Александар Вучиќ - најголемиот диктатор на Балканот по падот на комунизмот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување
Александар Вучиќ незнам дали навистина е диктатор или не, не живеам во Србија, Србите најдобро си знаат, но сепак мислам дека е далеку подобар и поуспешен политичар и лидер од повеќето други Балкански лидери Пленковиќ, Кривокапиќ, Рама, Зајко наш, Бугарскине политичари клептомани, Косовските, Босанските и.т.н.
 
Вучко долго ќе остане на власт само заради тоа што нема кој да биде против него. Во стилот "Једино нешто горе од власти је опозиција" така што поголем дел на граѓаните на Србија воопшто не се замараат со политика па на Ацо му се доста партиските полтрони и администрацијата да гласа и да е вечен.

А ако не се лажам да не беше короната невработеноста во Србија ќе се симнеше под 10%.
 
А ако не се лажам да не беше короната невработеноста во Србија ќе се симнеше под 10%.

И во Македонија да не беше короната невработеноста ќе се симнеше под 10% оти она го забави иселувањето на младите
 
И во Македонија да не беше короната невработеноста ќе се симнеше под 10% оти она го забави иселувањето на младите

Така е додуше.

Но Вучко е сепак поспособен од нашите телиња. А пошто има неспособна опозиција останува на власт секако.
Премипрецедник Вучич.
 
Прво за лидерство почна кога го смени наративот и од „сто муслимани за еден Србин„ почна да глуми мајка тереза.

Друго таков е тој кон такви соговорници као ЗЗ, а и копилево заслужи со дебилното однесување тогаш.

За Кособо и понатаму сум уверен дека ке го признае, не за џабе некои српски црковни чиновници го плукаат.
Барем фала да му кажеш треба, го укина апартхејдот врз стокава :)
 
Почит за човеков, факт е дека е добар играч на балканов. Нема збор дека Србија ја крена на нозе. Всушност Србија како најголема држава од бивша ЈУ стално била битен фактор, но во периодот на Милошевиќ и првите години по неговиот пад западна во голема криза.

Денес сериозно си ги искористува предностите што ги има како држава. Инвестициите ги собра од цел балкан кај него, ( ова можеби и е лошо за нас како држава, ама тоа е борба. Ако ги бива нашиве нека се снајдат и нека донесат и они)

Масовно се субвенционира ново отварање на домашни фабрики, селскиот туризам, а и постојните фабрики се реконстуирани во најголем дел.
Најблизок пример за драстична разлика е Алфа-Плам Врање. Како беше само пред неколку години, а како е сега.

Србија го зголемува суфицитот во размена со западен балкан, има одлични односи со 3те сили Кина, ЕУ,
па би рекол дури и добри односи со САД( колку може толку)
Факт е дека од сите успева да извлече пари, инфраструктура, инвестиции.

Заев не би го споредил со Вучиќ.

Човеков е чиста превара. За да остане на власт ја распродаде цела држава.

- двојазичност
- албанец од ДУИ на Агенција за разознавање ( безбедноста ни е во раце на терористи од ДУИ) :tapp:
- долгови кон ДУИ на штета на државата
- масовно задолжување за непродуктивни работи ( нови коли, министерства, вооружување)
- инвестиции во инфраструктура еднакви на 0 (не ги завршија ни започнатите проекти од претходната власт) Прочитани им се глупите финти, ( на еден пат имало бандера и далновод, на оној за Штип имало злато итн.)
- здравство ( донации, ако даде некој арно)
- Инвестиции ( катастрофа, овде мислам дека највеќе изгубивме со оваа власт, Србија ни ги собра сите, јбг имаат тим, кој ни е крив ние што немаме )

- Холидеј ИН ( за тоа колку вреди местото , доказ е тоа што пари добија дури и ВМРО да гласаат. Јбг и тие се ајдуци)
- мајчин дом ( собрано местото)
- Тобако Аеродром ( исто дрпнато местото)
- трошат народни пари за партиски пресметки

Сосема спротивно сме ние од Србија. Таму има инвестиции, инфраструктура, безбедност, и тие се веќе практично многу блиску до ЕУ

Кај нас сосема спротивно. нема инвестиции,( каде се компаниите од типот на Џонсон Мети, Дрексмајер)


Ние имаме проблем што и овој од опозиција е бетер.

Се повеќе мислам дека најдобра опција е Груевски да се врати. ( барем имаше инвестиции и не се шиткаше вака државата)
Точно е дека имаше пропаганда, Латас, Миленко, Тони Михајловски, ама ако се елиминираат ваквите во следна прилика, од денешна гледна точка мислам дека многу подобра опција е од Заев и Мицкоски

Не би дал глас за овие двајца. Иако Апасиев не ми се допаѓа баш гласот би го дал за него.
 
Диктатор или не Србија има 13 пати повеќе странски инвестиции од нас и тоа во време на Корона криза.Темава е отворана колку за утеха,демек ние живееме во држава каде шо царува правдата и слободата.Ќе просераваме овде каков диктатор бил Вучич и ќе трчаме таму на вакцинирање.
 

Најдобар коментар за Вучко

Boljeg nemamo, goreg nećemo naći!

:LOL:
 
Прво никаде во темава не сум правел паралели помеѓу диктаторов и муртинскиот/боксерот, тоа вие сте ишле со оф топици.

Друго лесно е преку медиуми да ти биде се бајковито, одите живејте таму малку да видите како е.

Трето од толку странски инвестиции младите бегаат од Србија, јербо нели бољи живот.

Четврто ке повторам уште еднаш, отворете теми ако сакате за паралели меѓу она во точката еден. Благодарам :)
 
Диктатор или не Србија има 13 пати повеќе странски инвестиции од нас и тоа во време на Корона криза.Темава е отворана колку за утеха,демек ние живееме во држава каде шо царува правдата и слободата.Ќе просераваме овде каков диктатор бил Вучич и ќе трчаме таму на вакцинирање.
Темава е отворена од еден искомплексиран навијач, кој лечи фрустрации, не дека Вучиќ е пример за политичар ама искомплексирааниот донацијата на вакцини која ја обезбеди према Македонија вика дека им проаѓало рок, па ради тоа, а при тоа ниту една друга соседна земја не донираше вакцини, така да се треба да ти е јасно.
 
Странските инвестиции му се ко на Грујо, одете на јутјуб погледнете некое видео за Фиат каков договор има и се ке ви стане јасно
за мене Вучиќ е апгрејд на Грујо


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom