Активности после полноќ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дојде лето, а со него и многу непроспани ноќи. Дали е тоа поради топлото време или е пак поради причината што навистина во лето е позабавно навечер, е нешто кое си го знаеме само самите ние.
Сепак, во овие доцни часови кои се вашите активности?
Седите на нет?
Читате книга?
Стоите на прозор и гледате во ѕвезденото (или какво и да е во моментот) небо?
Се легачите и размислувате за некои (не)потребни работи?
Ги споделувате моментите со љубениот/љубената? (да да, за ова последното подразбирам и секс:))

Јас обично си седам пред компјутер, слушам тивка музика и се обидувам да ги евоцирам добрите моменти од денот иако доста често знам и да забегам со напразното зјапање од прозор кон небото:)
Вие?:smir:
 
ехеее....ПЕС, табла, покер, филм, музика и бленење во празно, (бленење во празно без музика :))репризи од серии што иделе во тек на денот додека си спиел, Сузе шоу такоџе :), муабет на мсн со тие пар вампири од твој калибар што се будни на тешко небитни теми.
Ако дојде ептен досада ама ептен ептен може да се фати и да се поучи нешто.
Зависи од искуство синови се е ова навика, јас на пример сум спремн да скапам у крајна досада од која нормална психа пука само за да ја преспијам вруќината.
Нема поубав филинг од тој кога ќе станеш во 18, свеж и спремен за нови предизвици....т.е пак за чамење ко идиот до сабајле. :icon_lol:
 
Па мислам дека топлото време е во соодност со забавните ноќи поминати низ најразлични места што значи дека е тоа најголем случај кај сите нас во однос на поминатото време надвор :helou:
Инаку кога сум дома, седам на компјутер до покасно, и/или знам да останам на тераса со телефонот, или со некого и да уживам во глетката (бидејќи сум на високо).
 
После полноќ хмм гледам ТВ мсн нешто, се самосожалувам:kesa: ама тоа е веќе 90% од времето :pos2: си мислам на некои типчиња се прашувам каде сакам да живеам што ме врзува за МК како да киднам од тука, кој пат да го фатам, на бившиот мислам понекогаш и тоа ќе да е тоа.
 
Се фура летна шема, неспиење цела ноќ :)
Најчесто тепам време на форум и на мсн, со други ко мене и си слушам музика. Се случува и да гледам некој филм, а навика ми е пред да легнам да читам некоја книга, ме опушта...
 
Мизернооо.....Синоќа седев до 7 саат сабајле а после спиев до 3 попладне...Како што минува и сега времето гледам дека и вечерва ќе биде исто...Едноставно досадно, тепам време пред ТВ и компјутер, слушам музика, ќиснам на МСН, кулирам и да, се дрогирам со смрдливи цигари ...:toe:
 
Епа јас вака до 2-3 шетам низ град после дома лаптопот вскут телевизорот уклучен и се така до 6-7 сабајле
 
Дудлање од секој можен вид: форум,мсн,скајп,Гејсбук....Слушање музиче така понативко колку да си преди,плешење некоја игрица....Значи претежно активности поврзани со ПЦ.Ова за бош денови од понеделник до кај среда...Натаму се знае :smir:
 
Лето е.. не се спие нормално не сум легнал во темно откако не распуштија:)
До сега играв покер(со другарите кај мене дома), сега седам на нет слушам музика.. потоа ќе пуштам некое филмче и ќе дојде време за сабајле да одам да си го земам свидетелството:)
 
па најчесто сум излезен со другарите...дома кај 3-4 саат... се разденува... ретко у тоа време да се стаам на нет... и после саат два си легиња... дома коа сум тивка музика... ждерење дудлање и умарање на кој стигнам...било на МСН ли facebook ли... тоа е... :tv:
 
Не помнам кога сум си легнала пред полноќ. Ако имам обврски следниот ден да станам порано си легнувам 1-2, а ако немам максимум до 4. Не сакам да останувам цела ноќ и да дремам безвезе, а потоа да го преспивам целиот ден.
По полноќ ако сум дома најчесто гледам филмови и серијалки, ако не тоа тогаш си слушам музика, дремам и манијачам на форум и то. Ах да и креирам :icon_lol:. На мсн иако сум уклучена 24 саати ич не го користам во последно време.
А ако не сум дома, е тогаш уживам со љубениот :)
 
Станувам кај 3-4 попладне, ќе седам дома или ќе излезам до утринските часови, после пак на интернет до кај 6-7, ќе си легнам, после повторно спиење до пладне и така до крај на летото :)
 
Е лесно е лето после полноќ за ученици и студенти шо си завршиле. Ја после полноќ работам нешто тезга мезга, пијам пиво....А насабајле се тепам со саатот и со сите околу мене шо ме будат за да одам на работа.
 
ехеее....ПЕС, табла, покер, филм, музика и бленење во празно, (бленење во празно без музика :))репризи од серии што иделе во тек на денот додека си спиел, Сузе шоу такоџе :), муабет на мсн со тие пар вампири од твој калибар што се будни на тешко небитни теми.
Нема поубав филинг од тој кога ќе станеш во 18, свеж и спремен за нови предизвици....т.е пак за чамење ко идиот до сабајле. :icon_lol:

+1 нема што да додадам повеќе...освен што на моменти пуштам Nuendoto да рчнам нешто, додека разговарам со господинов за прилично битни теми од нашето секојдневие :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom