MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
1.Целата работа е што во сегашнава состојба на ментална, емотивна психолошка... свесна состојба е уствари несвесна и самото тоа придонесува да се живее и да се прифати како оправдано денешното општествено и државно уредување и владеење на владата(со коорпорациите на врв...) и да моралните нешта се наметнати од надвор(влада, црква, психолози, едукација, домашно воспитување...) оти 2. доколку како што викаш ти би се воспоставило безвластие самото тоа ке си повлече безредие... размисли малце и ќе ти текне... мислиш дека грото од луѓето во денешнава ситуација се доволно свесни да би можеле да се движат без надворешнни кординати од некој друг наводно авторитет донесени... Не е финтата да се внесуваат морални концепти и догми тоа веќе доволно длого се пробува да се направи но како што гледаме се тапка во место, истото безредие владее сега како што владеело секогаш... војни има многу, локални глобални секакви... војни не само со оружје има војни во самото општество... се водат меѓу брат и сестра, роднини, пријатели, познати не познати... 3. со самата амбиција која владее во психата на луѓето не е возможна анархија...
За анархија потребна е промена на свеста во секој поеднинце... секој засебно... ама тоа сепак е малце тешко... добро би било доколку би се организирале т.е. погрешен збор употребив, 4.доколку повеќе луѓе кои размислуваат на еден поинтелигентен и посвесен пристап кон животот создадат посебни заедници каде што не би имало систем на владеење(сепак нели ке има некакви основни правила, ама) туку поради висoката инелигеницја и свест секој би знаел од себеси што е морално што не... 5 .кога би постоеле тие заедници како пример сигурен сум дека би ги заинтересирало тие од надворешниот свет, како е можно без никакви пороблеми да се живее без закони и власти во хармонија и прогрес... и така полека ќе расте свеста во се повеќе луѓе од светот за тоа како може секој човек да еволуира во свесно битие... Свеста е битниот клуч не само за ова прашање туку за секое прашање кое постои на светот...
1. Ајдееееееее... хах свесно ама уствари било несвесно... Ако ти си свесен за „денешнава општествена состојба“, ко што велиш дека си, онда што не живееш вон општествово, онакво какво што е денес? Зошто не си анархист? Или полесно ти е да си будист, следбеник на Ошо, отколку анархист?
2. Да, и сега баш во овој момент воспоставив анархија...

3. Чекај чекај.. како тоа има некоја амбиција која владее во психата на човекот, па оттука била невозможна анархија, а од друга страна велиш потребна е промена на свеста во секој поединец - секој засебно... Шо е свеста живти се? Која е таа амбиција, живти се? Шо филозофираш напразно?
Промена на свеста...

4. Аха.. епа глеј сеа.. и Жан Жак Русо сметал така. дека демократија (непосредна) може да се развива само во мали зедници, во мали групи и држави, па после почнал да плука по сето тоа... хммм се прашувам зошто? А ако веќе бараш такво нешто, оди кај Амишите и Мормоните во Јута, тие се сметаат за рационални и умерени. Или оди живеј во Израел, во заеднца наречена Кибуци. Можеби тоа е она што мислиш дека е на „повисоко ниво на свест“?! Нели? Тие знаат ли што е морално а што не? Имаат ли тие висока интелигенција, и ниво на свест? Добро, што е тоа ниво на свест? И престани со тие будистички поими - ниво на свест, зошто толку го клаваш кај шо треба и не треба. Звучи како да го монополизраш и злоупотребуваш... се прашувам дали воопшто го разбираш па оттука се што е непојмливо и незнајно, мора да се стави под тој израз „повисоко ниво на свест“.
5. Па постојат, еве ти пишав погоре.... Зошто човештвото не живее како што живеаат тие?.. аааааа да, sorry, повисоко ниво на свест -that's the trick! Многу се свесни тие Кибуци, Амиши и Мормони.. многу се прогресивни... секоја чест за нив..
Не е се така лесно како што ти го велиш овде.. особено кога проблемот го посочуваш во „нивото на свест“. Колку само тоа лесно некако звучи!
Да те прашам, ти ова го зборуваш затоа што си на некое повисоко ниво на свест, т.е. приближно на повисоко ниво на свест? Ако си, онда зошто не извршиш промена, не иницираш? Аааа. .ама требало кај секого индивидуално, нели?
Епа чекај малку, што ако „свеста“ онаква каква што ти, и милиони други на планетава, вклучувајќи ме и мене, си ја размислуваме и сфаќаме, индивидуални и различно, е толку колку што е, таква каква што е и не мрда повеќе од тоа.. Што тогаш? Си размислил ли за тоа?