Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 11.007
- Поени од реакции
- 18.440

The Mandalorian или Star Wars: The Mandalorian е американска научно фантастична серија, или спиноф на Star Wars франшизата, позади кој стои Walt Disney продукцијата. Серијата прикажува настани сместени 5 години после настаните во филмот Return of the Jedi. Приказната односно настаните ( секоја епизода носи различни приказна ) се концентрираат на главниот лик The Mandalorian ( Pedro Pascal ) или Mando како што милуваат противниците да го именуваат, ловец на уценети глави ( bounty hunter ) кој патувааќи низ Star Wars универзумот, лови лоши момци.
Првично Mandalorian's се појавуваат во Empire Strikes Back (1980) претставени преку ликот на Boba Fett ( кој понатака ја дава и идејата за спиноф серијалот), а се претставени како безмилосни и бестрашни воини со непробоен оклоп и шлем позади кои го кријат својот идентитет.
Интересна серија, мене ме потсетува на некој вестерн шутер со ликот на Клинт Иствуд, со фантастична кореографија, тепачки, ефекти, костими итн ... и нормално неизбежниот cute baby JODA

Сите кои се лубители на SFI-FI т.е. на научна фантастика и франшизата Star Wars, ова е a must серија за гледање

Последно уредено: