Алергии

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
сезонава за алергии се отвори . алергичен на мачки, коњи, прашина, трева, полен, микросрања во постелнина и последно најверојатно и алергичен на некоја ствар која ја имаат маициве што ги носам најчесто на делот кај етикетата и делот кај што е штепот т.е. конецот , ми ја иритира кожата и ме тера на чешање. Некој да не имал проблем со последново случајно?
 
Јас исто така сум алергичен на нешто, се ебавам со алергијава 5 години и уште неможат да ми откријат на што сум!! :mad: Сум направил многу тестови, сум примал инфузија , инекции со денови, нема доктор каде што не сум бил....ми дадоа некоја дијагноза - идиопатска алергија.....Цело време и ден и ноќ, и пролет, лето, есен и зима, внатре и надвор, што и да правам ми излегуваат црвенила по кожата и отоци на зглобовите....единствено кога ќе се напијам поголема доза на декортин само во тој слѕцај ми поминува привремено, а тие лекови се штетни и несмеам да ги пијам цело време, многу гадна работа е ова алергијата :(
--- надополнето: 28 април 2013 во 12:32 ---
Незнам како ми се јавува тоа а замисли ми дадоа строга диета само на леб и вода пак ми се јавува затоа си мислам дека не е нешто хранливо што го јадам не знам каде да појдам никаде да ме оправат идев дури и на баење и не ми помогна не знам што да правам па ајде и тука да се обидам може некој е имал ваков случај па ке помогне.
И јас ја имам уште оваа проклета алергија, исто како тебе сум држел диети неколку пати, значи сум јадел само варени компири, варен ориз, варени јаболки, печен леб, вода и некој чај, ништо друго несмеев да јадам, ама џабе е и тоа не помогна, значи дека не би требало да сум на храна алергичен, а направив и тестови не покажа на нив ништо, правев и тестови за хеликобактер, ме боцкаа и со некои игли,и пак ништо, испитував 10 пати крв све е добро.... а фактички ништо не е у ред...
--- надополнето: 28 април 2013 во 12:35 ---
А да заборавив , исто и јас бев во Дојран таа година на одмор, божем имало алги водата била лековита и слични, а вшусност можеби од таму ја закачив оваа алергија, затоа што тогаш ја немав и кога се вратив од одмор... ми се појави после 1 месец...
 
постојано ме чешат очите и носот,посебно надвор кога сум тогаш нема спас. Ме тера и на кивавица и носот може да ми се раскрвави чат пат.

некој еким ?
 
постојано ме чешат очите и носот,посебно надвор кога сум тогаш нема спас. Ме тера и на кивавица и носот може да ми се раскрвави чат пат.

некој еким ?

Te тера на кивавица? Oh, poor you. Пробај 30, literally, пати по ред кивање with notion to rip your eyes out, голим рукама, онака, без двапати да размислиш. Лоратадин и спреј за прскање го заборавив како се вика, помага можеби 10 посто од проблемот. Додај на тоа прашинка, сонце.. и имаш комбинација на елементи кои творат љубов. Мојата непреплачена љубов. Солзи немам за неа веќе. Дехидрирав.
 
Наебувам и јас со алергии, на полен највеќе, но имам и полипи во нос, нормално излезени се ради алергијата. Еднаш правев операција и 3 години бев супер, после се повратија копилињата... иначе декортин ми помага највеќе мене, лоратадинот и спрејот до некаде. Мојов проблем само со операција се отстранува но сјебот е што знаат да се повратат како и што се случи. Така да неколку месеци во годината на терапија сум :)
 
Од вчера сум како лепрозен. Појма неам од што е. Возев у кола од 2 до 6 со паузи, бев и по поле, натаму-наваму, али се прибрав дома у 6. Од 6 и пол, носот ем ми се затна, ем се растече. Накај 9 и пол излегов на кафе, и почнав да осеќам дека ме чеша. Шетав малку по парк, почнав да кивам, не многу често, и се прибрав, дома гледам цело тело утикарии. Лоратадин и чешањето и утикариите се повлекоа, ама останаа белези. Сабајле бев на село нешто роење пчели, жешко, пот, ама немаше никакви проблеми. У 6 и пол излегов, ама се си беше во ред. Сеа накај 10 пак малку почна да ме чеша, и да се појавуваат утикариите, ама не како вчера, Сеа е 10 и 45, утикариите се малку засилени, ама не ме чешаат. Ова ми се случува прв пат у живот.
 
Луѓе пред некој ден дома донесија Штрково Цвејќе, и од тој ден беше или незнам дали претходно откако се избричив, вратот каде се бричам и лицето сето ми стана тро црвено, чеша, и како набобрено е има ко бабулиња да ги наречеме како брунчиња, тоа цвеќето имало многу полен јас како што знам сум алергичен на полен, не сум сериозно алергичен понекогаш кивам и очите ми се црвени за време на пролет но никогаш до сега не било вака, да барам помош од доктор или од алергија е ова?
 
Дали овие два дена правиш нешто што досега не си правел? Да јадеш нешто што досега не си јадел, да си сменил омекнувач, сапун, дезодоранс, да си вовел било што ново? Иако по ова што го кажуваш поверојатно е да имаш реакција на некој полен кој сега се јавува, без разлика што досега си немал, алергијата може да се јави во било кој период од животот, не е врзана со детството. Секако оди на алерголог, но не може да те тестираат веднаш, мора две недели да немаш никаков знак на алергија. За тоа најверојатно ќе ти дадат да пиеш по една таблетка антихистамин дневно (по мое искуство најдобри се Летизен) и веројатно ќе те стават на диета затоа што кога имаш уртикарија за да се смири мора да се исклучат сите потенцијални алергени (дури и работи на кои не си алергичен може да поттикнат реакција кога имаш акутна уртикарија).
Инаку, болеста се вика уртикарија, а пликчињата уртики ;)

Може да е од алергијата, а може да е иритација од бричење. Тргни го цвеќето, смени го бричот и пената за бричење и оди на доктор да провери да не се работи можеби и за некоја инфекција.
 
Дали овие два дена правиш нешто што досега не си правел? Да јадеш нешто што досега не си јадел, да си сменил омекнувач, сапун, дезодоранс, да си вовел било што ново? Иако по ова што го кажуваш поверојатно е да имаш реакција на некој полен кој сега се јавува, без разлика што досега си немал, алергијата може да се јави во било кој период од животот, не е врзана со детството. Секако оди на алерголог, но не може да те тестираат веднаш, мора две недели да немаш никаков знак на алергија. За тоа најверојатно ќе ти дадат да пиеш по една таблетка антихистамин дневно (по мое искуство најдобри се Летизен) и веројатно ќе те стават на диета затоа што кога имаш уртикарија за да се смири мора да се исклучат сите потенцијални алергени (дури и работи на кои не си алергичен може да поттикнат реакција кога имаш акутна уртикарија).
Инаку, болеста се вика уртикарија, а пликчињата уртики ;)
Сега веќе се е во ред, вчера уствари и немав повторен напад, само нешто како најава, али се измачкав цело тело со спирт ментол, и за 2 минути се се повлече. Денес пак бев во природа како и вчера, меѓу пчели, и нема ништо. У неделата имав и некои стресови, читав нешто на википедија дека е можно како алерген да се јави емоционален стрес, сега претпоставувам дека е тоа. Од она што го наброја во првите реченици немам никакви промени во користење прехрамбени производи или козметики.
П.С. Утикарија ли е, уртикарија ли е, битно се слагаме дека е заебана работа :)
Благодарам за загриженоста :)
 
ДОбро значи ова пчеливе се напаст комшија чува у двор и лом праат си иам 1000 трауми ногава ми е буре вчера две пчели наеднаш ме укасаа. ДАј кажете кај да пријавам диво пчеларство , пошо законот наложува пчели да се чуваат 5 км од населено место ФАЛА неам алергија фала богу ама болки до коски.
 
Јас сум алергична сум на многу работи,имам голема мака со чешање на целото тело и ми испаѓаат црвеници што поминуваат за неколку минути.Дали на некој му се случува истово како мене ?
 
Мене ми испаѓаат како црвени флеки на рацете и грбот,дали некој знае од што може да испаѓаат?
 
Пред 2 години ,секоја пролет на почеток ( и до крај на лето ) ми солзат очите и цело време ми е затнат носот. Ај што неможеш да дишиш пак некако се снаоѓам ,ама ова со очиве е неподносливо .Цело време ме печат ,не се крвави но по некогаш созлат .
До пред 2 години ништо не ми беше може некој да ми каже дали е алергија и ако од што е предизвикана и како да се оправам :) .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom