Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
1.Целата работа е што во сегашнава состојба на ментална, емотивна психолошка... свесна состојба е уствари несвесна и самото тоа придонесува да се живее и да се прифати како оправдано денешното општествено и државно уредување и владеење на владата(со коорпорациите на врв...) и да моралните нешта се наметнати од надвор(влада, црква, психолози, едукација, домашно воспитување...) оти 2. доколку како што викаш ти би се воспоставило безвластие самото тоа ке си повлече безредие... размисли малце и ќе ти текне... мислиш дека грото од луѓето во денешнава ситуација се доволно свесни да би можеле да се движат без надворешнни кординати од некој друг наводно авторитет донесени... Не е финтата да се внесуваат морални концепти и догми тоа веќе доволно длого се пробува да се направи но како што гледаме се тапка во место, истото безредие владее сега како што владеело секогаш... војни има многу, локални глобални секакви... војни не само со оружје има војни во самото општество... се водат меѓу брат и сестра, роднини, пријатели, познати не познати... 3. со самата амбиција која владее во психата на луѓето не е возможна анархија...
За анархија потребна е промена на свеста во секој поеднинце... секој засебно... ама тоа сепак е малце тешко... добро би било доколку би се организирале т.е. погрешен збор употребив, 4.доколку повеќе луѓе кои размислуваат на еден поинтелигентен и посвесен пристап кон животот создадат посебни заедници каде што не би имало систем на владеење(сепак нели ке има некакви основни правила, ама) туку поради висoката инелигеницја и свест секој би знаел од себеси што е морално што не... 5 .кога би постоеле тие заедници како пример сигурен сум дека би ги заинтересирало тие од надворешниот свет, како е можно без никакви пороблеми да се живее без закони и власти во хармонија и прогрес... и така полека ќе расте свеста во се повеќе луѓе од светот за тоа како може секој човек да еволуира во свесно битие... Свеста е битниот клуч не само за ова прашање туку за секое прашање кое постои на светот...

1. Ајдееееееее... хах свесно ама уствари било несвесно... Ако ти си свесен за „денешнава општествена состојба“, ко што велиш дека си, онда што не живееш вон општествово, онакво какво што е денес? Зошто не си анархист? Или полесно ти е да си будист, следбеник на Ошо, отколку анархист?

2. Да, и сега баш во овој момент воспоставив анархија... ;)

3. Чекај чекај.. како тоа има некоја амбиција која владее во психата на човекот, па оттука била невозможна анархија, а од друга страна велиш потребна е промена на свеста во секој поединец - секој засебно... Шо е свеста живти се? Која е таа амбиција, живти се? Шо филозофираш напразно?
Промена на свеста... :facepalm:

4. Аха.. епа глеј сеа.. и Жан Жак Русо сметал така. дека демократија (непосредна) може да се развива само во мали зедници, во мали групи и држави, па после почнал да плука по сето тоа... хммм се прашувам зошто? А ако веќе бараш такво нешто, оди кај Амишите и Мормоните во Јута, тие се сметаат за рационални и умерени. Или оди живеј во Израел, во заеднца наречена Кибуци. Можеби тоа е она што мислиш дека е на „повисоко ниво на свест“?! Нели? Тие знаат ли што е морално а што не? Имаат ли тие висока интелигенција, и ниво на свест? Добро, што е тоа ниво на свест? И престани со тие будистички поими - ниво на свест, зошто толку го клаваш кај шо треба и не треба. Звучи како да го монополизраш и злоупотребуваш... се прашувам дали воопшто го разбираш па оттука се што е непојмливо и незнајно, мора да се стави под тој израз „повисоко ниво на свест“.

5. Па постојат, еве ти пишав погоре.... Зошто човештвото не живее како што живеаат тие?.. аааааа да, sorry, повисоко ниво на свест -that's the trick! Многу се свесни тие Кибуци, Амиши и Мормони.. многу се прогресивни... секоја чест за нив..

Не е се така лесно како што ти го велиш овде.. особено кога проблемот го посочуваш во „нивото на свест“. Колку само тоа лесно некако звучи!
Да те прашам, ти ова го зборуваш затоа што си на некое повисоко ниво на свест, т.е. приближно на повисоко ниво на свест? Ако си, онда зошто не извршиш промена, не иницираш? Аааа. .ама требало кај секого индивидуално, нели?
Епа чекај малку, што ако „свеста“ онаква каква што ти, и милиони други на планетава, вклучувајќи ме и мене, си ја размислуваме и сфаќаме, индивидуални и различно, е толку колку што е, таква каква што е и не мрда повеќе од тоа.. Што тогаш? Си размислил ли за тоа?
 
Ах Меддле полека не рипај толку да не се повредиш самиот...:P Си ме разбрал ама ич... нема везе ај ќе го упростам најповеќе сега:icon_mrgr: ... Под свест мислев на онаа состојба на присутност во моментот... спознавањето на себе си како тој што спознава, набљудува а не идентификување со умот... Значи присутен во моментот било во активностите преку денот било во мирување и неактивност... Како што би рекол Лао Це “Акција преку Не-акција„... Ама ич немаше никаква врска со ова во твојов пост напишаново...
Да живеам вон општеството... кај сакаш да живеам во шума или во пештера изолиран... мислиш дека ќе смени тоа нешто...ај ти се молам... и ми ги спомнуваш Мормони и компанија... блаѓе везе си немаат... Тапа муабет ми правиш...o_O Батали...
 
Брат.. забегуваш во празно филозофирање... муабетот е за Анархија, а ти зборуваш за свесност и шо знам шо....а при тоа не си доследен на она што го говориш... зошто бе пријателе?:confused:

Најпрво зборуваш за свесност, и дека тоа, како што рече погоре... „за анархија потребна е промена на свеста во секој поеднинце... секој засебно... ама тоа сепак е малце тешко... добро би било доколку би се организирале т.е. погрешен збор употребив, доколку повеќе луѓе кои размислуваат на еден поинтелигентен и посвесен пристап кон животот создадат посебни заедници каде што не би имало систем на владеење(сепак нели ке има некакви основни правила, ама) туку поради висoката инелигеницја и свест секој би знаел од себеси што е морално што не.“ и секако „кога би постоеле тие заедници како пример сигурен сум дека би ги заинтересирало тие од надворешниот свет, како е можно без никакви пороблеми да се живее без закони и власти во хармонија и прогрес... и така полека ќе расте свеста во се повеќе луѓе од светот за тоа како може секој човек да еволуира во свесно битие

За после да вртиш муабет..нешто како погоре..
„Под свест мислев на онаа состојба на присутност во моментот... спознавањето на себе си како тој што спознава, набљудува а не идентификување со умот“
и секако „Значи присутен во моментот било во активностите преку денот било во мирување и неактивност... Како што би рекол Лао Це “Акција преку Не-акција“..

Дали си размислил дека токму можеби неакцијата е таа која што е исто така предизвикувач на сите оние проблеми за кои што говориме овде?

Впрочем, ако веќе зборуваш за анархија.. и за промена на свесноста.. ајде промени ја својата свесност и делувај малце.. лесно е да се каже што не чини, но ајде земи преземи некој чекор... Знаеш како звучи ова? Демек, сите се свесни, но не знаат што да направат!... уууу не. ова е боље... Грото од луѓето не се свесни, им треба повисоко ниво на свесност, но има такви кои што се многу свесни, го постигнале тоа „високо ниво на свесност“, ама се чини ништо не преземаат, зошто? па другите не се го достигнале тоа - процесот оди индивидуално.. :eek:

Дали се сметаш за присутен во моментот кога станува збор за тоа какви се реперкусии би донела релацијата „присутност во моментот, но и истовремено неделување“?

Ова Лао Це „Акција преку Не-акција“ ми се чини некако слабо си го разбрал..
Но вред...

Се чини дека анархијата сеуште е премногу далечна.. за сите нас.. а свесноста.. очигледно нема никаква врска со тоа.... штом свесно се зборува за анархијата нели...?
 
Анархијата би била само првиот чекор кон комунизам како највисок степен на организација на едно општество.

Теоретски, апаратот држава, не му е потребен на човекот, за да опстои во заедница, па и толку голема и распростанета низ целава планета.

За такво нешто секако дека е потребен и висок степен на ментална развиеност и цврстина, која ќе биде клучна во одржувањето на заедницата и ставање на истата пред сопствените (егоизам) побарувања.

Тоа би било со еден збор кажано сите имаат пристап до се, и сите допринесуваат за заедницата со сето свое срце и моќ.

Во овој момент далеку сме од тоа, и според мене, такво тектонско пореметување во менталната матрица на хомоспаиенсот, може да предизвика само катастрофална закана по опстанокот на видот.

Ваков вид на организираност веќе го има кај пчелите, а го има и кај нас во некоја форма.

Тоа е семејството, како доброволна заедница на татко, мајка и потомство.

Сите даваат се за заедницата, земаат колку им е потребно, и остатокот го складираат за идните генерации.
Во семесјтвото нема простор за лага, нема простор за егоизам, бидејќи родителските чувства се посилни од оние другите.

Треба тоа полека да се прелее на повисоко ниво.
Нацијата како творба во овој контекст, не го даде соодветниот резултат.
Религијата која во своите свети книги го пропагира токму ова, сите сме едно семејство - браќа и сестри, исто така не го даде соодветниот резултат.

Но, којзнае, можеби еден ден и ќе биде. Тогаш, таа организираност ќе може да се нарече РАЈ, онаков каков што веројатно и Христос го проповедал.

Какои да е, ДА за анархијата, барем како убава замисла и идеја, за доброто на човекот, а не на група моќници, како што е тоа во моментов.
 
Многу работи не биле можно во некое време и место, но потоа станале можни.
Да, али ова не било и нема да биде, не е дел од нас, го немаме во себе, тоа е тоа.
 
Не:P Токму то што го пишав.

п.с И наназд на темава се пичуваше за ова, ама ете пак.

Не се сеќавам. Зошто побогу од најблизу совршено општествено уредување би преминале во такво каде ќе има авторитет?

Анархијата не е можна не е човекова природа

На овакви мислења налетав премногу пати. Перфектно креирани „мисли“ од страна на власта. Тогаш што сме ние, роботи?
 
Не се сеќавам. Зошто побогу од најблизу совршено општествено уредување би преминале во такво каде ќе има авторитет?

На овакви мислења налетав премногу пати. Перфектно креирани „мисли“ од страна на власта. Тогаш што сме ние, роботи?
Не луѓе сме, баш затоа ни треба авторитет исто како што на жените им треба пенис.
 
Не луѓе сме, баш затоа ни треба авторитет исто како што на жените им треба пенис.

Не им треба на сите жени пенис. Прашав за луѓето кои функционираат во такви средини, оние кои немаат потреба од авторитет.
 
Не се сеќавам. Зошто побогу од најблизу совршено општествено уредување би преминале во такво каде ќе има авторитет?

Кој би бил авторитетот во тоа општество?

Мислам дека за исто зборуваме, ама не се разбираме целосно:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom