Алшар, празни прикаски или голем потенцијал?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
gi vidi li sega slikite
ete sensei ja najdi starata tema i tamu imam okolu 10 sliki staveno

Да ги видов.Благодарам.
Се гледа дека долго време нема посериозни активности во рудникот. Веројатно тоа што било интересно а се наоѓа на помала длабочина веќе е однесено, а нови истражувања би чинеле многу пари.
 
„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија

Министерството за животна средина, надлежно за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона. Со тоа почнува постапката за издавање на рудникот богат со ретките минерали талиум и лорандит, на заинтересирани концесионери

alsar[1].jpg

Локалитетот Алшар, заштитената еколошка зона, единствена во светот со поголеми количества од минералите лорандит и талиум, чија вредност според количеството руда во рудникот се проценува на околу 1,5 милијарда евра, ќе се дава под концесија - како рудник.:tapp:

Првиот чекор за остварување на оваа идеја на Владата е „Алшар“ повеќе да не биде споменик на природата. Потоа ќе се утврдува точната економска вредност на рудата на локалитетот во близината на селото Мајдан на Кожув Планина, за најпосле рудникот да им биде даден под концесија на заинтересирани инвеститори.

Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежно за чување и за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона.
Како што пишува во поднесениот закон на министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, целта е да се искористи економската вредност на веќе утврдените постојни количества антимон, арсен и злато, со што „Алшар“ може да биде економски интерес на поголем број инвеститори. Во рудникот во близината на Алшар се проценува дека може да се искористат 20 тони злато.

Талиумот најголемиот адут на рудникот

Заштитениот статус на „Алшар“ ќе се укинува и за да се дозволи искористување на двата минерала по кои тој е особено познат и единствен во светот - лорандиот и талиумот, кои тука се наоѓаат во најчиста форма и во најголемо количество. Пред да стане заштитена зона, на локалитетот беше почната меѓународна научна експедиција „Лорекс - експерименти за лорандитот“, која прекина зашто ваков тип истражувања се забранети во еколошки локалитети.

Во „Алшар „се наоѓаат 50.000 тони руда, која содржи 2 отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот, отров посилен и од арсенот, и лорандитот, како негов минерал, се единствените супстанции што можат да ги детектираат и задржуваат неутрината - вселенските честици со директно потекло од Сонцето. Ако се успее да се одвои неутриното од талиумот, науката полесно ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Тоа ќе значи создавање нов моќен извор на еколошки чиста енергија што може да ги замени фосилните горива, чии резерви секој ден се намалуваат и кои ја загадуваат животната средина. Според досегашните сознанија, во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, кој се наоѓа во лорандитот. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра.

До денеска тоа богатство воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (околу 150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ. Македонските научници денес добиваат едвај од пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“.:facepalm:

Во 2009 година, сопартиецот на Адеми во ДУИ, поранешниот министер за екологија Неџат Јакупи, го прогласи „Алшар“ за заштитена зона, што значи дека таму можат да се вршат исклучиво активности што нема да ѝ и наштетат на природата. Во зоната на строга заштита може да се одвиваат научноистражувачки активности од домашни истражувачи, но под строго утврдени правила. Заради одржување на карактеристиките на локалитетот, тој е под постојан мониторинг на Управата за животна средина.

Кој сѐ допре до Мајдан?

„Алшар“ е стар 15 милиони години. Рудникот бил користен уште во римскиот период. Со векови го буди интересот на странски научни експедиции и на цели држави што бараат концесионерство за искористување на различните минерали, со кои располагаат рудникот и ридот. Уште пред стотина години руда од „Алшар“ испитувале елитните универзитети во Прага, Виена и во Будимпешта, кога биле пронајдени дотогаш непознати минерали.

За време на Османлиската Империја од овој рудник Турците ископувале злато.

Од 1913 до 1923 година рудникот бил под концесија на француска фирма, која најмногу ја експлоатирала антимоновата руда, која е тука со највисок квалитет, а која се користела за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Истражувања на „Алшар“ се извршувале особено последниве пет децении, и тоа не поради златото и антимонот, туку поради лорандитот и талиумот. Особено голем интерес имало од САД и од Русија за време на 1980-тите години.

Во 1988 година, фирма од Рино, Калифорнија, почна со истражувачки активности, по кои „Алшар“ беше посочен како најперспективно наоѓалиште за испитување злато и други благородни метали. Според сведоштвата на рударски инженери, вклучени во истражувањата, тогаш во „Алшар“ била направена подготвителна лабораторија од која се издвојувал килограм чист минерал што се испраќал во САД за анализа. За ова истражување била формирана и мешаната фирма „Мак-Минко“ (македонска рударска корпорација), во која влегоа фирмата од Рино и „Рудкоп“ од Кавадарци како домашен концесионер.

Во 1996 година фирмата од Калифорнија паднала во финансиска криза и побарала партнер за завршување на проектот до фаза на процена на рудните резерви. Во 1997 година партнер за оваа цел станува англоавстралиската фирма „Рио–Тинто“, една од најголемите рударски корпорации во светот. Дополнителни испитувања беа правени до пред 12 години, но тие не дадоа резултат, а „Алшар“ во меѓувреме стана заштитена зона.

Последен пат диви истражувачи со одредено количество собрани минерали беа фатени во 2009 година. Четворицата германски и двајца унгарски државјани беа фатени од локалната полиција како вршат ископување, собираат минерали и кристали од рудникот и ги складираат во комбе со германски регистарски таблички. Во комбето беше пронајдена руда тешка 400 килограми. Копачите тврдеа дека минералите им биле потребни за научноистражувачки цели, иако престојот во Македонија им бил туристички и немале дозволи за вршење геолошки истражувања.

Каде се наоѓа Алшар?

Локалитетот Алшар се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајдан, на планината Кожув, во близината на македонско-грчката граница.

Границата на споменикот на природата, Алшар, почнува од возвишението Рудине (964 м), од каде што води на северозапад и се спушта на раскрсницата на земјениот пат што води за селото Мајдан.

Оттука границата продолжува по земјениот пат во јужен правец кон селото Мајдан и по него води до вливот на Провалска Река во Мајданска Река. Површината на споменикот на природата Алшар изнесува 120,4 хектари.

Во близина на селото е рудникот, кој го добил името „Алшар“ според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито.

Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри. Обложени се со калдрма, денес многу оштетена.
Лево, на двесте метри од „Алшар“, има еден вечно зелен рид, кој никој не го посетува поради големата концентрација на отровниот талиум. Во близината се наоѓаат и извори со топла вода, а на крајот на селото Мајдан, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кој ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат просториите во своите домови. Тоа е, исто така, значаен локалитет поради посебните растителни видови: алшарска темјанушка и арсенската темјанушка, кои претставуваат македонски ендемити.

Автор: Катерина Нешкова Фотографија: Игор Бансколиев


Давање под концесија на рудник кој не е доволно истражуван од матичната земја, без прецизни податоци за вкупната содржина и состав на богатствата во него, а претпоставките одат до милијарди :facepalm:
 
Што е чудно тука??Не мрзи да истражуваме,па на друг ќе му дадеме да истражува и да собира профит.Исто како што нашите земјоделски прозиводи странците ни ги откупуваат на големо,за потоа да ни ги продаваат по маркети како готови производи.Како што не знаеме да управуваме со аеродоромите,па Турци ќе управуваат,нити со струјата,со Телеком и сл.
Нас ни е најлесно друг да му го бери гајлето,ние да продадеме или изнајмиме нешто и да уживаме.
То е.:facepalm:
 
Од лорандит им биле мачевите на античките Македонци. Од лорандит се јајцата на коњотштонееБукефалподвоинотштонееАлександар. Бла бла бла Македонија интергалактички супер шампион у све само тие Американци да не не заебаваа толку, мме.
 
проста работа , оваа влада место да даде некоја пара да го истражат повеќе рудникот , да види колкав потенцијал има , тие го даваат под концесија то ест си ги дават парите под концесија .... па нека инвестират некоја пара нека го средат рудникот ем народ ќе се вработи ем , парите ќе останат во државата
 
проста работа , оваа влада место да даде некоја пара да го истражат повеќе рудникот , да види колкав потенцијал има , тие го даваат под концесија то ест си ги дават парите под концесија .... па нека инвестират некоја пара нека го средат рудникот ем народ ќе се вработи ем , парите ќе останат во државата

извини дечко,владата е зафатена со реформи,да не сакаш целиот кабинет да се пресели со шлемови и чекани да трага по непознатото богатство ??
 
извини дечко,владата е зафатена со реформи,да не сакаш целиот кабинет да се пресели со шлемови и чекани да трага по непознатото богатство ??

не сакам да влагам во муабет за реформините мислам дека повеќе се зафатени со лопатите и препукувањата со сдсм .. инаку нема премиерот и министрите да одат и да истражуваат туку затоа има научници и стручни лица во тој сегмент , нека скратат една рата од парите што ги крадат и нека ги дадат за истражување ...
 
ova e dobra rabota do nekade,ama kolku ke se isplati toj sto ke go zeme ne se znae :)
epten e star rudnikot i e osteten mnogu
 
Во Алшар има тоа што има - лорандит. Талиумов минерал за кој што тешко може во моментов да му се најде практична примена која би донела економска исплатливост.
Она што е корисно од овој минерал засега е само негова примено во испитувањата на процесот на радијација, како и можна примена во испитувања за некои процеси во вселената кои се случувале пред низа милијарди години. Засега ова не наидува на економска оправданост во светски рамки, и токму поради тоа лорандитот како минерал засега не предизвикува некое поголемо внимание.
Досега оние што доаѓале во рудникот ги насочувале своите испитувања кон евентуално изнаоѓање злато и благородни метали, кои знаат да бидат таму каде што има талиум.
 
Чим биле Американци, испитувале и си заминале, чим не се задржале, значи немало нешто битно...

Грешка,лорантид има во Алшар и мислам во бангладеш...на времето алшар беше обезбеден од ЈНА а причината поради која пред 40-60 години не им требал е немањето метод за детекција на неутрино.
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 01:08 ---
незнам што да мислам :)

Не влевај без опрема-има арсен.
 
И да сака не може да влезе, затрупан е одамна.

Зависи како за кого :icon_mrgr:
alsar[1].jpg

Последен пат диви истражувачи со одредено количество собрани минерали беа фатени во 2009 година. Четворицата германски и двајца унгарски државјани беа фатени од локалната полиција како вршат ископување, собираат минерали и кристали од рудникот и ги складираат во комбе со германски регистарски таблички. Во комбето беше пронајдена руда тешка 400 килограми. Копачите тврдеа дека минералите им биле потребни за научноистражувачки цели, иако престојот во Македонија им бил туристички и немале дозволи за вршење геолошки истражувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom