Социјалните трансфери кои ги ставаш во наводници значат дека луѓе чија работна сила пазарот на труд во Македонија не може да ја апсорбира/адекватно да ја компензира добиваат какви-такви средства за живеачка преку реалокација на средства земени од оние кои можат да си дозволат да ги дадат. Идеално, данокот би бил прогресивен, со што целосно би се остварила и неговата социјална функција, а богатите би го вратиле долгот кон општеството кое го овозможило нивното богатење. Рамниот данок е дел од пакетот неолиберални реформи кои нашиве квислинзи доброволно ги прифатија. 30 сребреници indeed. Кога станува збор за приватните инвеститори/странските фондови, државата е овде за да обезбеди тарифа на јавната служба која ќе биде доволно ниска за истата да им биде достапна на граѓаните.
Приватниот инвеститор секогаш пристапува кон инвестирање во јавно добро не бидејќи е умрен доброволно да се асоцира со своите сограѓани, туку мотивиран од желбата за профит. Државата е должна да му обезбеди услови во кои ќе профитира и да го покрие остатокот со даночни пари кои во услови на прогресивно оданочување повеќето и онака се црпат од богатиот слој.
Дали добро те чув? Дали ја браниш ефикасноста на приватниот сектор и пазарот наспроти државата? Дали си можеби од тие дибеците на Нозик, анархо-капиталистите? Да не мислиш дека слободниот пазар е совршен механизам за алокација на ресурси, без потреба од државна интервенција? Онда си забегал.
А ако си анархо-комунист/синдикалист, тогаш тешко ќе најдеш начин да ги мотивираш луѓето да работат на проект од кој тие самите нема да видат конкретна корист во текот на нивните животи. Големи инфраструктурни проекти не можат да се изградат без учеството на многу луѓе, голем број од кои воопшто не живеат во регионот кој ќе профитира од нив.
Таквите проекти бараат и стручњаци кои ќе мораат да вложат многу повеќе од својот живот во учење и подготовка за да се квалификуваат за нивната работа од некој што ќе си го прчи цел живот, ќе фрли пет лопати и оп и он учествувал и има право да го користи објектот. Ова е исто така познато и како проблемот на free-riding, еден од главните аргументи против егалитарните уредувања како анархистичкото.
Доброволна асоцијација на луѓе со заеднички интерес звучи супер, но јас гледам дека по селата луѓе не може да се договорат околу тоа кој треба да го асфалтира пристапниот пат до куќите што им се една до друга, па камоли да направат брана или нешто покрупно од заеднички интерес. Човекот е во суштина себичен исто толку колку што е склон на алтруистички дела. Ти сакаш да го срушиш системот кој ми дозволува да направам избор помеѓу себичноста и алтруизмот и да ми ја наметнеш доброволната асоцијација, бидејќи во услови на анархија се' ќе зависи од добрата волја на комшијата, на сограѓанинот, на твојот универзален брат по човештина, нели? Се гледаме на барикадите онда, другарче. Попрво ќе умрам отколку да зависам за мојата благосостојба од тоа како е расположен некој тиквар со основно и три грама памет.
Наречи го колку сакаш преплатено, без државната моќ на присила, ништо од долготраен карактер што би им служело и на идните генерации нема да се изгради.
Ми велиш дека анархијата функционира, но не ми нудиш ниту една богата анархистичка комуна, ниту една културно воздигната анархистичка комуна, ниту една анархистичка комуна која е способна да ги одбрани своите членови од вооружените државни армии (не велам да опстои наспроти нив, туку да ги држи во страв за воопшто да не нападнат). Сите тие живеат во константен страв, сиромаштија и примитивно ниво на културен развој.
