Ancient Aliens

  • Креатор на темата Креатор на темата dzale1
  • Време на започнување Време на започнување
Сите сезони им се одлични ,само какви теории вадат за Атлантида дека уствари се кренала а не потонала или за Арката на Ное дека била Днк база а не дека носеле цели животни со нив .. многу им се издржани коментарите и се поише и поише верувам во тоа,некако ми има логика во нивните објаснувања.. Btw немора да ги симињате ги имате сите 3 сезони на youtube ,сезона 3 е објавена до 10 епизода има уште 3 епизоди до крај али на време ги објавуваат такада не ви треба да трошите време на симињање... и Giorgio A.Tsokalos е легенда:LOL: позз
 
Ами кај заминале ако биле тука?
 
Се вратиле назад, не можеле да се замараат повеќе со дивјаци.

Епизода за античките “богови“ и сличностите меѓу Тор, Зевс и Один. Ова мора да се види.

denes ja zavrsiv ovaa igrica Prey inaku e rabotena po edna stara indinska legenda za nekoj si voin koj bil kidnapiran od ufo
i koj uspeal da se vrati na zemjata, ovoj del od kilipot e posebno interesen vo nego e objasneta koja e celata na vonzemjanite. So mozebi bi bila i najverojanto nesto za sto bi dosle istite.
 
ancient-aliens-i-dont-know-therefore-aliens.jpg
На првата слика, блоковите се тешки 1.200 тони.
 
Зошто никој не постира овде? Доста интересна тема, моменатлно го истражувам форумов
 
Се вратиле назад, не можеле да се замараат повеќе со дивјаци.

Епизода за античките “богови“ и сличностите меѓу Тор, Зевс и Один. Ова мора да се види.
Сличноста помеѓу митовите на европските народи не е случајна , но причината за тоа е далеку од она на што се алудира во видеото. Во еден момент се поменува нешто во стил "Зевс и Один се ист лик познат во цела Европа" ... значи сакаат да не убедат дека постоел историски лик со натприродни способности во античка Грција наречен Зевс, на север Один, кај германите Тор, а кај словените Перун. Таа теза ја темелат на муабет дека штом дотичниот бог се среќава од север до југ, од исток до запад, значи бил присутен на територија на цела Европа. Прејудуцураат дека старите немале комуникација помеѓу себе, значи не можела прикаската да се прошири сама т.е од човек на човек, и искача работава дека по земјата шетал Зевс (Один, Тор , Перун . кој како сака) .. Е сега, заклучокот што сакаат меѓу редови да го наметнат , едноставно нели, не е точен.
Наведените четири бога имаат слични атрибути и се врзуваат за слични прикаски бидејќи имаат ист корен.
Тие легенди еднаш ептен многу одамна се раскажувале покрај огништата прото индоевропејците кои подоцна се ја населуваат цела Европа и со себе ги носат своите богови и јазик. Затоа денес нивните митологии се разликуваат во нијанси, но суштината е иста.

Во секој случај интересна серија, но дали намерно или од незнање изнесуваат премногу полувистини за да бидат сфатени сериозно. Ок, дефинитивно намерно зашто луѓето купуваат прикаски. Дискутираат т.е не се дискутираат , едноставно земаат една вистина , го сечат она што не им одговара и објавуваат информации кои одат во прилог на глупата им теза.
Но ако земеме дека полувистините се бетер од лагите, доаѓаме до заклучок дека сепак не е штета серијава да се прескокне.
 
... значи сакаат да не убедат дека постоел историски лик со натприродни способности во античка Грција наречен Зевс, на север Один, кај германите Тор, а кај словените Перун. Таа теза ја темелат на муабет дека штом дотичниот бог се среќава од север до југ, од исток до запад, значи бил присутен на територија на цела Европа...
Не се работи за богови, туку за вонземјани или во најмала рака за суштества со мајка земјанка и татко вонземјанин (ваквата комбинација е јасно опишана во самата Библија - Битие 6). И Тор со Мјолнирот создава молскавици, и Зевс со рацете фрла молскавици, но тоа не мора да значи дека се работи за истите личности. Едноставно, се работи за суштества со исти способности.
 
Ако постоеле повеќе ликови со истите способности, во случајов фрлање молњи , зошто во изворите ги среќаваме само овие 4-5 (Тор, Зевс, Јупитер, Перун ...) кои делуваат на различни територии ?
И каде се денес ?
 
за ова сум неутрален, и дечките во емисијата даваат некои интересни заклучоци, но сепак сето тоа би можело да бидат приказни стари малку зачинети со вистина
 
Не се работи за богови, туку за вонземјани или во најмала рака за суштества со мајка земјанка и татко вонземјанин (ваквата комбинација е јасно опишана во самата Библија - Битие 6). И Тор со Мјолнирот создава молскавици, и Зевс со рацете фрла молскавици, но тоа не мора да значи дека се работи за истите личности. Едноставно, се работи за суштества со исти способности.
А што ако тие грмотевици се испуштани од облаците како и ден денес, а луѓето незнаеле како да ги објаснат па давале имиња и ги величеле тие појави пошо биле нешто што неможат да го објаснат и самата појава на облаци и грмотевици била фасцинантна појава..
 
Секако. Ова е само теорија и насока за размислување. Никој овде не тврди дека ова е вистината.
 
Секако. Ова е само теорија и насока за размислување. Никој овде не тврди дека ова е вистината.
Точно. Сепак интересно е да се прочитаат повеќе теории кои можат да развијат поголема дискусија па и да се дојди до некаков заклучок кој ќе го прифатиме сите ние .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom