Andor

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.667
1695837517749.png

Andor, или Star Wars: Andor, е американска научно-фантастична ТВ серија креирана од Тони Гилрој за Disney+. Тоа е четврта live-action серија во Star Wars франшизата, по The Mandalorian, The Book of Boba Fett и Obi-Wan Kenobi. Всушност е prequel на stand-alone филмот Rogue One (2016) и првиот Star Wars филм (1977). Серијата го следи поранешниот крадец, сега бунтовник Касијан Андор за време на петте години кои претходат на случувањата од двата погореспомнати филмови.

Диего Луна ја репризира улогата на Касијан Андор, но тука е и извршен продуцент. Во другите улоги глумат: Кајл Солер, Адриа Арјона, Стелан Скарсгард, Фиона Шоу, Феј Марсеј и др. Серијата беше најавена од Lucasfilm во 2018 уште, а заради COVID пандемијата, снимањето започна во ноември 2020 и заврши скоро година дена подоцна. Премиерата на првите три епизоди беше на Disney+ во септември 2022, а останатите епизоди излегоа во ноември 2022. За разлика од останатите серии од Star Wars универзумот, Andor беше окарактеризирана од критиката како најзрелата, најкомплексна приказна меѓу ѕвездените патеки. Втората сезона на истата е најавена, треба да ја заокружи приказната која понатаму продолжува во Rogue One филмот, но заради тековните протести на сценаристите и актерите во Холивуд, снимањето беше одложено.

Andor, меѓу другото, заработи три номинации за тековните ЕМИ награди и уште 5 номинации за Creative ЕМИ, меѓу кои и номинација за најдобра драмска серија (што и ме доведе мене до неа, и заради што и ја отворам темава, зашто знам дека серијата има гледачи на Кајгана, а и дека оние кои ја немаат гледано, би требало да ја ѕирнат). За мене, искрено, првите 2 епизоди беа многу конфузни, неинтересни, и бев убеден да ја прекинам доколку и третата епизода е иста. Но за среќа, токму третата епизода беше таа која ме навлече, и иако ги немам гледано другите 3 live action серии (а гледани сите Star Wars филмови), сметам дека ова вреди да се ѕирне. Па чекам да кажете што мислите. ;)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.847
Поени од реакции
24.284
питање ....

По која низа или ред да ги гледам ?
За конкретно оваа приказна, која ја обработува серијата, доволно е да ја изгледаш Andor, па Rogue One филмот, па Star Wars Episode IV.

Ако прашуваш за цел универзум на Star Wars, еве ти комплетна листа на сите филмови и серии по хронолошки ред.

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.667
питање ....

По која низа или ред да ги гледам ?
По која сакаш. Не се поврзани. Хронолошки по дејството, Obi-One Kenobi е прва, па Andor, па The Mandalorian, па The Book of Boba Fett. По редослед на излегување: The Mandalorian е прва, па The Book of Boba Fett, па Obi-One Kenobi, па Andor, па најновата Ahsoka.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.324
Поени од реакции
79.075
Викаат, добра серија која попи хејт ради останатите дизниеви адаптации.
 
Ф

Флеш

Гостин
За конкретно оваа приказна, која ја обработува серијата, доволно е да ја изгледаш Andor, па Rogue One филмот, па Star Wars Episode IV.

Ако прашуваш за цел универзум на Star Wars, еве ти комплетна листа на сите филмови и серии по хронолошки ред.

По која сакаш. Не се поврзани. Хронолошки по дејството, Obi-One Kenobi е прва, па Andor, па The Mandalorian, па The Book of Boba Fett. По редослед на излегување: The Mandalorian е прва, па The Book of Boba Fett, па Obi-One Kenobi, па Andor, па најновата Ahsoka.
Фала(y)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
2 изгледани њпизоди до сега и супер е. Ја гледам и Ашока паралелно, Ашока е за помлади, Андор е за повозрасни фанови. Двете се интересни.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.351
Поени од реакции
5.008
Андор е ретко саглам творевина од SW серијаливе кои ги штанцаат ко на лента...
Да, наменета за повозрасна публика, воглавном се понаша ко да гледаш нешто тематски со Втора Светска војна.. едните се партизани другите се нацистите, што во суштина и тоа се. Само СФ фазон
Почиња прилично споро и без поента, тек после 2-3 епизоди почињаш да се соживуваш со ликов Cassian Andor.
Најавени се мислам не втора него и трета сезона. До каде ќе развлекуваат незнам али се надевам ќе одржат квалитет. Заедно со Rogue One ми се омилени од ова Дизни бљувотиниве...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.667
Од тоа што до сега видов од серијава (до 7 епизода сум), ми се допаѓа што не е прикажано се црно-бело како во 99% од сите Star Wars серии и филмови. Тука "добрите момци" киднапираат и се закануваат дека ќе убијат мајка со дете. Главниот лик ладнокрвно убива друг лик со кој до пред само 1 минута беа на иста страна. Ова не значи дека во серијата е изгубен моралниот компас, туку напротив, додава реалистичност во приказната, иако не знам колку во научно-фантастични серии реалистичноста е важен елемент.

Друго што заборавив да споменам: недопадливоста и конфузијата која се создаде во првите две епизоди е подпомогната од фактот што скоро една третина од нив протагонистите зборуваат на непознат вонземски јазик (Кенари), кој не е преведен и интерпретиран на никаков начин, па така во голем дел од тие две епизоди бев во стил: WTF is happening. Реков, среќа што третата епизода е една од најтензичните и најубавите во серијата!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.642
2 изгледани њпизоди до сега и супер е. Ја гледам и Ашока паралелно, Ашока е за помлади, Андор е за повозрасни фанови. Двете се интересни.
Асока! Не греши душа. :D
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
767
Поени од реакции
1.956
Одлична е,после Мандалориан најдобра од серииве што ги извадија за Star Wars.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom