Државата убила 450 милиони луѓе. Државата поробува. Системот поробува. Институциите поробуваат... Булшит. Луѓето го прават тоа. Човек му го прави на човека и не трепнува. Просто е бе. Алчност и реткост на ресурси. Не е државата таа што го учи човека да биде скот. Ти си тој кој што ги амнестира тие милиони што убивале со тоа што за нивното зло ја обвинуваш државата. На ист начин плукаш по споменот на сите што правеле добро преку државните институции (а дури ни ти не си толку слеп да ги наречеш сите кои работеле за една државна организација лоши) и го правиш нивниот слободен избор невалиден, бидејќи бил направен преку државни механизми.
Како да се државните злотвори било што друго освен групи на луѓе обединети против други групи на луѓе заради себичен интерес. Дури и успехот на Мондрагон (секоја чест на дечките, прочитав за нив) значи пазарен неуспех за некоја друга фирма, други луѓе, други работници. Да не се разбереме погрешно, Мондрагон прави добро, Мондрагон е фантастична човекова творба, но опстојува во рамки на држава. Држава која и' гарантира правна заштита, која и' го штити имотот, која одржува стабилна валута (мање више, еврото е у криза), држава без која Мондрагон не би бил возможен. Нејзиниот успех и профитабилност на крај краева зависи и од конзумеристичката култура, која бара константно подновување наместо поправање на расипаното, без кое таа нема да има обрт, туку бргу ќе го засити пазарот со производи и ќе пропадне.
А ако бараш солидарност, соработка, лична автономија, најсолидарната класа на светот е класата што го поседува меѓународниот капитал. Тие итекако соработуваат, разменуваат искуства, се дружат, градат заедно итн. Тие ја демонтираат социјалната држава, бидејќи не им се плаќа. Тие ги кратат даноците што толку многу ги мразиш. Тие формираат приватни училишта во кои си ги школуваат децата. Градат оградени населби со вооружени приватни стражари. Немаат национални, расни и полови предрасуди, ги обединува богатството. Тие ги мобилизираат западните армии да прават 'ршум по третиот свет за да си ги осигураат ресурсите како нафтата, ретките минерали, гасните полиња и сличните добра што им го гарантираат комфорот и стабилноста на домашните системи. А твоето (и на сличните на тебе) заблудено антидржавно паламудење им е од најголема можна корист, бидејќи наместо повторно да се заземе државниот апарат кој до 70тите беше (повеќе или помалку) во рацете на левицата и на синдикално здружениот труд, особено во западна Европа, тој се демонтира и се претвора во минимална држава, затоа што луѓето ги убедија дека плаќањето даноци не е во нивен интерес, се'едно што сега нема кој да ги брани, затоа што корпорациите се навлезени во сите ешалони на меѓународните и државните организации.
Си ја погодил донекаде релацијата, ама си ја утнал насоката- не е државата манипулатор на корпоративни интереси, корпоративните интереси се манипулатор на државата. И тоа не на апстрактен механизам наречен држава, туку на живи луѓе, на кои лоби групите им плаќаат дебело за да им ги застапуваат интересите. Расипливи, податливи луѓе кои нема да се променат ако го промениш името на системот или на елитата која раководи со него.
Индивидуалниот избор е местото каде се прекршува разликата помеѓу луѓето и нелуѓето. Помеѓу слободните луѓе и чопорашите. Помеѓу способните и неспособните. А за да бидеш таков човек, не пречи системот, ти треба решеност да дејствуваш, се' друго е изговор- и државата и институциите и капитализмот. Ако си геноциден убиец, лично си виновен ти, лично е виновен секој еден војник или егзекутор кој го повлекол орозот. Додека има луѓе на кои нема да им пречи да се однесуваат на таков начин, ќе биде нужна и држава и војска и полиција. It IS complicity, and you have a part in it too. Толку од мене. Поздрав.