Ги спомнав Фиренца и Медичи за да ти илустрирам како еден од најблагородните хуманистички потфати во историјата, имено ослободувањето на човековиот ум и душа од јаремот на католичката црква го направиле благородници кои владееле со град-држава со железна тупаница. Обичните луѓе не сакале уметност, сакале леб. Сакале покрив над главите. Сакале ефтина забава. Истото го сакаат и денес. За било што од повисока естетска и духовна вредност е потребно и извесно количество на нееднаквост за секому да му се алоцираат онолку ресурси колку што е способен да допринесе за напредокот на своето општество и цивилизација. Приватните донатори кои ги спомнуваш ти биле благородници кои секако имале државна моќ, а чие богатство не би постоело во анархистичка комуна. Ниту пак Да Винчи ќе ги создал делата што ги создал кога би копал ендеци и би учествувал во "доброволни потфати" цел живот. А бидејќи во услови кога луѓето доброволно се асоцираат сите се "jacks of all trades and masters of none", таму царува медиокритетот, работењето со гс, импровизацијата и "пљукни па залепи" праксите. Нема Да Винчи, нема Ајнштајн, нема Бетовен, бидејќи никој нема поттик да си го развие талентот до крај, затоа што општеството нели, се' цени подеднакво. Луѓето се денес рибари, утре инженери, задутре музичари. А всушност не се ништо.
Да и се помочам на таквата анархија. Регрес. Дегенерација. Очај.
Најсмешно е што инсистираш на „анархист“, а тоа не сум.
Не знам каде си го прочитал тоа, но во ред и заклучил од моите пишувања на темава.
Ја сметам анархијата за пожелна и како пат до слободата на поединецот и групата.
Може да се прпелкаш колку што сакаш, во анархија луѓето го покажуваат своето право лице. Не е воопшто важно што напишал Кропоткин или некој друг. Тоа е само mind game за оние за кои им се игра таа игра. Никаков рецепт ниту нешто слично. Кому е битно каква е мотивацијата?
Луѓето се онакви какви што се поради системот кој би обликува во форма која му е потребна за да опстанува.
Анархијата го покажува поединецот во вистинско светло, без маски на лажна филантропија.
Државите само во 20-от век убија 450 милиони народ, само во војни, лично мислам и повеќе но да се задржиме на конзервативните процени. И сеуште убиваат масовно, скоро и да нема поголем убиец од државата. Дали е преку војни,дали преку монополизација на медицина и фармакологија, дали преку социјален притисок...механизмите се многу. И лешевите.
А обожавателите на смртта исто така. Како тебе. Ти ја поддржуваш државата која е убиец и арамија со што наведените епитети се и твои епитети. Едноставно.
Анархо-ова и анархо-она ќе си праиш муабет со фановите на Бернејс пропаганда и слични ликови, тие се по тој муабет. I dont give a shit mate.
Анархија не е синоним со анархизам. Пракса вс. Теорија.
Социјалните трансфери не се социјална помош. Социјална помош е 20 евра месечно. Тоа е дел од буџетот - 1,1 милијарда евра украдени од некого и распределени на лица на кои власта смета дека е потребно да ги алоцира. Од таа заблуда па понатаму просторот за дебата се стеснува во рамките на школските стереотипи и фрази а време и желба немам сите една по една да ги цитирам.
Пазарот е сосема добар механизам ако не е присутна државата како манипулатор на корпоративни интереси и енфорсер на монополи и услови на игра кои му одговараат на еден минорен процент од населението. Ако е присутна државата...тогаш имаме наводен слободен пазар, опеан по мејнстрим медиумите како нешто добро...а реално е срање.
Ми велиш дека анархијата функционира, но не ми нудиш ниту една богата анархистичка комуна, ниту една културно воздигната анархистичка комуна, ниту една анархистичка комуна која е способна да ги одбрани своите членови од вооружените државни армии (не велам да опстои наспроти нив, туку да ги држи во страв за воопшто да не нападнат). Сите тие живеат во константен страв, сиромаштија и примитивно ниво на културен развој.
Беа посочени разни примери, ако те интересира пролистај ја темата, специјално да барам повторно по којзнае кој пат секогаш кога некој ќе се приклучи на темава...not gonna happen. Имаш и богати во финансиска смисла како Мондрагон и помалку богати, секакви. Но богати се во една категорија во која не би навлегувал бидејќи нема потреба со оглед на соговорникот.
А ти најди во меѓувреме држава која не краде и не убива. Лесна задача имаш.
Поздрав и среќна кариера (минус 50% на име на безбедност).