Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
Sakam nekoj da mi objasni deka ke zimam novorotki da mi objasni so trevki da zemam za kotenje da se krijat malite i da mi kaze kako da gi zasadam trevkite ve molam
 
DSC_0136.jpg DALI VODATA e NORMALNA BIDE ODSTOJUVA VEKE 2 DEN I SE POJAVIJA NEKOJ PLIKOVI ETE VIDETE DALI E NORMALNO KAZETE MI PLS
 
За имиња незнам, никогаш не сум крштевал риби, изгледа затоа што имам околу 3000.
;)

Аха, на сон ти поминале 3000, ти со твоите години да не заработуваш случајно па да раниш 3000 риби
 
Аха, на сон ти поминале 3000, ти со твоите години да не заработуваш случајно па да раниш 3000 риби
Семејно хоби е. 40 години традиција и квалитет. Имаме уште 19 аквариуми кои не се толку уредени и се наменети за размножување и чување на риби. Имаш коментар?
185944_1650171975816_438481_n.jpg
 
Семејно хоби е. 40 години традиција и квалитет. Имаме уште 19 аквариуми кои не се толку уредени и се наменети за размножување и чување на риби. Имаш коментар?
Прегледај го приврзокот 71062

А ја мислев ме мајтосуваш нешто :D
П.С направи повеќе слики од аквариумите и желките, би сакал да ги видам одблизу :)
 
За желките ќе ми треба повеќе време, ги чувам во посебно приспобен двор зад мојата куќа, треба да ги најдам. А од рибите еве..
181662_1659319684503_7757875_n.jpg181990_1659320164515_168415_n.jpg182412_1650164175621_6708081_n.jpg183222_1659319004486_3671759_n.jpg183332_1650170335775_7547192_n.jpg185820_1650168095719_5219376_n.jpg185820_1650168215722_3538882_n.jpg185820_1650168255723_7188289_n.jpg296825_2154659907699_326417351_n.jpg
 
Здраво Форумџии . Имам неколку прашања за вас. Сакам да чувам рибички па да ми објасните се по ред како оди работата :D Си направив аквариум 40x20x20 околу 15 литри вода , и сега нели не е се така стави вода и одма риби , значи да си прашам :
1.Пумпа - (гледам по форуми има некој пумпи за кислород + филтер со сунѓер нешто , 2 во 1 , сите се така или не ? ) - Цена ?
2.Термометар - Цена ?
3.Растенија - (вештачки или природни) -Цена ?
4.Осветлување - колку W да тразам неонка ?
5.Третман на водата -(значи вака,се слушнав со еден пријател што продава рибички и ми вика пред да ги пуштам во аквариумот требало во водата да ставам една рака готварска едра сол и да стои 24 часа со вклучена пумпа и филтер.)
ВНИМАНИЕ СЛЕДУВА ГЛУПАВО ПРАШАЊЕ !! :pos::tapp::ROFLMAO:
6.Грејач - потребно е или не / зашто неонката ќе грее на толку малку вода :vozbud::cuc:
тоа е сеа за сеа...ако има нешто ќе прашам ..
Фала однапред за одговорите....;)
 
Не дека сум некој експерт за чување риби, ама еве ги имам веќе неколку месеци и мислам дека одлично се снаоѓам. Секако, прочитав илјадници постови по форуми, особено на www.mkreef.com - најискрено ти препорачувам да се приклучиш на тој форум.
Е сега вака - ќе ги извртам твоите прашања по друг редослед, затоа што сметам дека по важност така треба да одат, пред да го наполниш аквариумот.

5. Третман на водата - ова е најважно од се кога стартуваш аквариум. Процесот се нарекува - циклирање. Значи, откако убаво ќе го исчистиш аквариумот, ја поставуваш подлогата (немој да ставаш вештачки камчиња во боја. Колку поприродно изгледа, толку поубаво). Солидна опција ти е - речна песок, добро измиена (ако треба и 100 пати) од нечистотии, и третирана или со благ раствор од хиперманган (ќе си купиш од аптека), или превриена на оган, за да ги уништиш бактериите. Ги ставаш филтерот, распрскувачот за воздушната пумпа (ако се одлучиш да купиш), греачот... Потоа ги садиш тревите (најдобро некаде по аглите на аквариумот, пред греачот и филтерот, за да не се гледаат, или во задниот дел на аквариумот. Не ги сади на средина!) Откако ќе го направиш се ова, ја ставаш водата. Точно е дека треба да е отстојана, зошто скопската вода е доста тврда и има бигор во неа што многу риби не го поднесуваат. Во водата се става сол - една лажица е доволна, што ги уништува паразитите (но - мораш да внимаваш, зошто некои типови на риби не ја поднесуваат. На пример рибите од фамилијата Corydoradinae, коридораси (чистачи за песок, кај нас ги викаат муљаши) не поднесуваат сол и можат да умрат од неа.) Значи внимателно со солта.Исто така, во водата се става кондиционер (капки Sera, од тие со плавото капаче :pos:.) Ги има по сите аква шопови, 100 денари е едно шишенце. На 15 литри, доволни ти се 5-6 капки од кондиционерот. Ова е важно, зошто реков, скопската вода е многу тврда, а кондиционерот ја омекнува, па така одговара речиси за сите видови на риби.
Откако ќе го направиш сето ова, значи откако аквариумот ќе го наполниш со вода, вклучуваш греач и филтер, и оставаш се така минимум 3 дена (а најдобро е цела недела). На тој начин водата се циклира, т.е. во истата се развиваат полезни бактерии кои се неопходни за развој на рибите. Значи не додавај риби додека водата не се исциклира!
После тоа треба да внимаваш какви риби ќе купиш, и како ги прилагодуваш на водата. За тоа - потоа! ;)

6. Грејач - НАЈПОТРЕБЕН! Температурата на водата мора да е постојана. Греачите обично имаат термостат, ќе си го поставиш на температурата која им одговара на рипчињата кои ти ги сакаш (обично од 24-28 степени). Мојот е поставен на 27 степени, и НИКОГАШ НЕ ГО ИСКЛУЧУВАЈ ОД СТРУЈА!!!!!!!!

1. Мислам дека сите филтри со сунѓер функционираат и како пумпи за кислород. Цената не се сеќавам баш колку беше, тоа зависи и до филтерот (колку е протокот на вода во единица време и кој е производител), мислам дека не се поскапи од 400 денари филтрите на Atman. Но јас не го користам додатокот за кислород на филтерот, од три причини:
*не изгледа убаво кога меурчињата излегуваат од сред аквариум;
*можеш да си купиш посебна, надворешна пумпа за кислород (јас ја купив 360 денари) со распрскувач (50-100 денари) кој се поставува под песокот, се поврзува со силиконско црево за пумпата, и многу поубаво изгледа кога меурчињата излегуваат од долу. Е сега, ваквиот начин на додавање кислород:
---не ти ни треба доколку имаш доволно растенија во аквариумот кои преку фотосинтезата создаваат кислород во аквариумот
---пумпата за кислород брмчи ненормално многу, ќе те нервира. Затоа јас многу ретко ја вклучувам.

3. Растенија - дефинитивно природни! За почеток земи некои за кои не е потребно наѓубрување, CO2, добра аквариумска подлога богата со минерали и сл. На пример, јас зедов едно жбунче Vallisneria (тука ја викаат житарка) на почетокот (100 денари), и од четири коренчиња, за неколку месеци аквариумот ми е полн со трева. Потребно и е само добро осветлување! Ако сакаш, би можел и да ти подарам од мојата, да не мора да купуваш. Лошо е само што расте многу висока. Не би ти препорачал на старт да купуваш било каква трева, повеќето бараат одржување и постои голема веројатност да се исушат.

4. Осветлување - аквариумското правило е: „пола W на еден литар вода“. Значи, за 15 литри колку што ќе имаш ти, доволно ти е осветлување од 8 W. (Секако, мислам на неонки или штедливи сијалици. Ако ставаш обична сијалица, ќе ти треба минимум 40 W, зошто само 20% од нејзината моќност отпаѓа на светлина, остатокот е топлина.) Е сега, доколку сакаш позабележителни резултати и со растенија, и поубав аквариум, ќе купиш подобра неокна или штедлива сијалица (со подобар спектар). За аквариуми најчесто се купуваат неонки со ознака 800 - 899 (обично ознаката е 865, ако те интересира можам да ти објаснам и што означуваат броевите и зошто ти е потребна баш таква), што се малку поскапи. Обичните неонки што ги користиме за по дома имаат ознаки 700-799. Јас имам една штедлива сијалица од 20W (имам 40 литарски аквариум) со ознака 865, и ти реков, тревата расте како луда.
Многу осветлување носи еден друг проблем - алга. Затоа внимавај аквариумот да ти е скриен од дневна светлина, и да нема многу јако светло - како што реков - пола ват на еден литар вода е доволно.

2.Термометар - јас немам и не ми ни треба, зошто самиот греач си има термостат и се исклучува кога ќе постигне температура од 27 степени.

Тоа е тоа. За рипките понатаму, ако било што друго те интересира, слободно прашај! ;) Со среќа!
 
5. Третман на водата - ова е најважно од се кога стартуваш аквариум. Процесот се нарекува - циклирање. Значи, откако убаво ќе го исчистиш аквариумот, ја поставуваш подлогата (немој да ставаш вештачки камчиња во боја. Колку поприродно изгледа, толку поубаво). Солидна опција ти е - речна песок, добро измиена (ако треба и 100 пати) од нечистотии, и третирана или со благ раствор од хиперманган (ќе си купиш од аптека), или превриена на оган, за да ги уништиш бактериите. Ги ставаш филтерот, распрскувачот за воздушната пумпа (ако се одлучиш да купиш), греачот... Потоа ги садиш тревите (најдобро некаде по аглите на аквариумот, пред греачот и филтерот, за да не се гледаат, или во задниот дел на аквариумот. Не ги сади на средина!) Откако ќе го направиш се ова, ја ставаш водата. Точно е дека треба да е отстојана, зошто скопската вода е доста тврда и има бигор во неа што многу риби не го поднесуваат. Во водата се става сол - една лажица е доволна, што ги уништува паразитите (но - мораш да внимаваш, зошто некои типови на риби не ја поднесуваат. На пример рибите од фамилијата Corydoradinae, коридораси (чистачи за песок, кај нас ги викаат муљаши) не поднесуваат сол и можат да умрат од неа.) Значи внимателно со солта.Исто така, во водата се става кондиционер (капки Sera, од тие со плавото капаче :pos:.) Ги има по сите аква шопови, 100 денари е едно шишенце. На 15 литри, доволни ти се 5-6 капки од кондиционерот. Ова е важно, зошто реков, скопската вода е многу тврда, а кондиционерот ја омекнува, па така одговара речиси за сите видови на риби.

Во аквариум со растенија, особено ако си почетник не треба да ставаш ни трошла сол, не знаеш кое растение скапува од тоа, а кое не... Најдобро да си купиш некој кондиционер за водата, поефтино би те чинело тоа да го купиш него да ти скапаат растенијата (кои прилично се скапи)
 
Не, јас му реков дека за почеток доволна му е Vallisneria, а нејзе и оцет да и ставиш нема да скапе. :pos: Ако планира да става други растенија, било какви, мора повеќе внимание: сол никако, потребно е многу наѓубрување, солидна аквариумска подлога која воопшто не е ефтина да ја купиш во аква шоп, и CO2 систем. Ова за почетник воопшто не е препорачливо да го прави.
 
Фала момци Zlatikevichius buli13 сега за сега ми е доволно подучување ,знам од прилика што треба и како и да почнам едно по едно да спремам се по ред :icon_lol: Ако имам друга дилема пак ќе ве прашам.. Еве и слика од аквариумчето што го направив :) а уште нешто да прашам, кажете ми оваа ли е таа пумпа со две функции филтер + кислород , оти гледам има и некој си сунгер филтер ќе врше работа нешто или не го бива :DDSCN6386.JPG10377_101628033345115_1470369854_n.jpg430819_101629370011648_1597129317_n.jpg
 
Фала момци Zlatikevichius buli13 сега за сега ми е доволно подучување ,знам од прилика што треба и како и да почнам едно по едно да спремам се по ред :icon_lol: Ако имам друга дилема пак ќе ве прашам.. Еве и слика од аквариумчето што го направив :) а уште нешто да прашам, кажете ми оваа ли е таа пумпа со две функции филтер + кислород , оти гледам има и некој си сунгер филтер ќе врше работа нешто или не го бива :DПрегледај го приврзокот 71920Прегледај го приврзокот 71926Прегледај го приврзокот 71927

Да, да, таа е. Таква е слична и мојата, само друг производител е. Ама не ти треба додатокот за кислород, верувај.
 
Планирам сега за сега да не садам растенија , за тоа ќе ми треба додатокот за кислород , само ми кажи одпосле ќе успеат ли растенијата во веќе активен аквариум ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom