Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам сега за сега да не садам растенија , за тоа ќе ми треба додатокот за кислород , само ми кажи одпосле ќе успеат ли растенијата во веќе активен аквариум ?

Зависи од сетапот на аквариумот. Многу од растенијата бараат добро осветлување, но осветлувањето повлекува додатни „проблеми“:
Не знам дали можеш да ја видиш оваа тема без да бидеш најавен, но знај дека ќе ти биде од огромна помош! http://forum.mkreef.com/index.php?topic=5518.0
 
Значи за мене како почетник за да не ми се појават проблеми најубаво е да се одлучам на вештачки растенија....бидејќи нели од многу светлина се појавуваат алги , и тоа е проблем за рибите... така да останувам за почеток со вештачки ! ваше мислење ?
 
Алги се појавуваат ако аквариумот прима директна светлина од сонцето, а не од неонката...
 
Значи за мене како почетник за да не ми се појават проблеми најубаво е да се одлучам на вештачки растенија....бидејќи нели од многу светлина се појавуваат алги , и тоа е проблем за рибите... така да останувам за почеток со вештачки ! ваше мислење ?

Јас не би ти препорачал да ставаш пластика во аквариумот. Подобро воопшто без растенија, отколку со вештачки растенија. Рибите се поздрави доколку средината во која живеат наликува на нивниот биотоп.
 
Да го надополнам Zlatikevichius , ако се одлучиш да ставиш пластични растенија во аквариумот, или нешто слично (школки од плажа/море, интересни камења) пред да ги ставиш, добро извриј ги, на мене заради таква грешка еднаш ми умреа сите риби :D
 
Или тоа, или третирај ги со раствор од хиперманган за да ги уништиш бактериите. И додатно: не ставај школки во слатководен аквариум во никој случај! Школките содржат голем процент на калциум кој се раствора во водата и не само што ја затврднува, туку им штети скоро на сите видови слатководни риби (освен можеби на Малави и Тангањика циклиди, што ти сигурно нема да чуваш). Исто така, избегнувај кварцен песок за подлогата, од истите причини!
 
Да не знае некој да се продаваат сушени јајца од ракчиња, исто како артемиите само под име триопс или тригонс, сакам да одгледувам во моите аквариуми.
 
Пред некој ден купив 2 караси мислам дека така се викка златните рипки. Ги чувам во кугла и на дното имам ставено по некоја школка пред тоа добро извриени во вода. Кога им ја менувам водата им ставам нова која векје е преседена 1-2 дена во шишиња(менувам вода на 2-3 дена). Дали сево ова е ок? Големината им е како на сликава http://www.petshop-online.com.au/wp-content/uploads/2012/02/goldfish.jpg Инаку како храна ми ја дадоа оваа http://i.imgur.com/g2RjRMo.jpg и ми рекоа да им ставам по 3-4 сзнца на ден. Сакам да прашам дали оваа храна е добра за овој вид на риби и дали оваа доза е доволна или може 2 пати на ден по две зрнца
Благодарам однапред
 
Имам искуство од чување караси во кугла, и мој совет е да ги направиш следните две промени:
1.Карасите се слатководни риби и неприродно е да се чуваат во когла во која има морски школки. Дополнително - оклопот на школката е составен во голема мера од калциум кој се раствара во водата и може многу да и наштети на рипката. Затоа - под итно извади ги школките од куглата. Можеш да ги замениш со украсни камчиња или песок, само внимавај да не е кварцен песок, од истите причини кои ги кажав за школките.
2.Да, на карасите им даваат таква храна, но - карасите се рипки кои многу ја валкаат водата преку изметот, а изметот на рипките кои јадат таква храна е преполн со токсини кои се ослободуваат во водата и можат да ги отрујат рипките. Ако велиш дека на секои два дена им ја менуваш водата, тогаш може и да нема никаков проблем. Но, за секој случај, моја препорака е да појдеш во аква шоп и да им купиш лисната храна или ларви од комарец - со таквата храна нема да имаш никаков проблем.

Плус, внимавај кога им ја менуваш водата да не им предизвикаш шок на рипките. Ова е многу важно, зошто најчеста причина за смрт на карасите е таа. Значи пред да ја ставиш рипката во новата вода, прилагоди ја на истата.
 
А да прашам дали е ок оваа храна да ја здробам и д аим ја давам во овие количини како што кажав 3-4 на ден додека да ја потрошам па после ке купам друга здравје? И дали е ок што на едната рипка на две мали перки на задниот дел ми изгледа црно како подизгорено(чисто за асоцијација)? Во кои длеови од денот да ги хранам?
 
Ова е џигер, ако не се лажам, така? Мислам дека можеш да ги храниш и со ваква храна, не е проблем, само мораш да бидеш претпазлив да не им ставаш повеќе од 3-4 зрнца за да не се распаѓа во водата, и да ја менуваш водата почесто. Ама нема да ти биде проблем да купиш храна каква што ти напоменав, зошто едно пакување од таа храна е 30 до 40 денари. Доволно е еднаш дневно да се хранат, максимум два пати, ама по многу малку (неколку зрнца), зошто рибите се ненаситни и не знаат колку им е доста. Ако ги прејадеш, може да почнат да се превртуваат низ водата, а со тоа и да им се ближи крајот.

Плус, уште еден совет - внимавај да не ги допираш рипките. Карасите имаат заштитна мембрана на телото која лесно се оштетува, и ако се оштети, може да биде фатално по рипката.
 
После некое време решив да праам една генералка на ајвариумот пошто вриеше трева.Сменив вода ова она исеков тоа "тополите",зачистив стаклото,филтерот,неонката.....
И кога се смири водата гледам нешто мрда у песокот.Си викам некоја се окотила.Гледам не е риба.Личи на школка.WTF си викам бајaги време сум го подзаборавил да го исчистиам.Кога се загледав по песокот - врие такви мали чуда.Буричкав низ тревите,камењата и гледам има и поголеми по 2-3 сантими.Личат на школки,или се полжави незнам.Битно ги има доста,ваљда растат штом има различни големини,а јас не сум ги ставил таму сигурно.Еве една фотка ако знае некој што чудо е ова.
1234146_10202401799749759_228048586_n.jpg
 
Тоа на сликата е полжав - Melanoides Tuberculata, алгар. Многу се корисни за аквариумот затоа што го чистат од зелена алга, ама можат многу да се накотат, па да ти се преполни аквариумот со полжави. Ако сакаш да ги уништиш, постои само еден единствен начин кој е ефективен: ќе најдеш и ќе купиш од некаде полжави убијци (Clea Helena, или на англиски Assasin Snail) - има се да сотрат! :D
 
Или по некоја риба која што ги има на менито како на пример Loaches anyone?
Ама шала на страна кај нас некаде има да се купат Assasin Snails?
 
Aqua Shop Nemo, во ТЦ Олимпико во Тафталиџе. Побарај, треба да имаат. Ако не, барај по форуми. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom