Какви бре заштитени сведоци, те читам, 2 дена ги трубиш.
СЈО моментално нема механизам на ниту еден сведок да му овозможи заштита. Што очекуваш да направат, да побараат од МВРО или од ДБК заштита на истите?
Ке ги бранат со земање на изјави како анонимни сведоци.
Нека не се заштитени, нека се само сведоци, поентата е иста. Јас трубам, ама ти дудлаш.[DOUBLEPOST=1474268953][/DOUBLEPOST]
Овој Ѓорѓе е ептен забеган, стварно значи Ѓорѓе, ептен си забегал. Не било доказ тоа што го слушаме Грујо како нарачува шамари. Го тепал ли некој Жерновски вика.

Абе Ѓорѓе бе, те потресол земјотресов јако изгледа.
Ако мислиш на мене, јас сум Ѓорѓи, анонимусу. Ако има прекршок, нека има и казна за „нарачување“ на шамари. Ама, мислам дека се суди за нешто сторено, а не за муабет.[DOUBLEPOST=1474269017][/DOUBLEPOST]
уставот го направија неуставен
Знеш дека во турско беше против законско да се крева востание и бунт против власта?
И за време на Тита беше.[DOUBLEPOST=1474269064][/DOUBLEPOST]
Најубо турците да ни се вратат нек стават свој чоек в скопје кој ќе ни суди и кажува шо и како да правиме
Дефинитивно сами не сме способни
Е, ова е така.[DOUBLEPOST=1474270310][/DOUBLEPOST]
Не се разбирам многу кој суд што одобрува, што процесуира, ама од досега што видов и разбрав од медиумите дека Талевски се уште си е во домашен притвор, така? Исто така разбравме дека СЈО донело 5-6 кутии со докази против него, така? Кривичен суд(најверојатно) одобрил мерка домашен притвор веќе мислам 2-3 пати х 1месец, врз основа на приложени докази од СЈО. Да биле само снимки како што велиш, судот нема да одобри, Ѓорѓи?
Да кажеме дека деновиве ќе има судење за овие 2 обвиненија, и ако едно барем од нив биде прифатено, ќе престанеш да сереш тука дека немаат докази овие од СЈО? Ако се докаже дека опремата или записите/снимките произлезени од опремата ги уништиле тој и тој со име и презиме, по наредба на тој и тој, дали пак ќе тврдиш дека нема докази?
Кажи ми зошто сега го одложуваат Пуч? Зошто го немаше Груевски денеска? Да беше случај на Зврле во корист на власта до сега ќе имаше и пресуда. Како до сега не им се слошуваше на судии за случаи каде што власта имаше корист да се отараси од неистомисленици? Уште што ќе смислат до ноември кога пак треба Пуч да почне? За да не се дознае воопшто ништо до пред избори така? Затоа беа сите овие заебанции со уставен, помилувања, делумни непомилувања, целосно непомилување, па уставен на одмор, па слошување на судија, па боледување на член на порота и сл.
Дали сфатија дека се заебаа малку? Мислеа Зврле ќе го води предметот ПУЧ па урлаа по сите телевизии со странски служби, комбиња базни станици. Сакаа приказната да им успее. Сигурен сум сега кога ќе почне пуч, во исто време ќе го спомнат пак Чауш, пак со него ќе прават бајки во смисол контра истрага/обвиненија од она СЈО што го работи со Пуч.
Што ако и тоа се докаже дека е млатење празна слама? Еве Катица вика спремни сме за судење, значи и за тоа имаат спремно докази. Што ако ги докаже сите тврдења на Заев дека УБК прислушкувале? Дали уште ќе тврдиш дека нема докази?
Знаеш ли кој ефект ќе има од МТВ кога ќе почне во вестите да ги чита имињата на обвинети за тоа и тоа дело, да кажува кога и каде што сториле, тој ефект ќе грмне низ цела држава, граѓаните деноноќно слушаа лаги од фебруар лани на сител и канал5 дека Заев, Верушевски прислушкувале, странски служби. Сега кога ќе почне да се слуша спротивното, ќе барате МТВ да ја затворат, како А1?
Убаво е да се води дебата на форумов, на културно ниво. Според тебе, јас „серам“, ама ти изгледа ги јадеш „срањата“. Ова, колку да го задржам твоето ниво на „дискусија“.
Кога нешто кажуваш, не го кажувај невистинито. Каде јас пишав дека некој немал докази? Пишав дека (според она што се „шпекулира“) е можно да се сведат доказите на сведоци, што мене не ми е баш веродостојно. Од каде јас да знам кој и какви докази има?
За Талевски па, баш и немам пишувано. Ниту знам, ниту имам поим дали има прекршок. Ниту коментирам. Имаше и за Заев, и за Дамјановски слични укажувања, но воопшто не ги коментирав, можеби има и вистини во тоа, но се држам настрана од партиските борби.
Ако е некој обвинет, не значи и дека е виновен, ниту и дека ќе биде осуден (прогласен за виновен). Па на МТВ може да се прочита нешто конкретно ако има пресуди, другото е се „во воздух“.
Е сега за „Пуч“. Од каде ингеренции на СЈО за преземање на овој случај. Нели СЈО е надлежно само за дела произлезени од
нелегално стекнатите прислушувани материјали? Овој случај не е од таквите. Немаш ли ти индиции дека сепак има „задна“ намера со преземањето на овој случај. Јас се сомневам дека е во функција за да не се осудат Верушевски, Заев... Не знам зошто ме прашуваш „Што ако Заев докаже дека УБК прислушувала?“? Секој прекршок на законот (секако, со докази во судска постапка) треба соодветно да се казни. Ако си ги следел моите пишувања, нема да забележиш дека некого го амнестирам од одговорност. Но, се мора да е според закон. Инаку, сето станува нелегално и нелигитимно.
Следен случај е оној со уништување на опрема (Тврдина мислам дека се вика). Од каде му надлежност на СЈО за овој случај. И овој не произлегува од нелегално прислушуваните разговори. Го има ли на некој прислушуван разговор? Ако го има, ама јавноста да не знае, тогаш ОК, ама разговорите колку што знам се за период многу порано од овој случај.[DOUBLEPOST=1474270622][/DOUBLEPOST]
Во право си. Не треба да ти се обраќаат со прекари. Најглуп е сосем доволно.
Гледам... и ти се срамиш од името, па си пишал прекар на форумов. Глупав (глуп е србизам, колку да знаеш) си ти, ама не ти кажуваат...[DOUBLEPOST=1474271167][/DOUBLEPOST]
Знам дека комплициран концепт е, ама доказите се за на суд, не за пред камера.
Така е. Затоа и СЈО треба да престане со „театрите“ што ги прави пред новинарите. Пред се, осомничените се невини додека (ако) не се прогласат за виновни. Кој би одговарал ако има ослободителни пресуди? Сепак, нарушен е угледот на тие личности. Затоа, доволно е да има соопштение дека е отворен нов случај, со кратки информации, без многу зборови пред камери, па нека се тера случајот.