Се вратиле назад, не можеле да се замараат повеќе со дивјаци.
Епизода за античките “богови“ и сличностите меѓу Тор, Зевс и Один. Ова мора да се види.
Сличноста помеѓу митовите на европските народи не е случајна , но причината за тоа е далеку од она на што се алудира во видеото. Во еден момент се поменува нешто во стил "Зевс и Один се ист лик познат во цела Европа" ... значи сакаат да не убедат дека постоел историски лик со натприродни способности во античка Грција наречен Зевс, на север Один, кај германите Тор, а кај словените Перун. Таа теза ја темелат на муабет дека штом дотичниот бог се среќава од север до југ, од исток до запад, значи бил присутен на територија на цела Европа. Прејудуцураат дека старите немале комуникација помеѓу себе, значи не можела прикаската да се прошири сама т.е од човек на човек, и искача работава дека по земјата шетал Зевс (Один, Тор , Перун . кој како сака) .. Е сега, заклучокот што сакаат меѓу редови да го наметнат , едноставно нели, не е точен.
Наведените четири бога имаат слични атрибути и се врзуваат за слични прикаски бидејќи имаат ист корен.
Тие легенди еднаш ептен многу одамна се раскажувале покрај огништата прото индоевропејците кои подоцна се ја населуваат цела Европа и со себе ги носат своите богови и јазик. Затоа денес нивните митологии се разликуваат во нијанси, но суштината е иста.
Во секој случај интересна серија, но дали намерно или од незнање изнесуваат премногу полувистини за да бидат сфатени сериозно. Ок, дефинитивно намерно зашто луѓето купуваат прикаски. Дискутираат т.е не се дискутираат , едноставно земаат една вистина , го сечат она што не им одговара и објавуваат информации кои одат во прилог на глупата им теза.
Но ако земеме дека полувистините се бетер од лагите, доаѓаме до заклучок дека сепак не е штета серијава да се прескокне.