ЕВЕ ПА ШТО ВЕЛИ ХРИСТИЈАНСТВОТО ЗА АЛЕКСАНДАР
Александар не бил обичен човек. Тој имал мисија за подготовка на патот за доаѓање на Исус Христос. Бидејќи ако Александар не бил стасал толку далеку, не би ни можело со таква брзина да се расшири Христијанството, ако не постоеле толку граници и различни јазици. Значи тој бил Божји пратеник, испратен да го обедини светот, да го освои сиот свет, кајшто сите луѓе би живееле братски. Нешто слично, денес се обидува да стори Европската Заедница.
Александар не загубил ниту една битка. Бил моќен за да го оствари сето ова, но поради неговата загадочна смрт истото не се остварило. Ѓаволот увидел дека Александар ќе ја исполни дадената задача. Тоа убаво е напишано во Библијата.
Тоа е запишано во Данаиловата покајаничка молитва 8: 4, 5, 6, 7.
Она што упатува на самиот Александар е стихот:
(4) Гледав како овен боде на запад, на север и југ. Ниедно животно не успеа да му се спротистави, ништо не успеа да му побегне. Вршел се што посакал, се осилил.
А ова е стихот, што ја опишува загадочната смрт на Александар
(5) Додека размислував, здогледав јарец како доаѓа од западот, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото. Јарецот имаше силен рог меѓу очите.
Да објаснам зошто Александар е оној дворогиот. Зашто кога се родил, се споиле две планети и тогаш се верувало дека ако токму во тој миг се роди некој, истиот ќе завладее со светот. Постои уште еден пример, но во Куранот, кајшто исто така се спомнува за Александар, но под друго име (Зу'Л Карињан, што во буквален превод означува „оној со двата рога“). Се смета дека Александар поточно е споменат во Куранот во осумнаесеттата „Сура“, која се именува како „Пештера“ (Al-Kahfi), во ајетите (стиховите) 83-98. Германскиот историчар Урлих Викен, пишува дека ваквото определување на Александар, потекнува од едно старо египетско предание, во кое тој е претставен како „син на Амон“, а од друга страна Амоновиот син отсекогаш бил претставен како лик, на чија глава имало два рога. Значи сега е јасно дека Александар бил Божји пратеник, со некаква утврдена цел на земјата. А бидејќи е познато дека Александар бил граѓанин на светот (космополит), лесно може да се тврди дека посакувал да го обедини светот, во кој би живееле братски, сите луѓе.
А сега објаснението за извесниот јарец од стиховите на Данаил 8: 20, 21.
(20)Овенот што си го здогледал - неговите два рога - тоа се кралевите Медеј и Персеј.
(21)Рунтавиот јарец е крал на Грција; големиот рог, меѓу неговите очи е првиот крал.
Да се навратиме на Данаиловиот стих 8:5, кајшто јарецот или ѓаволот, увидел што ќе стори Александар и се спуштил на земјата (заклучок од стихот) „јарец доаѓа од запад, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото“...Сите знаеме дека ѓаволот поседува моќ да прави црни магии. Го убил Александар, а сепак убиството никој не го видел. Сите мислеле дека бил отруен, или оти умрел од непозната болест.
Тоа го читаме од овој Данаилов стих 8:7
(7) Здогледав како му се приближува на овенот. Јаросно удри во него и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила да му се спротистави.Го собори јарецот на земјата и започна со копитата да го гази. Никој немаше за да го спаси овенот.
Еве спојка од Светото Писмо, кајшто се запишани овие пророчки стихови:
http://www.istocnik.com/cgi-local/biblija/biblija.cgi/27dan008l.html