Повеке од сомнително е уништувањето на опремата во МВР за следење на телекомуникации во период кога на јавноста и беше обелоденето дека се вршело незаконито следење на грагани,политичари,новинари,активисти,експерти,амбасадори....а истовремено имаше и обвинителна постапка против лидерот на опозицијата кој всушност обелодени дека власта незаконски прислушкувала.
Едноставно премногу е сомнителен овој потег на уништување на доказ со кој може да се докаже или побие факт дали е следено и со која обемност е правено бидејки дигитален формат колку што знам тешко се брише стопроцентно.
Во овој обвинителен случај се надевам нема пак некое жртвено јагне да осудат како што направија од она неспецијално обвинителсво/судот а СЈО се надевам дека имаат сведоци кои нема да си дозволат да бидат жртвени јагниња.