Вучиќ полека сака да се етаблира како лидер во регионот. Доволно е да видиш како се однесува кон Заев.
Изјавите кон Заев му се во стил, ма му кажав јас одамна дека ке добие онаа ствар од Европа ако го смени името, го прекина во сред говор на Табановце зашто му било ладно, а претходно збореше тој 20-30 минути.
Се фали дека е лидер во регионот по економски раст, дека дарува вакцини на сите, иако дел од нив и со краток рок на истечување.
Несомнено е дека има направено некои добри работи за Србија, ама не му го можам ова глуматарењево дека живее од плата, дур сите негови потрчковци се богатат преку ноќ. Радикал кој преку ноќ станал демократ. Нема грешка. Путин за сиромашни.
Ке видиме што ке биде финалното решениe со Косово. По тоа ке му се суди за целиот период.