Хмхм.. а што ако не може да се оствари преку тие идеали како „хуманост,алтруизам,човекољубие како највисоки човечни карактеристики“, а истовремено да бара високо совесни индивидуи?
Да не се лажеме, хуманоста, алтруизмот, човекољубието, се доблесни особини, но истовремено се и исоко морални, но и историски гледано, тие како идеја, но и практика постоеле прилично од многу одамна...
Како такви, до сега, помалку или повеќе, смислата за истите се менувала и тоа како, но генерално, она што се подразбира под хуманост, алутруизам, човекољубие, како морални доблесни особини, е општо прифатено. Е сега, земи 100 луѓе ширум планетава, и не сум баш најсигурен дека ќе најдеш идентично мислење, и став за тоа што се тие особини, како се практикуваат, што треба да се направи за да се практикуваат и ценат и сл исл. Особено земи човек од запад, и човек од исток. Моралната основа, самиот концепт на морално-филозофско размислување за овие „доблести“ ќе биде различен..
Да не зборам што самите тие „доблести“ кај повеќето луѓе се прифатени (и се прифаќаат) во вид на догма, што е апсолутно нормално, со оглед да истите се учат, преку христијанството, исламот, па еве земи ја на пример и државата, која преку својот нормативен апарат, наметнува одредено гледиште за тоа што е тоа хуманост, алтруизам, човекољубие. Секако, тоа само по себе претставува догма, затоа што државата како апсолут, ја наметнува генералната воља наспроти индивидуалната, односно, ја зема во предвид индивидуалната (она што се нарекува - слобода на единката) и ја генерализира! Како беше она, „Владеење на мнозинството, права на малцинствата“?!
Оттука, со самото тоа што моралот е толку релативна категорија (а да не зборам дека денешното сфаќање за морал и етика се толку драстично променти и толку се менуваат) па практично е неможно да се врзе човек за идеал кој што е нужно да претрпи промена.
Така и со анархијава...
Заради тоа, можда поправилно е да се каже..
Што ако на анархијата не и се потребни тие човекови „доблести“, а при тоа, нивното отсуство да не значи и безредие, туку безвластие, со оглед да самото догматизирање на „доблестите“ што ги наброја, се токму тие што се апсолутот што е наметнат од власта?