Имам искуство од чување караси во кугла, и мој совет е да ги направиш следните две промени:
1.Карасите се слатководни риби и неприродно е да се чуваат во когла во која има морски школки. Дополнително - оклопот на школката е составен во голема мера од калциум кој се раствара во водата и може многу да и наштети на рипката. Затоа - под итно извади ги школките од куглата. Можеш да ги замениш со украсни камчиња или песок, само внимавај да не е кварцен песок, од истите причини кои ги кажав за школките.
2.Да, на карасите им даваат таква храна, но - карасите се рипки кои многу ја валкаат водата преку изметот, а изметот на рипките кои јадат таква храна е преполн со токсини кои се ослободуваат во водата и можат да ги отрујат рипките. Ако велиш дека на секои два дена им ја менуваш водата, тогаш може и да нема никаков проблем. Но, за секој случај, моја препорака е да појдеш во аква шоп и да им купиш лисната храна или ларви од комарец - со таквата храна нема да имаш никаков проблем.
Плус, внимавај кога им ја менуваш водата да не им предизвикаш шок на рипките. Ова е многу важно, зошто најчеста причина за смрт на карасите е таа. Значи пред да ја ставиш рипката во новата вода, прилагоди ја на истата.