- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 368
- Поени од реакции
- 333
Кога би нарачувал телевизор, би инсистирал на достава со УПС или Федекс. Во секој момент знаеш кај се наоѓа пакетот дур ти дојде дома, ќе стаса за неколку дена, и ќе биде без проблеми во смисла на губење или штети, дури и да дојде до такво нешто постои осигурување, и конечно имаш кај да се жалиш. Да, наплаќаат повеќе за услугата тука, ама за така скап производ, вреди да не се ризикува со пошта. Е сега мислам дека за телевизор царината е 5% и 18% ДДВ, односно околу четвртина од цената ќе оди на давачки, и дополнително околу 50 евра за шпедиција и лежарина.Јас не би порачал ТВ или било што така поголемо, а "понежно" од нет. Прво додека да стигне кај нас пакетот ќе прошета доста, а со тоа и шансата да стигне со физичка штета се зголемува. Второ не знам точно колку ќе ти наплатат, најмалце што може да платиш ти е 5% од цената, а најмногу 33% (за точност прашај некој од увозниците на тв, би требало да сакаат да ти одговорат на прашањето). Трето кај нас царениците се такви гадови што ако некој од нив му фрли мерак на телевизорот може да ти направи дубара, дека се работи за пратка до физичко лице. Во реалност не постои институција во РМ која ќе те одбрани од нив(царениците)...