Александар Македонски, муслиман?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Кои основни учења? Илузиите на Мухамед дека е посебен?

Илузија си ти бе другар и тоа целиот. Основни работи не познаваш а се впушташ во дискусија за тебе непознати работи. Ми заприлега на мувата која што помислила дека е капетан на брод веслајќи на една сламка во вирчето од коњска мокраќа.


Ова би го превел како: колку и да си начитан и да имаш факти, за нас верниците си глуп, затоа што не веруваш во нашите приказни.

И пак ќе зборувам за ароганција. Целта на репликата ти е да навредиш, без никаква презентација на факти или пак објаснување.

Само што се потврди самиот себе си.
 
Ха! Повторно еден куп празни зборови без ниту еден конкретен податок. Почнувам да се сомневам дека имаш било какво познавање од твојата почитувана религија. Најверојатно исто како и речиси сите верници го имаш во глава само она што ти било всадено како мал, без никаков обид понтаму да се преиспиташ себе си и тоа што мислиш дека го знаеш.

Патетично.
 
Дали тие целта само да пишуваш колку да е напишано или да размениш мислења и ставови со другите?

За моето познавање на мојата религија ич да не се секираш,тоа е мој проблем.:toe:

А сега бујрум продолжи по темата...
 
Па нормално дека е така! -Зарем Александар Македонски не беше многубожец?

П.С. Некаде на почетокот на темава дадов некои видувања од страна на одредени исламски теолози кои се обиделе да најдат сродност помеќу личноста спомната во Кур,анот по име Зул Карнејн и Александар Македонски.

Но сепак тоа се само видувања кои не кореспондираат со вистината. :)
 
Вистина дека александар македонски е спомнат во куранот по името зул карнијан. тоа го пишува и во книгата на александар донски.

еви ви дел од тоа

Зу'л-Каринијан или во буквален превод ова име значи "Оној со два рога" Германскиот историчар Урлих Вилкен пишува дека ваквото детерминирање на Александар потекнува од старото египетско предание, според кое Александар е преставен како "син на Амон". Од своја страна синот на Амон во ликовните престави секогаш бил прикажуван како лик кој на глават имал два мали рога. Што се однесува до самото спомнување на Александар во Куранот конкретно се смета дека тој е спомнат во осумнаесетата сура која се вика "Пештера" (AL-Kahfi) и тоа во ајетите (стиховите) 83-98.
 
ЕВЕ ПА ШТО ВЕЛИ ХРИСТИЈАНСТВОТО ЗА АЛЕКСАНДАР

Александар не бил обичен човек. Тој имал мисија за подготовка на патот за доаѓање на Исус Христос. Бидејќи ако Александар не бил стасал толку далеку, не би ни можело со таква брзина да се расшири Христијанството, ако не постоеле толку граници и различни јазици. Значи тој бил Божји пратеник, испратен да го обедини светот, да го освои сиот свет, кајшто сите луѓе би живееле братски. Нешто слично, денес се обидува да стори Европската Заедница.
Александар не загубил ниту една битка. Бил моќен за да го оствари сето ова, но поради неговата загадочна смрт истото не се остварило. Ѓаволот увидел дека Александар ќе ја исполни дадената задача. Тоа убаво е напишано во Библијата.
Тоа е запишано во Данаиловата покајаничка молитва 8: 4, 5, 6, 7.

Она што упатува на самиот Александар е стихот:

(4) Гледав како овен боде на запад, на север и југ. Ниедно животно не успеа да му се спротистави, ништо не успеа да му побегне. Вршел се што посакал, се осилил.

А ова е стихот, што ја опишува загадочната смрт на Александар
(5) Додека размислував, здогледав јарец како доаѓа од западот, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото. Јарецот имаше силен рог меѓу очите.
Да објаснам зошто Александар е оној дворогиот. Зашто кога се родил, се споиле две планети и тогаш се верувало дека ако токму во тој миг се роди некој, истиот ќе завладее со светот. Постои уште еден пример, но во Куранот, кајшто исто така се спомнува за Александар, но под друго име (Зу'Л Карињан, што во буквален превод означува „оној со двата рога“). Се смета дека Александар поточно е споменат во Куранот во осумнаесеттата „Сура“, која се именува како „Пештера“ (Al-Kahfi), во ајетите (стиховите) 83-98. Германскиот историчар Урлих Викен, пишува дека ваквото определување на Александар, потекнува од едно старо египетско предание, во кое тој е претставен како „син на Амон“, а од друга страна Амоновиот син отсекогаш бил претставен како лик, на чија глава имало два рога. Значи сега е јасно дека Александар бил Божји пратеник, со некаква утврдена цел на земјата. А бидејќи е познато дека Александар бил граѓанин на светот (космополит), лесно може да се тврди дека посакувал да го обедини светот, во кој би живееле братски, сите луѓе.
А сега објаснението за извесниот јарец од стиховите на Данаил 8: 20, 21.
(20)Овенот што си го здогледал - неговите два рога - тоа се кралевите Медеј и Персеј.
(21)Рунтавиот јарец е крал на Грција; големиот рог, меѓу неговите очи е првиот крал.
Да се навратиме на Данаиловиот стих 8:5, кајшто јарецот или ѓаволот, увидел што ќе стори Александар и се спуштил на земјата (заклучок од стихот) „јарец доаѓа од запад, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото“...Сите знаеме дека ѓаволот поседува моќ да прави црни магии. Го убил Александар, а сепак убиството никој не го видел. Сите мислеле дека бил отруен, или оти умрел од непозната болест.
Тоа го читаме од овој Данаилов стих 8:7
(7) Здогледав како му се приближува на овенот. Јаросно удри во него и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила да му се спротистави.Го собори јарецот на земјата и започна со копитата да го гази. Никој немаше за да го спаси овенот.
Еве спојка од Светото Писмо, кајшто се запишани овие пророчки стихови:
http://www.istocnik.com/cgi-local/biblija/biblija.cgi/27dan008l.html
 
На вистината треба да и се погледне во очи и да се признае дека Александар бил еден крволочен и егоистички човек, какви што се впрочем сите луѓе без Светиот ДУХ БОЖЈИ!

Гениј,
кои религии ги споменуваш во време кое хронолошки соодветствува на периодот на паганство, пред нова ера?

Кој е совршен христијанин/ муслиман/ евреин....наведи уште некое верско убедување по ќеиф.

?
 
Мисирков убаво постави прашање! И побара одговор на истото.
Не побара, ниту овозможи дебилизам!
51 мислење избришав.

Јас така реков.
И речено е.

Следниот кој нема да размисли, нема да го прочита првиот пост, јаде бан!

Крај.
 
ЛОГОСОТ (СЛОВОТО БОЖЈЕ) кој се отелотвори во ИСУС ХРИСТОС е Цар над времето и просторот. Без Него нема живот. Што значи: секаде каде што има (Вистински) чист живот таму е ХРИСТОС ВЕЧНИОТ!
Јас лично неверувам дека александар живеел 100% Вистински живот и со тоа се согласувам дека бил грешноверен паганин!

Кога би бил чист верник како ИСУС(или Адам на почетокот), тогаш навистина би можел да се нарече и муслиман!

поздрав

п.с. Ако е малку тешко за сваќање, тогаш оставете и немислете многу интезивно. БОГ ќе ви го објасни тоа со времето


ДајБОЖЕ + Иншалах
 
Шпиро, а бе, сам се местиш за бан или така те викаат (а те викаат неодеветен пулен на Златан Сремац училиштето)???

Дали насраното има врска со прашањето од Мисирка или не??

Јас одговорно велам дека е недоветно и нема врска, туку е само спам и тролуење.

А ти го велам поради милоста божја во мене која ме тера да те банирам само од темава, а не и од целиот форум.

Живеј!
 
ЕВЕ ПА ШТО ВЕЛИ ХРИСТИЈАНСТВОТО ЗА АЛЕКСАНДАР

Александар не бил обичен човек. Тој имал мисија за подготовка на патот за доаѓање на Исус Христос. Бидејќи ако Александар не бил стасал толку далеку, не би ни можело со таква брзина да се расшири Христијанството, ако не постоеле толку граници и различни јазици. Значи тој бил Божји пратеник, испратен да го обедини светот, да го освои сиот свет, кајшто сите луѓе би живееле братски. Нешто слично, денес се обидува да стори Европската Заедница.
Александар не загубил ниту една битка. Бил моќен за да го оствари сето ова, но поради неговата загадочна смрт истото не се остварило. Ѓаволот увидел дека Александар ќе ја исполни дадената задача. Тоа убаво е напишано во Библијата.
Тоа е запишано во Данаиловата покајаничка молитва 8: 4, 5, 6, 7.

Она што упатува на самиот Александар е стихот:

(4) Гледав како овен боде на запад, на север и југ. Ниедно животно не успеа да му се спротистави, ништо не успеа да му побегне. Вршел се што посакал, се осилил.

А ова е стихот, што ја опишува загадочната смрт на Александар
(5) Додека размислував, здогледав јарец како доаѓа од западот, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото. Јарецот имаше силен рог меѓу очите.
Да објаснам зошто Александар е оној дворогиот. Зашто кога се родил, се споиле две планети и тогаш се верувало дека ако токму во тој миг се роди некој, истиот ќе завладее со светот. Постои уште еден пример, но во Куранот, кајшто исто така се спомнува за Александар, но под друго име (Зу'Л Карињан, што во буквален превод означува „оној со двата рога“). Се смета дека Александар поточно е споменат во Куранот во осумнаесеттата „Сура“, која се именува како „Пештера“ (Al-Kahfi), во ајетите (стиховите) 83-98. Германскиот историчар Урлих Викен, пишува дека ваквото определување на Александар, потекнува од едно старо египетско предание, во кое тој е претставен како „син на Амон“, а од друга страна Амоновиот син отсекогаш бил претставен како лик, на чија глава имало два рога. Значи сега е јасно дека Александар бил Божји пратеник, со некаква утврдена цел на земјата. А бидејќи е познато дека Александар бил граѓанин на светот (космополит), лесно може да се тврди дека посакувал да го обедини светот, во кој би живееле братски, сите луѓе.
А сега објаснението за извесниот јарец од стиховите на Данаил 8: 20, 21.
(20)Овенот што си го здогледал - неговите два рога - тоа се кралевите Медеј и Персеј.
(21)Рунтавиот јарец е крал на Грција; големиот рог, меѓу неговите очи е првиот крал.
Да се навратиме на Данаиловиот стих 8:5, кајшто јарецот или ѓаволот, увидел што ќе стори Александар и се спуштил на земјата (заклучок од стихот) „јарец доаѓа од запад, по површината на сите земји, не допирајќи го тлото“...Сите знаеме дека ѓаволот поседува моќ да прави црни магии. Го убил Александар, а сепак убиството никој не го видел. Сите мислеле дека бил отруен, или оти умрел од непозната болест.
Тоа го читаме од овој Данаилов стих 8:7
(7) Здогледав како му се приближува на овенот. Јаросно удри во него и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила да му се спротистави.Го собори јарецот на земјата и започна со копитата да го гази. Никој немаше за да го спаси овенот.
Еве спојка од Светото Писмо, кајшто се запишани овие пророчки стихови:
http://www.istocnik.com/cgi-local/biblija/biblija.cgi/27dan008l.html

Сакав со ова да кажам дека ако пишува за него во Билблијата незначи дека бил христијанин, а исто така и дека ако пишува во Куранот за него незначи дека е муслиман!
 
Сакав со ова да кажам дека ако пишува за него во Билблијата незначи дека бил христијанин, а исто така и дека ако пишува во Куранот за него незначи дека е муслиман!



Тоа значи дека во едниот живот бил едн оа во другиот друго. Заклучок постои реинкранација.
 
:pos2:ме изнасмеа, ја измести темава со една реченица!


Не ја изместив темата, тоа е проблемот што вие не сте свесни дека постои реинкранација или ако сакаш лага е дека е еден живот. Па сега ти како сакаш но сигурно е дека и во бибилјата имаше една убава мисла која гласеше дека ако напаѓаш нешто што можеби ти си бил таков. На приемр ако сега ги напаѓам црнците можеби јас во претходен живот сум бил црнец и сега нели испаѓаш дека се напаѓаш и самиот себеси. Така да госпдо бог многу убаво кажал дека сите луѓе на ово јсвет се браќа. па така да и муслимани и христијани се браќа.
 
Не се глупости, Радост.

Quark погоре објасни нешто важно за муслиманската вера. Самиот Мухамед не вели дека тој ја зимислил верата, туку се надоврзува на традицијата на сите кои пред него го почитувале единственито Бог. Адам (Адем), Мојсеј (Муса), Соломон (Сулеман), Давид (Даут), според Мухамед, биле сите муслимани бидејќи верувале во истото што и тој. Исус (Иса) исто така се смета не само за муслиман, туку и за света личност на муслиманската вера, божји пратеник. Мухамед го започнува Куранот со зборовите; “од сите луѓе на земјата, јас сум најблизок до Исус“.

Во тој смисло, нема ништо нелогично во прашањето со кое Мисирков ја отвори темава. Александар ги имал најтешките битки во Сидон и Тир. Во Стариот Завет е спомнат неколку пати, па не би бил ништо нелогично ако податоци за него има запишано и во некоја муслиманска света книга.

Па бидејќи христијанството верува во Исус Христос, а викаш дека Мухамед го почнувал куранот со таа реченица..,
тогаш зошто да веруваш во човекот кој е најблизок до Исус, а да ја отфрлаш религијата која верува во Исус, и која ги учи своите поданици според Исусовите преданија..??? Не знам не сум многу запознаен со Исламот како религија и нејзиното учење, ама ова што е погоре наведено ми нема смисла.

Иначе во тоа време не постоело ни христијанството , ни исламот, луѓето биле многубошци. Не можејќи да си објаснат одредени појави , тие сметале дека тоа се е нешто надприродно.
Но, токму Александар смета дека човештвото треба да живее во еден свет без граници, и дека има само еден Бог, заеднички за сите народи. Токму таква мисија имал и Мојсеј, и останатите личности што се спомнуваат во стариот завет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom