyNexus вака направив, Nexus4 го користам без CyanogenMode.

Ако инсталирале 4.3 преку CustomRom може да има проблем дека Nexus-ите се со чист Андроид без TouchWiz, HTC Sense...
 
Ама не е проблемот во трошење на батеријата, пишав, ми беше на 77% и одеднаш ми се исклучи покажувајќи дека нема батерија, а кога го уклучив на полнач беше на 77%.
Torte Mobile што би можело да е и треба ли да го носам на сервис?
Носи го на сервис ако имаш гаранција ... во секој случај не ми мириса на софтвер
 
Здраво
Прашање-Каде да симнам Флеш пелеер за Алкател Идол(најверојатно и не игра нешто за што е)
 
Ми се испразни скроз батеријата на Алкател ОТ-995. Ја ставив на полнач и само тоа горе лево трепка нон стоп, ќе се појави старт скринот(Your world in one touch) и повторно ќе се изгаси телефонот, и така во безконечност. Го извадив од полнач и го држев може 1 минута копчето за пуштање, ама не се уклучи. Ја извадив батеријата скроз и повторно ја ставив, ама пак ист проблем. Чаре?
Torte Mobile

И другите што се разбираат?
 
Ме интересира дали Гугл има механизам да ги детектира кракуваните апликации снимени на андроид (од пиратски сајтови) и што Гугл би презел во тој случај?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom