Албуми со самолепливи сликички

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ете од прва рака инфо дека ние имаме 24 сликички помалку за собирање.
 
Иначе за цената на пакетчињата..Според мене за земјите во евро зоната насекаде ќе биде по едно евро, а во другите земји "малку" поевтино.Пример на големата кутија пишува "цена за Романија" 4 ЛЕИ,ако ги конвертираш во денари излегува 50 денари.Така да очекувам во Македонија да се движи меѓу 40 и 50 денари максимум.Се над тоа би било безобразен грабеж.
 
Еве го Белгискиот.Од вчера го пуштија во продажба.Едно пакетче е 1 евро, а во албумот треба да се соберат 654 сликички.Прегледај го приврзокот 289536Прегледај го приврзокот 289537
Автоматски споено мислење:

Како што можев да видам у сребрениов има и сликички каде играчите од репрезентацииве прославуваат.А во синиов го нема тоа.Само логото на репрезентацијата.
Штета што ги нема за собирање сликичките со прославување. Ја видов од портокаловииот албум, нашата беше слика после победата над Грузија.
 
Штета што ги нема за собирање сликичките со прославување. Ја видов од портокаловииот албум, нашата беше слика после победата над Грузија.
Ај постирај ја ако ја најдеш негде на нетов?

Штета во тој случај, се сложувам, баш и ме интересираше што слика би одбрале од нашиве
 
Иначе оваа слика со прославата ја има во албумот на страната кај што се претставуваат четирите репрезентации кој што се во иста група.Само што не треба да се лепи дополнително.20210327_132040.jpg
Автоматски споено мислење:

П.С. Македонија скоро собрана !! :)20210327_133210.jpg20210327_133227.jpg
 
Иначе оваа слика со прославата ја има во албумот на страната кај што се претставуваат четирите репрезентации кој што се во иста група.Само што не треба да се лепи дополнително.Прегледај го приврзокот 289625
Тоа би требало да е разликата со портокаловиот албум. Таму мислам и овие сликички треба да ги лепат, додека кај синиот што ќе дојде и во Македонија ќе бидам испринтани.
 
Тоа би требало да е разликата со портокаловиот албум. Таму мислам и овие сликички треба да ги лепат, додека кај синиот што ќе дојде и во Македонија ќе бидам испринтани.
Па искрено и поарно.Ете секако ја има сликата.Нема никаква смисла да се лепи дополнително.24 плус сликички у најдобар случај би биле 250 денари плус.Под услов да ти се паднат сите од прва.
 
Па искрено и поарно.Ете секако ја има сликата.Нема никаква смисла да се лепи дополнително.24 плус сликички у најдобар случај би биле 250 денари плус.Под услов да ти се паднат сите од прва.
Дефинитивно е поарно.

Да не зема со албумот од тие пакетите со 140 пакетчиња сликички или си ги купуваше одделно? И да не знаеш колку пакетчиња досега ти требаа да ги присобереш нашиве?

Читам во странство имало за 100 и кусур евра, албум со 140 пакетчиња. Кај нас не верувам дека би имало таква понуда.
 
Одделно ги купувам.Овде единствена промоција шо видов беше еден Белгиски спортски неделник со гратис албум и 25 сликички,ама не видов шо цена е.Иначе нашиве ги присобрав со околу 120 пакетчиња ама имам и 10 дупликати.Дефинитивно може и со помалку пари да се соберат ама треба да имаш круг на пријатели со кој што ќе можеш да мењаваш.
 
Албумот панини 365 моментално што е во продажба кај нас го собрав со два бокса купени и +- и размена па така мислам дека ќе е и овој. Финансиски некаде му доаѓа 60-70 евра + -, цената на пакетче е 35 ден. Инаку еден бокс имаше 50 пакетчиња со по пет сликички. Албумот и слиличките топ квалитет,. Ми фалат уште девет сликички и деновиве ќе ги нарачам. Инаку и за 100 празни кеси ранец ми дадоа фифа 365 обичен со нивно лого.
 
Дечки,продавам 465 стикери(што не се повторуваат)за новиот албум на Панини Еуро 2020.Цената е 70 евра.Ако е некој е заинтересиран нека пише! Поздрав!
 
Филе на фб објави видео од албумот и доста беше разочаран. Немало убав распоред каде можеш да внесиш резултати. Плус со тие дуплите in action и немањето сликички од стадионите...
Сеедно, каков и да е, мора да го купиме ради нашите. Уште да можеше пример да се порача од Панини МК албум со тврд повез... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom