Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Дали ова ланче може да се нарача и да стигне во македонија и дали важи бесплатна испорака за македонија http://www.amazon.com/Mens-Plated-Figaro-Chain-Necklace/dp/B008K83KTC/ref=pd_sbs_jw_30
Не важи, цената на производот е 19.99 а шипингот е 11.95 така да 31.94 ти е се на се за во Македонија. :)
 
Член од
4 март 2010
Мислења
268
Поени од реакции
26
Не важи, цената на производот е 19.99 а шипингот е 11.95 така да 31.94 ти е се на се за во Македонија. :)
Фала другар и ако има некој што може да ми нарача ке се договориме со него нека пише, и некое искуство дали сигурно ке ми стигне кажувајте
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Фала другар и ако има некој што може да ми нарача ке се договориме со него нека пише, и некое искуство дали сигурно ке ми стигне кажувајте
Би можел ја ама слабо стојам со пари сеа, иначе за стасување ќе ти стаса, селерот е доста познат со 4,6 оцена. Нема да имаш проблем.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Оф-топик малце:

Има некој порачано нешто до сеа, со повисока сума, но достава до Италија?
Станува збор за едно, 180евра, што треба да стаса продуктот во Италија ..

Ме интересира повеќе околу царината таму, и сл. Од DX.com ми рекоа дека преку " drop shipping " нема да платам ни денар за царина? True?

ПС: Станува збор за телефон ..
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
нова сум на форумов, се изначитав... и Ви се дивам како си порачувате од странство. Јас сакам да купувам од следниве сајтови http://www.sanrio.com/; http://direct.asda.com/george/clothing/10,default,sc.html; http://www.c-and-a.com/uk/en/corporate/fashion/; http://www.hm.com/gb/, http://www.next.co.uk/ очајно барам некој да ми помогне, да ми каже дали можам да направам некако да ги порачам и да ми стигнат до дома. Многу сакам а не знам како :( На нивните страни нема достава за Мк. Дали тоа се прави преку некои фирми посредници. Видов дека на форумов има полно знаење и искуство и се надевам дека некој ќе ми помогне. со нетрпени ќе ги очекувам вашите совети.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292

Добредојде,
можеш да ја провериш и оваа тема каде има информации општо за купување од интернет. Сигурен сум дека некој ќе ти даде конкретен одговор, јас знам една страна за купување од Америка, shoppingusa.com.mk, викаат дека е добра, иако јас лично немам искуство со неа. Мислам имаше и една друга, нека ме дополни некој ако знае.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Здраво,
нова сум на форумов, се изначитав... и Ви се дивам како си порачувате од странство. Јас сакам да купувам од следниве сајтови http://www.sanrio.com/; http://direct.asda.com/george/clothing/10,default,sc.html; http://www.c-and-a.com/uk/en/corporate/fashion/; http://www.hm.com/gb/, http://www.next.co.uk/ очајно барам некој да ми помогне, да ми каже дали можам да направам некако да ги порачам и да ми стигнат до дома. Многу сакам а не знам како :( На нивните страни нема достава за Мк. Дали тоа се прави преку некои фирми посредници. Видов дека на форумов има полно знаење и искуство и се надевам дека некој ќе ми помогне. со нетрпени ќе ги очекувам вашите совети.

Ако сакаш во иднина да зимаш од некои страни пиши ја страницата на гугл и додади review, од таму ќе видиш дали страната е препорачана или не.
Еве за оваа sanrio доста ја фалат во коментарите така да би требало да е стабилна.
http://www.sitejabber.com/reviews/www.sanrio.com
:)
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Не го доставуваат до Македонија. Иначе за сите што го имате проблемов инсталирајте ја скриптава https://addons.mozilla.org/en-us/firefox/addon/does-amazon-ship-to/ и ставете Македонија во опцијата и таму ќе видите дали доставува за Македонија, и колку е најевтиниот селер. :)
 
Член од
5 август 2012
Мислења
57
Поени од реакции
6
Во оваа наша глупа држава ништо неможе да се прави :facepalm:
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Во оваа наша глупа држава ништо неможе да се прави :facepalm:
Прелистај низ форумов, имаше тема за најевтини селери што доставуваат облека во Македонија, таму ќе одбереш нешто што ти се свиѓа. :)
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Во оваа наша глупа држава ништо неможе да се прави :facepalm:
Не мешај држава со тоа што некоја продавница од Америка одлучила да води бизнис само на територија на САД, исто ти се фаќа дали си од Македонија или Германија на пример во случајов. Инаку сепак има продавач што го доставува дуксот и до Европа, вкупна цена со достава е 96 долари, што сигурно не ти одговара, ама тоа е, цената на прекуокеанските поштенски услуги е прескапа.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Не е само оваа „глупава“ продавница која не доставува туку речиси сите на Амазон. Факт е дека Македонија е слепо црево кога е во прашање интернет трговија а и разно разни светски новости.
Ама ова е еден пример. Еве ти друг пример која тунгузија сме. Гугле си го рекламираше нексус 4 како релативно евтин и пристоен телефон. Кога VIP го донесе во Македонија го продаваше како најјако нешто на пазарот да е .
За Нексус нема многу да полемизирам бидејќи и самиот гугл го нудеше на топ 5-6 англиски земји плус франција и германија. Ама причина за ова е гоооолемиот пазар шо гоимаат таму и не им се исплатат малечки земји, особено не некоја од 2м со релативно мизерна куповна моќ.
Проблемот за ова е пазарната изолираност на Македонија, потрошувачката култура, просечната куповната моќ, несигурност на транспорт и тн и тн.
 
Те молам, на Амазон пазарам редовно, имам преку 200 порачки направено последниве две-три години, по десетина секој месец, уопште не им чуе ни на Американците, уште помалце на Кинезите и останатите, дали муштериите им се од сиромашната Македонија или било каде, парите се исти, ако гледаат бизнис логика, ќе тргуваат и со најзатуцаната земја у светов. Доставата на Амазон за продавачите е едноставно поделена по континенти, и сите продавачи кои имаат овозможено достава за Европа, доставуваат и до Македонија, затоа и реков не прави разлика дали си од Германија, Франција или Македонија, ако продавачот доставува во Европа, можеш да порачаш и од кај нас. Фактот што мнозинството продавачи не сакаат да продаваат во Европа воопшто, едноставно се должи на тоа што доставата за една прекуокеанска пратка за најмал пакет се движи од 30 долари, па нагоре, што го прави крајно неекономично тргувањето, дополнето со големата несигурност на таквите пратки, па и честите измами, и на повеќето не им се исплати да ризикуваат, да губат пари и да добиваат негативни рејтинзи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom