Алшар, празни прикаски или голем потенцијал?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Владата бара концесионер за рудникот Алшар

Владата бара концесионер за детални геолошки истражувања во локалитетот Мајдан кај Кавадарци, познат како Алшар. Мајдан е дел од 72-те локации за кои Владата распиша повик за избор на концесионер за детални геолошки испитувања за минерални суровини, што ќе трае до 21 јануари, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според него, има голем интерес за геолошките истражувања, особено од меѓународни компании, но тие можности треба да ги искористат и домашните субјекти.
- За локалитетот Мајдан има голем број заинтересирани, пред се од САД, Западна Европа и од источниот свет кои веќе се јавуваат во Владата и во Министерството за економија и бараат подетални податоци како би можеле да аплицираат за истражување на овој локалитет. Но, тоа е добра можност да се вклучат и домашните компании со апликации, рече Ѓорѓиев.
Локалитетот Алшар е познат по ретките минерали талиум и лорандит, кои, според досегашните истражувања, тука се наоѓаат во најчиста форма и во најголемо количество. По добивањето концесија, концесионерот ќе врши истражувања во период од две до четири години, по што зависно од резултатите добива можност и за концесија за експлоатација.
Со владиниот повик за детални геолошки истражувања се нудат за истражување 36 локации за неметалични минерални суровини, 31 локација за металични, четири за украсен камен и една локација за геотермални води. Целта на досега најголемиот единечен јавен повик е овозможување нови услови за раст на бизнисите, отворање работни места и обезбедување приходи за општините и државата.
- Тоа ќе значи приход за бизнисите, обезбедување егзистенција на многу компании, како и дополнителен број вработувања, но и нов приход за општините и за државата, пари кои ќе може да се употребат за нови проекти за граѓаните, нагласи Ѓорѓиев.
Право на учество на повикот имаат домашни и странски правни и физички лица и конзорциуми кои ќе ги исполнат критериумите. Почетната цена за добивање на концесијата е 60.000 денари, а ја добива оној што ќе понуди највисока цена.
Во првата половина на јануари, најави Ѓорѓиев, ќе биде распишан јавен повик и за директна експлоатација на 30-ина локалитети, чија финална листа ќе ја утврди Владата на следната седница. Почетната цена за концесијата е 120.000 денари, а ќе се одвива по пат на електронска аукција што е новина во системот која ќе обезбеди транспарентност и конкурентност.
Со цел дополнително уредување и развој на дејноста со минералните суровини Владата одлучила од 1 јануари да почне со работа новооснованиот Геолошки завод, а за директор е назначен д -р Гаврил Мираковски, дипломиран инженер геолог-геофизичар со работно искуство од 35 години во областа.
Геолошкиот завод ќе има задача да ги продолжи прекинатите проекти според современи концепти за истражување, поддршка на големи државни проекти, како што е „Вардарска долина“, како и да креира нови проекти.
Владините активности и мерки за искористување и развој на бизнисот со минералните суровини, дејност која вработува околу 2.000 лица, според Ѓорѓиев, резултирале меѓу другото со поголем прилив на пари во буџетите на општините и на државата по основ на надомест за концесија за истражување и експлоатација. Во изминатите 2,5 години општините по тој основ инкасирале околу 12 милиони евра. Во 2010 година од надомест на концесии за минерални суровини се собрани 422 милиони денари од кои за општините биле 330 милиони денари. Лани се инкасирани вкупно 496 милиони денари, од кои 386 милиони денари за општини. Во првата половина од годинава тие приходи изнесувале 250 милиони денари, при што општините собрале 200 милиони денари.
http://www.sitel.com.mk/node/50484
 
МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГО ИСТРАЖУВА „АЛШАР“



getImageThumbnail.axd
Домашна компанија ќе врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во локалитетот „Алшар“ кај Кавадарци за концесиски надомест во износ од 24 илјади евра. На јавниот повик распишан од Владата во средината на ноември лани, понудата на домашната компанија била највисока од вкупно доставените три, меѓу кои, покрај македонската, една е од мешовита компанија со домашен и странски капитал, а една само со странски капитал.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на прес-конференција информираше дека на повикот преку кој за истражување беа понудени 61 локалитет, се доставени понуди за вкупно 49 локалитети. За локалитетите за истражување на неметални минерални суровини се доставени понуди за 17, а за метални минерални суровни за 28 локалитети.
Понуди се доставени за сите четири локалитети што беа понудени на повикот за украсен камен, а нема ниту една понуда за концесијата што се нудеше за истражување геотермална вода.
Понудите за сите локалитети се од 20 компании од кои девет странски. По основ на надомест за концесија за детални геолошки истражувања ќе се наплатат околу 700 илјади евра. Од тие пари согласно Законот за минерални суровини 78% ќе бидат приход за буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиска дејност, а 22% за државниот Буџет.
Компаниите што доставиле понуди за испитување на локалитетите треба во рок од 30 дена да ги уплатат финансиите што ги понудиле на јавниот повик, по што, во рок од две години кај металичните суровини, да ги извршат истражувањата, а кај неметаличните, за четири години. Доколку има позитивни резултати ќе следи добивање концесија и за експлоатација на минералната суровина што ја откриле на тој локалитет.
http://kapital.mk/mk/makedonija/91993/makedonska_kompanija_kje_go_istrazhuva_„alshar“.aspx
 
se znae li nesto ...koja e domasnata kompanija koja ke stopanisuva so Alsar??
 
Доста со тие глупости, не терајте ја Владата да троши залудно пари на испитувања, па и тие не знаат, немаат пари се надеваат во јасновидци, приказните на баба Ванѓа, можда се точни но не се за Алшар.
Најубаво е некој што не знае да стане,.. да седне тој што знае...
Незнам зошто толку фама се крева околу Лорандитот, кога досега не е запишано или не се користи воопшто,
ни ке дојди некој ни ке го копа, ни ке го употребува,
досега никој не го користи.

А за тоа дали војската на Александар ги премачкувала штитовите нема врска,

тајната на победите на Александар е во друго, според она што е пишано, што го имам прочитано и разбрано, т.е. неколку пати е користен,
-за времето на Александар, расковник + црна магија,
-за времето на борбите од библијата ако се секавате, сандакот што го носеле Евреите.
-за времето на солунскиот рат:

http://www.magicnazona.rs/magicna-biljka-raskovnik-stiti-i-od-metka/
Odbija metak

Pripoveda se da su solunski borci nosili sa sobom raskovnik i da su ga čak stavljali pod kožu, jer po starim predanjima čuva od metka. Inače, amajlija se pravi tako što se komadić korena ušiva u svilenu vrećicu, a zatim se obaje. Veruje se da otvara sva vrata, a pritom vredi za ceo život i ne mora da se obnavlja, osim ako se izgubi. Bitno je da ne dopadne u ruke nikom drugom da se ne bi energetski zaprljala, čak se dešava da nestane ako je dotakne neko kome nije namenjena. Veruje se da magični raskovnik ima moć da otkrije sakriveno zlato, pa su lovci na blago u stalnoj potrazi za ovom biljkom.


или тоа е во митологијата Силата (вера) на Зевс, така го пишува во бугарската литература, вика "не ја знаеш дете силата на Зевс".
или во библијата Дрвото за препознавање доброто и злото, од кое Адам и Ева јаделе.

Каде го најдувале никој не знае, или пак го најдувале во Рајската градина, но таа каде е никој не знае.
 
Последно уредено:
Prosta matematika alshar ima 500. toni Talium cena na Talium (metal topen prociste preraboten e) 80 dolari kilo ili 500.000*80= 40.000.000 da se odzemat trosoci na kopanje i topenje od Alsar ostanuvaat voski kako izvor za Talium. Inaku lorandite se koristi cel kako fakac na neutrina no pazarot za lorandit e smesno mal i ne vredi sega za sega muabet da se pravi sto e najinteresno lorandit moze i vo laboratorija da se pravi so Avtoklav poradi toa sto se potrebni relativno niski temperaturi za sinteza.
Presuda ALSHAR=PRAZNI PRIKAZNI (ekonomski aspekt)
NEMA PARI VO ALSHAR samo interesna nauka.[DOUBLEPOST=1417087007][/DOUBLEPOST]
„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија

Министерството за животна средина, надлежно за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона. Со тоа почнува постапката за издавање на рудникот богат со ретките минерали талиум и лорандит, на заинтересирани концесионери

alsar[1].jpg

Локалитетот Алшар, заштитената еколошка зона, единствена во светот со поголеми количества од минералите лорандит и талиум, чија вредност според количеството руда во рудникот се проценува на околу 1,5 милијарда евра, ќе се дава под концесија - како рудник.:tapp:

Првиот чекор за остварување на оваа идеја на Владата е „Алшар“ повеќе да не биде споменик на природата. Потоа ќе се утврдува точната економска вредност на рудата на локалитетот во близината на селото Мајдан на Кожув Планина, за најпосле рудникот да им биде даден под концесија на заинтересирани инвеститори.

Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежно за чување и за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона.
Како што пишува во поднесениот закон на министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, целта е да се искористи економската вредност на веќе утврдените постојни количества антимон, арсен и злато, со што „Алшар“ може да биде економски интерес на поголем број инвеститори. Во рудникот во близината на Алшар се проценува дека може да се искористат 20 тони злато.


Талиумот најголемиот адут на рудникот

Заштитениот статус на „Алшар“ ќе се укинува и за да се дозволи искористување на двата минерала по кои тој е особено познат и единствен во светот - лорандиот и талиумот, кои тука се наоѓаат во најчиста форма и во најголемо количество. Пред да стане заштитена зона, на локалитетот беше почната меѓународна научна експедиција „Лорекс - експерименти за лорандитот“, која прекина зашто ваков тип истражувања се забранети во еколошки локалитети.

Во „Алшар „се наоѓаат 50.000 тони руда, која содржи 2 отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот, отров посилен и од арсенот, и лорандитот, како негов минерал, се единствените супстанции што можат да ги детектираат и задржуваат неутрината - вселенските честици со директно потекло од Сонцето. Ако се успее да се одвои неутриното од талиумот, науката полесно ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Тоа ќе значи создавање нов моќен извор на еколошки чиста енергија што може да ги замени фосилните горива, чии резерви секој ден се намалуваат и кои ја загадуваат животната средина. Според досегашните сознанија, во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, кој се наоѓа во лорандитот. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра.

До денеска тоа богатство воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (околу 150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ. Македонските научници денес добиваат едвај од пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“.:facepalm:

Во 2009 година, сопартиецот на Адеми во ДУИ, поранешниот министер за екологија Неџат Јакупи, го прогласи „Алшар“ за заштитена зона, што значи дека таму можат да се вршат исклучиво активности што нема да ѝ и наштетат на природата. Во зоната на строга заштита може да се одвиваат научноистражувачки активности од домашни истражувачи, но под строго утврдени правила. Заради одржување на карактеристиките на локалитетот, тој е под постојан мониторинг на Управата за животна средина.

Кој сѐ допре до Мајдан?

„Алшар“ е стар 15 милиони години. Рудникот бил користен уште во римскиот период. Со векови го буди интересот на странски научни експедиции и на цели држави што бараат концесионерство за искористување на различните минерали, со кои располагаат рудникот и ридот. Уште пред стотина години руда од „Алшар“ испитувале елитните универзитети во Прага, Виена и во Будимпешта, кога биле пронајдени дотогаш непознати минерали.

За време на Османлиската Империја од овој рудник Турците ископувале злато.

Од 1913 до 1923 година рудникот бил под концесија на француска фирма, која најмногу ја експлоатирала антимоновата руда, која е тука со највисок квалитет, а која се користела за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Истражувања на „Алшар“ се извршувале особено последниве пет децении, и тоа не поради златото и антимонот, туку поради лорандитот и талиумот. Особено голем интерес имало од САД и од Русија за време на 1980-тите години.

Во 1988 година, фирма од Рино, Калифорнија, почна со истражувачки активности, по кои „Алшар“ беше посочен како најперспективно наоѓалиште за испитување злато и други благородни метали. Според сведоштвата на рударски инженери, вклучени во истражувањата, тогаш во „Алшар“ била направена подготвителна лабораторија од која се издвојувал килограм чист минерал што се испраќал во САД за анализа. За ова истражување била формирана и мешаната фирма „Мак-Минко“ (македонска рударска корпорација), во која влегоа фирмата од Рино и „Рудкоп“ од Кавадарци како домашен концесионер.

Во 1996 година фирмата од Калифорнија паднала во финансиска криза и побарала партнер за завршување на проектот до фаза на процена на рудните резерви. Во 1997 година партнер за оваа цел станува англоавстралиската фирма „Рио–Тинто“, една од најголемите рударски корпорации во светот. Дополнителни испитувања беа правени до пред 12 години, но тие не дадоа резултат, а „Алшар“ во меѓувреме стана заштитена зона.

Последен пат диви истражувачи со одредено количество собрани минерали беа фатени во 2009 година. Четворицата германски и двајца унгарски државјани беа фатени од локалната полиција како вршат ископување, собираат минерали и кристали од рудникот и ги складираат во комбе со германски регистарски таблички. Во комбето беше пронајдена руда тешка 400 килограми. Копачите тврдеа дека минералите им биле потребни за научноистражувачки цели, иако престојот во Македонија им бил туристички и немале дозволи за вршење геолошки истражувања.

Каде се наоѓа Алшар?

Локалитетот Алшар се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајдан, на планината Кожув, во близината на македонско-грчката граница.

Границата на споменикот на природата, Алшар, почнува од возвишението Рудине (964 м), од каде што води на северозапад и се спушта на раскрсницата на земјениот пат што води за селото Мајдан.

Оттука границата продолжува по земјениот пат во јужен правец кон селото Мајдан и по него води до вливот на Провалска Река во Мајданска Река. Површината на споменикот на природата Алшар изнесува 120,4 хектари.

Во близина на селото е рудникот, кој го добил името „Алшар“ според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито.

Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри. Обложени се со калдрма, денес многу оштетена.
Лево, на двесте метри од „Алшар“, има еден вечно зелен рид, кој никој не го посетува поради големата концентрација на отровниот талиум. Во близината се наоѓаат и извори со топла вода, а на крајот на селото Мајдан, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кој ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат просториите во своите домови. Тоа е, исто така, значаен локалитет поради посебните растителни видови: алшарска темјанушка и арсенската темјанушка, кои претставуваат македонски ендемити.


Автор: Катерина Нешкова Фотографија: Игор Бансколиев

Давање под концесија на рудник кој не е доволно истражуван од матичната земја, без прецизни податоци за вкупната содржина и состав на богатствата во него, а претпоставките одат до милијарди :facepalm:
DOBRO BE OVIE SE NORMALNI NA EBAY i ALLIBABA mozes da kupis tallium metalen za 100-150 dolari kilo na golemo e okulu 60-70 dolari kilo ne 5000.
Плус и овие новинариве не разликуваат метал од минерал. Назад во 8мо одделение.
 
Последно уредено:
Продолжуваат истражувањата на Кожуф
Крие ли Алшар непроценливо богатство?

Според Љупчо Јосифовски од Инфо Груп во тек се истражувачките активности и до крајот на јули ќе се знае каква е ситуацијата на теренот кои се потенцијалите на овој локалитет. Потоа, наесен ќе може да се почне со нови истражувања.

272767-krie-li-alshar-neprocenlivo-bogatstvo.jpg

Интензивно се истражува што се крие во утробата на мистериозниот рудник Алшар, во локалитетот Мајдан лоциран на планината Кожуф. Во моментов домашната компанија Инфо Груп врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во овој локалитетот на планината Кожуф и до крајот на јули годинава ќе се знае каква е ситуацијата на теренот, односно кои се потенцијалите на овој локалитет. Ако има доволен руден потенцијал од 2018 година, речиси по еден век пауза ќе стартува и експлоатацијата во рудникот.

Оваа скопска компанија минатата година ја доби концесијата за истражување на минералните суровини и како што велат тие, тоа ќе трае до 2018 година.

Според Љупчо Јосифовски од Инфо Груп во тек се истражувачките активности и до крајот на јули ќе се знае каква е ситуацијата на теренот кои се потенцијалите на овој локалитет. Потоа, наесен ќе може да се почне со нови истражувања.

-Се работи навистина за комплексен процес, а активностите не можеа целосно да се реализираат заради долгата зима, снеговите, поплавите, влажноста беше голема и на теренот не можеа да течат активностите според планираното - појасни Јосифовски.

Паралелно со активностите на инвеститорот на Природно-математичкиот- факултет во Штип на одделот за Геологија се одвива богата научна програма со која се истажува минералното богатство на Алшар.

Круна на макотрпната работа е што деновиве во рудникот Алшар е пронајден нов минерал. Истражувачки тим е предводен од професор Блажо Боев кој по 23 години научно истражување открил нов вид на досега непознат минерал од групата на талиумските минерали. Се работи за 55-иот минерал на талиумот што претставува значајно откритие во фундаменталниот дел од науката.

За да се реализира научната дејност голема помош е добиена од Владата на РМ која овозможи преку програмата да се обезбедат соодветни лаборатории.

Инаку овој рудник бил во експлоатација до Втората светска војна, а потоа само истражуван. Во шеесеттите години е утврдено дека во рудата на Алшар има присуство на антимон, арсен и талиум.

Според геолозите од десетици регистрирани ретки кристали во светот, дури 7 се во Алшар. Рудникот е познат и по лорандитот кој директно потекнува од јадрото на Сонцето (неутрино тајна честичка) кој единствено од целата планета го има во Македонија.

Постојат сознанија дека можно е уште и на еден локалитет во Шри Ланка да го има минералот кој претставува најголема тајна на човештвото, бидејќи се претпоставува дека од него може да се добие вештачко сонце. Научниците објаснуваат дека лорандитот, исто така, претставува природен детектор на најситните честички на сонцето - неутрино, што значи дека единствено тој во експериментите во светските лаборатории може да ја препознае силината и моќта на реакциите на сонцето.

За Алшар знаел и султанот

Геолозите утврдиле дека минерали од локалитетот по потекло од Алшар се наоѓаат и во археолошките остатоци на локалитетот Стоби.
За постоењето на рудникот пишани документи за прв пат се среќаваат во турските тефтери кои датираат од 1481 година. Најголемиот подем рудникот го имал во 15 и 16 век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко.
Рударската населба Мајдан почнала да се формира од 1877 година. Во тој период рудникот бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.
На крајот на 19 и почетокот на 20 век за прв пат било откриено присуството на талиум во рудата.
http://vecer.mk/ekonomija/krie-li-alshar-neprocenlivo-bogatstvo
 
Продолжуваат истражувањата на Кожуф

Според геолозите од десетици регистрирани ретки кристали во светот, дури 7 се во Алшар. Рудникот е познат и по лорандитот кој директно потекнува од јадрото на Сонцето (неутрино тајна честичка) кој единствено од целата планета го има во Македонија.

http://vecer.mk/ekonomija/krie-li-alshar-neprocenlivo-bogatstvo

Се надевам дека оваа грешка му се провлекла на новинарот, а не на научниците. Правилното би било
Неутриното кое потекнува од јадрото на Сонцето и за чија детекција меѓу друго се користи и лорандитот (преку нуклеарна реакција на неутриното со талиумот).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom